Девојки ,19 недела и 4 дена сум Последниве неколку дена имам премногу силни болки во битовите,односно коските околу задникот најчесто при спиење.Матичнава ми пиша detrical д3 таблети и магнезиум од 250 исто таблети.Некој со слично искуство?
Нормално е се шириш со магнезиум треба да ти се ублажат болките,мене дури ми трнеа нозете одобено навечер дека на страна спиев сабајлето не можев да мрднам дури ми се плачеше али али после една недела стивнуваат болките
Мене ми дадоа да пијам 100мг аспирин претпоставувам дека заради намалена физичка активност совет што мислите
Јас пиев аспирин 100ка на три дена до пред една недела. За циркулација е. Дека не се движеме. Пред некој ден првпат испитав хемостаза и д-димери. Добри беа резултатите. Мислам заради аспирин што си пиев. Следен пат дури на 22ра недела ќе проверам пак ако има потреба од терапија.
Лани во грција во приватна вила бевме и имаше трудна Германка и после неа уште една трудна од Русија се утепаа бањање не излегоа од базен. И ја знам дека не смее ама ми изгледаше како во МК да се едни препораки а на овие по Еу како друго да им кажуваат. @BabyD0ll знам дека живееш во странство доктор ти има ли нешто кажано за базен?
Јас знам дека не смее,дека може бактерија некоја да се фати. Со мм цела бременост одевме по хотели, тој да се бања. Јас ко гревче го гледав само. Не влегов
Гарант мислеле дека во нашиве базени ставаат од таа течноста ако се измочаш па се утепале од бањање стандардот тука и таму е далеку по различен...а и едно не ми е јасно нели хлорот ги убива сите бактерии не би имало логика да е забрането
Meне ми се јавија пред некоја вечер грчеви во двете нозе навечер дури спијам дури ме разбудија од спиење, ама ота дека не се напив магнезиум преку денот и ете одма реакција. Да се чуди човек колку да ти помагал магнезиумов. Да си прашам јас, по колку благо јадете преку ден бе женски? Ми е страв да не претерувам понекогаш а што да правам кога ми бара душава. Сега ќе речете ако ти бара душата јади си, ама јас да прашам по колку е нормално да се јади. Еве пример денеска изедов 1 парче торта, 2 топки сладолед и кроасан на работа јадам сега. Утре ќе намалам.
И јас јадам многу благо. Не секој ден по многу, ама нема ден да не јадам нешто. Тука и овошје рачунам дека и во овошјето има многу шеќери. Секој ден тоа јадам, за доручек најчесто. Гледам да е поздрава варијанта, на пример домашни сирови бомбици од јатки со црно чоколадо, путер од кикирики... или па некое кекси како оние на бевита, тие обично со кафе или со смути за доручек ги јадам. Од такви благи ќе изедеш помалку, ќе те заблажат и ќе те заситат. Досега шеќерот не ми бил повисок од 5, ќе видиме скриен шеќер кога ќе испитувам. Општо во бременоста многу ми се јаде благо...
има нешто. Па да ја па ги глеам се чудам тие битно си се изнабањаа изнасончаа како сосема нормално. И ја знам така за хлорот. ај некоја што е по странство со живеење и поупатена може ќе не расветли Ја секогаш си јадев благо ама сега мислам ќе приумрам дома благо ако нема. Мора да има кекси наполитанки чоколадо сладолед и многу ми е страв од тоа скриен шеќер има денови пазам ама други денови многу ми бара организмот благо
Леле и јас после ручек обавезно нешто благо јадев, ама сега ме ставија на диета, што ли ќе правам не знам
Пробај со овошје, лубеница, јагоди па дури мозеш да си правиш здрави бомбици со смокви, урми, ем здраво ем благичко؛ Јас благо не јадам, не ми бара организамот а и никогаш не сум била нешто по благото, ама овошје си јадам