Најверојатно гледа на абдоминално ако нешто не е во ред па и вагинално да ти измери за по точно сигурно до толку се обучени да видат и проценат
Врсничките колку мене да ве консултирам. 24+2 сум, колку често ги чувствувате бебињата? Вчера во текот на денот чувствував неколку пати. Потоа вечерта не забележав и денес не забележувам движење. По колку време би можеле да мируваат и спијат? Немам ни болки ни ништо, незнам зошто не ја чувствувам. Не дека кој знае колку мрдаше претходно, ама па и волку да ја нема да не се глупирам да отидам утре на ехо, за оваа работа
Кога се движам скоро и да не го чувствувам. Навечер кога ке легнам така ке избуричка. Но дека ептен е активен не е. Така неколку пати на ден и јас ке го осетам строго во мирување. Ако ти е мисла напиј се кока кола и легни на страна ке се јави.
Јас нон стоп го чуствувам. Кога јадам, пијам кафе, благо кога јадам мислам ќе излезе од стомак. Трае околу 10мин и се смирува, после се активира ноќно време, почнува пред спиење до сабајле мислам. Знам 13-14часа може и да не го осетиш. Со првото дете бев како тебе, многу послабо се јавуваше. Пробај со кафе, благо и легни малку на грб види дали ќе се јави. Мислам да не паничиш за на ехо.
Порачав кока кола и чоколадо да ми купи мм сега од работа кога ќе си иди.па ќе видам. Инаку лежам и на грб и на лева страна, веќе 2 часа и ништо. Ај, не паничам
Не се секирај јас 3 дена ни малце го немав осетено да мрдне почнаа паники да ме фаќаат ама после тоа се јави со послаби удари и од тогаш навака само шета низ стомак мислиш ќе искочи низ пупаков
Леле знаеш дека за истото се мислам да пишам од вчера ама викам ај да не паничам. Од вчера како нагло да се смени бебево. Сабајлето беше ок цел ден ништо па се најадпв благо вечерта ме расклоца и се смирив. Денес пак сме исто. Ама штом те прочитав тебе и другите сега ок посмирена сум. И кај мене вчера 2ч лежев ништо душава ми подизлезе
Јас уште го осеќам под папок. Се мислам веќе треба погоре да се качи. Вие кај ги осеќате бебушки најмногу?
И јас доле го осеќам под папок ама знае деновиве и накај ребрава да отиде али по ретко е тоа али мерак има на бешикава парче ја прави
Доле доле ептен во бешика. А наместено е замисли со глава доле а газот кај папок му беше во понеделникот. А јас ептен ниско чувствувам удари. 22 по ехо сум
Леле јас нон стоп на различно место осеќам, погоре-подоле, лево-десно, те према надвор те према внатре, некогаш и мнооогу ниско. Али секогаш е под папок. Јас 20 та сум.
Добро е да не паничам чим сите под папок уште ги осеќаме. 1 јули сум на преглед, собирам прашања за докторката и кога ќе влезам кај неа како на испит ме фаќа трема и ништо не ми текнува да прашам а за бешиката ич да не ви кажувам, му го собирам само нека се роди жив и здрав ќе види...
Се јавиии, пола чоколада изедов и пола чаша кока кола испив и се јави неколку минутки. Добро е се очекувам дека колку повеќе ќе расте повеќе ќе ја чувствувам, ама не било така. Инаку движењето е под папок лево и десно, и над бешика. Нагоре не се качила, а меше е пораснато. Благо не јадам обично, ниту кафе, ниту кока кола- се ли вака ќе ја будам
Уште од сега се гледа мака мајкинска Прво викав да помине 12та недела па после ќе сум по раат После викав да почнам да осеќам клоцање и нема да се секирам ќе бидам раат и еве не било мислам коса ќе ми обеле некој ден Инкога ќе ми речат уживај сега во бременоста ...што уживај само нешто ќе те поплаши бар добро е форумов го имаме иначе секој ден кај матичната ќе ѕвонев
За движењто исто и кај мене. На два пати ми се случи да не ја осеќам скоро ич во текот на денот. Последен пат беше минатата недела кога и јас како @Alishan30 бев 24+ не помагаше многу ниту благо ниту кока кола и кафе. Прочитав некаде демек тогаш растеле, се потсмирив малку, сака да си стави некој грам на мира и не ја закачам
Јас вчера осетив како тупкање во едно место долу, под папокот накај десно. Ама така осетив и пред 2 недели ама само еднаш и од тогаш ништо. Веројатно ова вчера беше бебе А баш се изнајадов чоколадо хаха. Еднаш, два пати беше, ама еве па денес не сум осетила. 18та сум. Може и рано е за класично и секојдневно чувствување, па не паничам.
Јас така во првата бременост се имам испаничено накај 25-26 недела мислам беше ,почнав да плачам дека нешто не е во ред и мм ме однесе на дежурен во Ремедика и докторот ме гледа на ехо и ми вика,еве си мрда,не знам зошто не осеќаш,па се смирив.
Здраво, 13 + 2 сум денес и мислам дека стомакот почнува да ми се познава по малце, но многу ме чеша? Дали е тоа поради што се шири? Може ли нешто против чешање да користам?