Како што ти кажа и Милкивеј земи убава чоколада касни си кафе,кока кола и легни на лева страна и мирувај...кога си ептен одморена највеќе се осеќаат движењата
Да искрено толку мрзливи што ги мрзи и да клоцнат ама затоа после тоа и во желудник ќе ти се качат слатки маки
Јас од искуство ќе кажам зависи од бебето првото (девојче) беше многу мирно и не ме клоцкаше толку а еве сега второ (маже) веќе сум скоро 39та недела и не престанува цело време клоца, се превртува, мислиш фудбал игра во стомак Гинекологот еднаш ми спомна демек такви се машките по силни демек хаха (што и некако држи вода муабетот зошто некое клоцање ептен ми е болно или со ноџе кога ќе ме шутне)
Изгледа држи вода и јас имам машко друхарка лани роди момче и се жалеше дека ја боли. И кај мене сега во 22ра кога ќе удри знае да здоболи не е веќе она нежно нека клоцаат да не не фаќаат паники
Ајде добро дојде супер ќе се чувствуваш 16та имав крорења а од 18та почна нежни клоцања од 20та веќе секако убаво и редовно се осеќа. Се е индивидуално јас јадам благо доста и пијам кафе па кај мене е поактивно тоа не значи дека ќе е сегде исто
Значи за две три недели, леле едвај чекам. Иначе мачнините ми се смирија малку, ама сеуште имам повраќање наутро. Килажата сеуште ми е иста. И мене ми рекоа можеби е машко ама сеуште не е сигурен докторот. Следната контрола сигурно ќе биде сигурен.
И јас до 12та не се поправив многу ќе почнеш сега нагло лога ќе ти се отвори апетит е подруго и кога ќе можеш да јадеш нормално Нека е живо и здраво ајде ќе чекаме да ни потврдиш
Кај мене не клоца, движењата се како балерина да е внатре, удари со клоци не сум добила. Забележав кога зборувам гласно, или се смеам на глас и таа се јавува. Како да се вклучува во дешавките
Чудо се бебушкиве, мојата а пуштам музика салта прави внатре Кога ми кажувале трудници колку е убаво чувството искрено не им верував, ама сега секое нејзино реагирање ми пушта солзи радосници
И јас од 16 недела убави удари осеќам. Сега веќе и многу почесто. Втора бременост ми е и сум заборавила дали и првото го осеќав доле под папок 23 недела сум и приметувам ми почнаа болките на срамната коска. Со првата бременост во 9ти месец се мачев со тоа, сега изгледа сум подебела.
Јас од утре сум полна 14та и јас ви се приклучувам Едвај чекам да почнам да го осеќам мислам дека тек тогаш ќе бидам мирна, инаку лошење и повраќање сеуште имам и најважно од се маженце е
Jас сум 18та, ништо немам уште почувствувано а одвај чекам Индивидуално е. Килажа не качував воопшто до 13 недела, од тогаш 2.5кг имам ставено.
Има ли некој проблем со вртоглавици? Не знам како да се справам, а не смее да се пие ништо од лекарства.
Во врска со кревањето и напрегањето, не се плаши. Јас имам физичка работа каде понекогаш треба да креваме луѓе, од доктори и бабици добив зелено светло во смисла сѐ што си можела пред бременост, можеш и сега, нормално не да се пренапрегнеш. Јас пазев колку-толку ама пак дигав и влечев. По дома уште го м'кнам намештајот кога сум сама, разместувам, преуредувам... Самата треба да си процениш колку можеш и до каде ти е границата, а и самото тело ти кажува. 24та недела, карпалтунел синдром на рацете, спијам на рати затоа што ме мава с'клет, уморна и се задишувам брзо, ама не се предавам. Досега имам качено 5 кила и страв ме фаќа затоа што во бременоста веќе влегов со голема килажа. Пешачам и движам колку можам, не дозволувам уморот да ме совлада. Јас имам, ама читам секаде дека е нормално. Бабицата ми рече кога ќе почувствувам така, да седнам/легнам и одморам. Обавезно проверувај притисок, шеќер и крвна слика, да елиминираш некој проблем ако има. Мене досега никој ми нема измерено цервикс, прв пат читам на темава.