Имам мачнини баш тоа се жалев, посебно кога благо ќе каснам или овошје едвај се воздржувам да не повратам
Девојки Почнавте ли со притисок мерење? Какво апаратче користите? 2 пробав ама некако не ми мерат точно овие дигиталниве многу ми е слаба раката горе кај мускулот(зборам за апарати што се ставаат над лакт не од оние на зглоб) и мислам ради тоа не ми фаќа убаво и не може да измери... Некој предлог за асален?
Тој што е со жива е нај точен од сите, дигиталните покажуваат не точно. Јас имам за на зглоб три пати по ред мерам три пати различно покажува. Или земи си обичен со пумпа така најубаво би знаела
Најдов слика мислиш на ваков така? Знаеш ли во која аптека може да има или продавница да не лутам по сите Ај ќе барам таков по аптекиве јас мислев не ги ни продаваат веќе
Нема живин да се купи. Него кога ке почне да пумпа ке го држиш со другата рака. И на болница кога ни мерат со живините тие манжетни мислам ги викаат се големи па додека напумпа ни ги држат со другата рака бидејќи на сите ни паѓаат.
Мене не ми паѓа ептен е зацврстено ама пак ми е широко и не ми ја мери убаво раката не ми ја фаќа. Ама ќе пробам прво така кано што викаш да го држам стегнато со другава рака да видам дали ќе има ефект некој
Јас имам обичен со пумпа од претходната бременост. Е сега не знам да си измерам . Маж ми ја доби задачата. Ама пошто работи, ништо од мерењава,само чат пат.
Претежно низок притисок. 110/70, 100/60. Еднаш ми беше 90/50. Се напив кафе и сепак легнав да спијам. Ми помина кога станав.
Јас имам како твојот вајда. Мојот е на Geratherm. Знае да ми покаже различно ама не некоја голема разлика. Пример денес, 115/76 па 121 со 80. Си викам вајда ако е покачен ќе покаже До 34та недела мерев ептен ретко. Деновиве гледам на ден два да мерам, така и прочитав по странине за недели во бременост дека при крајот треба почесто да се мери.
Еееее, мене коа ќе ми дојде 90/50 за нормален го рачунам. Цело време ми е просек 80/40 знаел и понизок да биде (мерам со АЕГ, дигитален ама на надлактица мери, точен 100%). Се изнервирав што ми е низок и веќе не го ни мерам.
Не сум ви пишала скоро, па да шкртнам малку. Бев вчера на контрола, бебушка е добра. Ударите се посилни и добро ме боксува, има сила сега, па и посилно ја осеќам. Околу 900гр ја измерија, другото во ред беше. Одговара за неделите. Цервикс се подобрил 35мм, а ништо посебно ниту примав ниту одмарав. 25 ипол недели сум и сум 6,7 кг поправена. Апетит имам многуу, се трудам да не надминам многу И јас мерев 1 недела со сендо апарат, не ми е проблем мерењето, си запишував во табела. До 130/85 максимум ми дојде. Обично 120/80 ми покажуваше. Чудно е што пред бременост за мене 140/100 беше редовен и нормален притисок, ваљда од стресна работа, и од проблем со инвитро и мислачки. Потоа е се нормален И тоа, друго незнам што да ви пишам. Маж ме изненади со подарок кој го нарачал онлајн, баш ќе го сликам да го пуштам во соодветната тема. Гледам креветчиња, комоди и колички, ама само гледам онлајн, страв ми е со вирусот да шетам по продавници. Нарачав и перничиња украсни, ги чекам да стигнат следната недела. И тоа е, мешиња. Отоци забележувам по раце и нозе, димери и притисок во ред, протоци во ред. Гинекологот ми кажа да ги сметам за нормални штом се друго ми е во ред. Ваљда од жешкото време ми се Поздрав до вас, уште малку и ќе одиме во следната група, возбудена сум
Имам и јас таков сличен како твојот (сега го изгуглав) и тој се мерам ми дава 70 со 40 или 60 со 30 а не верувам дека е можно да ми е толку. Ќе осеќав да ми беше толку низок ниту вртоглавици имам ниту главоболки се движам не сум поспана итн..и затоа се сомневам дека не може да ми ја стегне раката убаво. Ние веќе набавивме количка чекам промоции/попусти и одма земаме. Не се плаши рано штом отворат продавници никој не оди. Со продавачка на 2м она маска ти маска и толку. Мене ми е страв дека ќе фатат жештини и нема да можам да шетам. Дури и денес веќе ми беше тешко надвор а и да ти прва ќе ја сефтосаш трето тромесечие па после доаѓам и јас
И јас почнав полека да се спремам,може рано е ама ајде од кеф по нешто зедов Зедов аспиратор за нос беше намален од NoseFrida, во плаво пакување е. Majкиве кога ќе дојдат во аптека него го земаат а не тие од бејбинова што се како со пумпица па внатре да се собираат мрсулчиња и да се ствараат бактерии.Овој е многу полесен за употреба и похигиенски, без таква пумпица и лесно се мие и стерилизира. Зедов и oд waikiki едно боди на долги ракавчиња. И за мене една блуза бела на кратки пишува на неа eating for two, баш е слатка Ми зела мајка ми чорапчиња 3 во пар убавки и биле. И се мислам на една кадичка од DisneyMacedonia на фб иммаат страна, во комплет оди со чашки за потурање држач за сапун,вкупно 5 дела. Пишува дека коритото е долго 80цм, што мислите таман ќе е? Да не треба после по 6 месеци кога ќе потпорасне ново да купувам оти не планирам , и ова е доста скапо за када 1400 денари е а обичните кадички без додатоци се по 700. Деновиве сакам да земам една подлога за пресоблекување,од едната страна е памучна а од другата е најлонска, ептен лесна за одржување, една другарка имаше таква и презадовлна вика непорпуслива е за по гости измислена е. Не земам сега од поцврстите подлоги за пресоблекување ќе почекам да видам дали ќе најдам во комплет со количката да ја земам. Имам видено комплети: количка, транспортер и подлога за пресоблекување,се исплаќа.