Тоа си јадам башка обавезно без овошје не ми поминува денот. Мора да најдам рецепт за некои такви благи што се поздрави а и вкусни имаче не бива
Да денес бев на контрола, се е во ред само јас што не сум подмрдната со килажава (ама ништо не рече за тоа) 14та недела беба е 9цм и е машко. За на базен рече можам да одам, планиравме со мажот ми денес ама јас се премислив зш ми е страв од бактерија, не за друго сама ќе се намачам после. Тоа е тоа. Мило ми е беба да е здрава и се да е во ред.
Супер баш ми е мило. Епа кај нас доктор ќе ти рече Не никако не смееш а по странство викаат Слободно. И кузнае кој е во право за килажа не се секирак јас од 14та почнав нагло да качува сега 24та стагнирам
Јас морам да се пожалам 15+2 сум, престанав да повраќам ептен се воздржувам ама мачнини имам ептен, посебно ако ставам нешто благо во уста дури и од цеден сок или овошје. Чаре има некое?
Абе и јас се водам по нашиот систем затоа и не бев на базен, кај нас исто и за секс ти викаат не смееш, мене ми беше срам да го прашам докторот за то и не го прашав и како што читам тука, првите два месеци без секс си ги поминав. Кога влегов во второ тромесечие само еднаш имав и планирам да имам сега, ако имаше проблем сам ќе ми кажеше докторот.
Пази се какво овошје јадеш, киселини ти прави внатра и повеќе повраќаш. Јас ете многу од праски повраќав ама ќе цркнев ако не изедев и ден денес. Сок од цвекло цедено пиев, како ме измачи таа вечер значи толку многу кисело повраќање во живот немам имано. И види мора да се движиш многу, јас кога ќе дремнам и кога ќе се разбудам ми доаѓа да се обесам од толку што ми се гади.
Тоа ти е најголема грешка, ако не ти рекол гинекологот само да одмараш, мора да почнеш да се движиш повеќе подобро ќе ти е. Јас сум активна цел ден, не можам да седам нервоза ме фаќа, докторот не ми рече ништо да треба само да одмарам и да лежам и јас си продолжив како и секогаш да сум активна. И аман кај ми спомна овошје баш сега навалив на праските, ако повраќам вечерва знам кој е крив
И јас пишав пред некој ден. Заборавив магнезиум да се напијам и истото ми се случи. Како модрица ми искочи,а може и капилари се. Блазе си ти да ти кажам со благото, јас сум со гестациски дијабет.
Добре дојде во второ тромесечие За килажата не се грижи, и да не качуваш воопшто нормално е, секако на крај најмногу се качуваат килограмите. Другарка ми качи само 6 кг до крај, а јадеше се и плус и претходно беше слаба, немаше вишок килограми. Јас до 13 недела бев минус 2 кг, а од 14та почнав да качувам. Сега во 19+4 сум плус 3 од кога ги симнав тие 2, а 1,5 кг од почетокот на бременоста.
Jas sum 15+1 dali imas nekakvi simptomi kaj mene sve iscezna nemam gadenje ,nemam tegobi vo stomakot duri mi cudno...
И јас сум 15+1 и веќе од 8 недела немам никакви симтоми, буквално како да не сум бремена. Се си е тоа реалативно а и нормално
Уживај додека можеш уште неколку недели и гасови ќе имаш и бебушите ќе почнат да мрдаат да шутираат навечер нема да можеш да спиеш сега движи колку што можеш и гледај да не качуваш премногу на килажа зашто тебе ќе ти биде потешко особено со две внатре