13та недела и мене многу ме чешаа стомакот и градите. Не можев ни да спијам, станував ноќе се миев со ладна вода од што ме чешаше. Како воспалени ми беа градите особено. Се мачкав со маст од невен и со крема бепантен, помина за неколку дена. Изглеа фаза е, не ми се појавија стрии.
Фаза е, мене ме чешаше цело тело, не можев да престанам да се чешам.. Градите ми беа и мене воспалени, гореа... матичната ми кажа да ставам ладни облоги со ациди борици.. помагаа моментално, но сепак требаше денови (недели) додека престанат...
Мачкај се со лосион против стрии или ако немаш во моментот нормален лосион за тело .Се хидрира кожата и се намалува чешањето со лосионот.
Луѓе немам гадење и повраќање два дена, мислам дека е готово со тоа и апетитот ми се покачи катастрофа. 13+ 3 сум и имам 58 кила и немам покачено ниту едно откако сум бремена. Кажете ми некој совет ве молам да не се здебелам премногу како да се запазам. За движење се движам многу значи цел ден сум на нозе исто пред два дена видов бремена жена како вози велосипед па ми беше мотивација. Некои други совети?
Сум чула дека велосипед е строго забранет во бременост. Најдобро консултирај лекар пред било што да правиш. Инаку мој совет повеќе на здраво: салати овошје и јади си нормално не се терај по тоа дека требало за 2ца да јадеш. Битно да не се изгладнуваш а да исфрлиш се што е нездравк и дебелее како сендвичи бели теста слатки грицки и нема потреба од друг режим
Мешковци да ве прашам Дали ве боли папокот? Овие денови знае да заболи дека се тегне кожата изгледа и нели треба нанадвор да излезе? ..поима немам ни јас така ми викаат околу мене луѓево...Кај вас како е?
Може ти се затега кожата затоа те боли. Не ми излезе само ми беше затворен и ми се врати во првобитна положба. А сега ми е голем како кратер. Незнам што му е
Да и кога пешачам осеќам притисок не е тоа кузнае каков ама пак нелагодност. Кузнај дали излегува или се шири ама многу ме вадат од памет вакви работи
Баш... ама се е нова промена,на се внимание му обрнуваме а и доста промени се случуваат. и за се ке ти речат е нормално е.
Па еве во петок сум на контрола и како и секој пат кога ќе ја прашам А овде ме боли А ова ми е вака и само тоа е одговорот Нормално е
Velosiped vo bremenost ne se preporacuva a za kilazata jas dokrajot na bremenost kaciv samo 6,7kila a bebeto se rodi 3400gr
Внесувај повејќе протеинска храна. Јагленихидрати на минимум. Јас оваа бременост сум активна,немам апетит,поврајќав до 16та недела,јадам два пати само трчам со бебе од 1 година и до сега еве 22 недела имам 6кг накачено. Прашав зошто качувам толку одговорот беше ради хормони и задршки на течности. Има жени не качуваат има некои ете одма качуваат. А за првата бременост бев 23кг плус.
Од петоков официјално сум 13+1 скоро 13+2 нема нешто поубаво од вакво мало суштество кога ќе го видиш
Јас успеав да закажам за прв скрининг во систина дали има некоја искуство кај докторката Снежана тимчева
Мешиња вчера се растревожив цела ноќ. Почна реброто десно и позади и напред да ме боли. Ме измасираа ме намачка не бе боли корне. А јас сум се задишала како локомотива. Го будам мм по втор пат викам не ја бива носи ме негде незнам каде. Само што се облековме бев до тоалет валјда се смирив со помислата ете ќе ме видат. Па си викам ај миле паника седни и размисли сега ако е ништо и ова ќе си ги фрлите парите за бебуш по приватно. Викам кочи се ќе седнам вака изгледа седејќи помалку ме боли. Го стишав дишењето скроз плитко и сум заспала облечена за надвор битно спремна. Денес ме наболнува ама не ептен. Значи тешко на моите со мене до крај на 9ти.
Оф оф добро што ти прошло да земеш нешто јога за трудници да правиш да се истегнуваш по 20 мин ако веќе не можеш да пешачиш?
Па денес тоа ќе гледам да почнам. Ќе побарам некоја апликација. Ако знаете некоја добра пишете оти спас ми нема.
Јас барав сите ми се глупи има една што држи Јога Yogawithmartinaa на инстаграм се канам да почнам кај неа за трудници е. Требаше да одам на часови ама коронава фати.. Чекам и јас ако предложи некоја добра апликација не ми се даваат 1200ден и се часовите
Prenatal yoga Down Dog во Play store. Имаат 22 дена бесплатен пробен период. Сега завршив со вежбите и подобро се чуствувам.
Не знам зошто кај мене не ми даде бесплатен пробен период баш мин недела ја имав инсталирано ќе пробам пак фала