И јас гледам колку можам повеќе да се движам, не се осеќам тешко ниту имав/имам мачнини. Ние денес ќе се видиме со синко Ги бројам секундите додека го видам
Ама дека за прво си бремена затоа. Оправдано ви е. А и сега ако не уживате подоцна па ич. Затоа користете
И јас да ви пишам овде. Ја чувствувам бебушка повеќе од претходно, знае да биде нежна а знае и појако да мавне па да ми створи како нелагодност, не е некоја неиздржлива болка. Од раката на маж ми е мирна, у глобала е мирна, неможам да се пожалам, очекував рингишпил внатре, но не е за така до сега Течности доста пијам, гледам да внимавам на исхраната. Плус сум 6кг досега, мене многу ми се гледаат, зошто почнав со 76. Ама тоа е. 2-3 дена забележувам наутро кога станувам дека дланките ми се отрпнати и неможам тупаници да направам некое време, потоа попуштаат, почнаа изгледа отоците. Кај нас многу е жешко, без клима не се живее. Немам многу движење, тоа ќе морам да го сменам. Почнавме и со купување на стварчиња за бебушка, тоа ме исполнува деновиве- манијачење по интернет
Јас чекам овое бројкиве со коронава да се намалат и да почнеме поход по продавници да бираме со време колички креветчиња...си викам ќе отворат граници ќе почнат луѓе по одмори не се знае што ќе биде а не сакам друг да ми бира
Многу сакам и јас да одам по продавници, ама со ова што се крие кој е се болен не ми се ризикува. Само туку сликам и зачувувам слики. Но за поголеми работи како креветче, количка и јас би сакала лично да ги видиме. За облека може и онлајн, тие што ми стигнаа досега се мн убав памук. Некако сме "статус кво", ем ништо не правиме, ем времето си мине. Кога ќе ја видам апликацијата дека уште не цели 120 дена се до денот Д, сваќам дека брзо ќе поминеи ме фаќа паника, дали се ќе средиме до тогаш
Даа исто и мене а сепак едвај чекам некако. Јас за облека бев страв не страв отидов во продавница луѓето беа фини излегоа од продавница и не пуштија друг да влезе ја сама си бирав шпикозни и бодиња и ептен убаво ми беше и планирам пак така кај нив. Иако од интернет е супер и има убави работи пак ми се шета бира и купува.
И јас да се пријавам Некои денови ептен ја осеќам, ме клоца нежно ниско, а денес нешто е мирна. Сега ќе каснам благо, малце да се размрда Сеуште не сум купила ништо за неа некако ми е рано, само разгледувам по страни, едвај чекам да почнам да шетам по продавници
Имате попуст во Окаиди, јас си порачав онлине по 600-900 има шпикозни и преубави се؛ Инаку јас сум 24 и 3 дена и мојата доста клоцка ама не боли Денес докторката ми каза дека е карлично поставена ама се надевам ќе се намести до крај؛
Ах,ах уште од сега почнавте да се жалите од жештините, тешкото допрва доаѓа Овде пак обратно, почнав да вадам блузи од плакар а навечер барам и кебе, дождот никако да престане. И мене ми здодеа од вагиналети ставање ама мора. Мислам дека од нив и нормално од одмор се продолжи цервиксот. Оваа бременост маж ми ниту ја има видено бебла (заради вирусот) ниту пак ја има осетено како да се крие од него, го избегнува бе уште од сега хе,хе. За пазарење мене се уште рано ми стои, со душа чекам во трето тромесечие да влезам па потоа ќе ја мислам на раат. За сега немам големи проблеми околу спиење и движење, поправена сум 2 кг (25-та недела) се надевам така ќе терам до крај.
Јас сум полна со работи од првото дете ама пусти мерак пак купувам и пак се жалам што ќе правам со алиштата. 22+3 сум, не сум се качила на вага ама се осеќам дека сум поправена бајги. И мене ми е криво до сега не сум го видела бебуш, едноставно никако не можат да го фатат лиценцето. Имам некои болки деновиве, како притисок на карлицата и препоните доле, ама ваљда нормално е.
Сега не се ни шета по продавници не можеш на раат да прошеташ ти им викаш само да разгледам не ми треба помош они во врат ти дишат без осет се некои најубаво онлајн да си нарачувате
Многу убави работи имаат ама ништо летно За тие со термин како твојот, топ им се работите. Ама јас ништо убаво и летно не можам да најдам низ интернетов.
Во Стружанка имаат тенки бодиња 250 денари им се во комплет со лигавче 60 денари. Јас така купив на долги ама тенки се и плус на кратки имаат. Многу им се убави
Јас па се на летна облека налетувам по интернетот, види и во tilla имаат многу убави летни работи. Јас штом ќе ми се појави по интернетот ќе ти пуштам линкови, скоро сите имаат оналјн достава
Важи, обавезно. Сакам некои едноделни комплетчиња. Има да се видат online? Одиш по продавници или online? Ps: На Tritex ми се многу обични, тие може за спиење.