Одам по дуќани, инаку ова од искуство со првото дете. Вајкики, Зара, Breeze, Симини и Окаиди еве како нови се и за второ бебе. Тритекс ми се ужасен квалитет.
Мислам немаат онлајн стружанка ама јас кај нив ни 5 мин не се задржав ми извадија што имаат одбрав и готово. Отидов 5 мин пред отварање влегов прва. А и за мене често купувам долна облека од таму некако се им е убаво во стружанка и прекривки имаат и навлаки
На овие ли мислиш? Гледам 3 само вида од 16еу. Или некој друг сајт има? Стварно им се квалитетни во окаиди јас за внукот се од таму му купувам
Е убаво, ама јас не сум од Ск и сега со коронава и жешково тешко дека ќе шетам Ама здравје може кога ќе одам на контрола па да се рашетам.
Оди на сајтот на fashiongroup и одбери бренд окаиди и порачуваш,бргу стигаат и имаат убав попуст,јас скоро за ќерка ми порачував работи.
https://www.fashiongroup.com.mk/proizvodi/obaibi/devojcinja uniseks/page-11 Од оваа страна на Fashion Group, достава над 1000ден е бесплатна؛ Има и подебелки и потенки, јас земав од двете затоа што терминот ми е крај на септември па да имам подебелки؛
Јас нарачував неколку пати онлине од Бомида. Предобар им е памукот - турски се. Имаат и летни комплетчуња, видете на фб или инста. Од Тритекс неколку бодиња земав, изгледаат ок, @eli.karameli пиша погоре дека се со ужасен квалитет - зошто? Се собираат во перење, потат...?
Ракавите им се многу тесни, на сите модели, памукот бледее и воопшто не е мек, кога вадам од сушара како ѓон се. Чорапите потеа многу и ја стегаа на ноџињата мојава. Скапи се а ете воопшто не сум задоволна од нив.
Скроз обратно искуство имам јас со тритекс, ете на внука ми сите бодиња и ги купив од таму. Имаа и други но сите избледија, се развлечија, сменаа боја. Овие од тритекс се сеуште со иста боја, растегливи, без проблем за облекување во пределот кај рачињата и сеуште ги имаат. Брезе исто им се покажа како одличен квалитет. Како различен тритекс да сме имале јас и ти Секој различно искуство има, нашето ете добро е, и само од тритекс јас ќе купувам и од брезе, така планирам
Затоа совет купувајте прво по малку за проба. Инаку одличен квалитет на бодиња ми се погодија на George од tiny baby shop ги нарачував.
Девојки споделете искуства за втор скрининг кај Димчев во Систина Треба да го правам за 2 недели па сакам да слуснам искуства
Моментално сум 24 и 7, и до сега бебушка беш доста активна؛ Но од утрово ништо а и цела вечер не спиев добро затоа што беше мирна (вообичаено достљ клоца) и беше како рипка да плива во стомакот؛ Се загризив, има؟ли некој со вакво искуство? Дали да го барам гинекологот?
Пробај прво најади се благо испиј кафе или кока кола ако имаш легни на грб и почекај да видиш дали ќе се активира. Литав дека спијат 12 до 14 саати може се погодило да е помирно
Искрено јас 3 дена воопшто не го осеќав почнав да се загрижувам дури дали е се во ред после третиот ден почна по малку да мрда и пак си беше активно прати го кои денови е активно а кога по малку така ќе знаеш кога расте за да не се грижиш мене вака два пати ми се случи и се си е во ред
Ајде ќе почекам؛ Еве и благо ќе каснам ама ме зачуди цела вечер активна ама мали؟удари не какошто знае