Женички бебенцево мое почнав да го чиствувам деновиве поинтензивно.20 та недела сум.Ама некако мн доле го осекам кога си мрдка,баш како во бешика да ми мрда.Нормално е толку доле да го осекам во оваа недела??
Кога за првпат почнавте да осеќате преткање? Јас имам пеперутки еднаш-двапати на ден од 17та недела ама не секој ден. Еве во 18та се смири и тоа, ништо нема, ама ниту еден удар за да кажам со сигурност е бебето. Прва бременост и плацентата ми е на заден ѕид. Правев ехо пред две недели, нетрпелива сум да го осеќам.
Немам и јас класични удари, 19+5 сум. Мислам дека е рано. Јас прв пат осетив во 16 недела и тоа еднаш беше баш како рипче, а следно осетив дури во 18та. Па неколку дена немаше ништо и оваа недела веќе секојдневно чувствувам како мускули внатрешни да ми играат под папокот и си велам веројатно бебето е, некогаш до поголем некогаш со многу мал интензитет и најчесто кога седам и лежам. Во движење кога сум, не осеќам ништо. Мислам дека после 20та, 22 недела веќе поубаво и посилно ќе се чувствува. Јас имам плацента на преден ѕид и тука по форумов читав дека покасно може да ги почувствувам ударите.
Јас сум 26 недела и сеуште го осеќам доле повеќе бешиката му е омилена парче ја прави, а не го носам ниско али така си е наместено со нозете После 22ра недела ако не и покасно почнуваат убавите удари и знаеш дека е бебето имаш време некогаш и навечер нема да те остави да спиеш од што ќе удира
Мене не ми е јасно какво е тоа чуство прво. На моменти осетам тап удар или како затегање на мускул. На моменти нешто како гасови. Му давам фора до 22ра да се изјасни убаво. Вака игнорирам се и препишувам на црева и гасови. 19гн сум.
Тоа е, само уште мало е. Мене ми стана јасно дека е бебе дека се јавува веќе скоро секој ден и плус од муабети со други жени што правев За прав ударац ќе си почекаме малку да потпорасне
Дури во 24та на крај и сега во 25та недела можам да кажам дека се удари. Реагира на гласови или на допир, или во гужва, на музика погласна, кога се смеам на глас. Претходно беше како рипче. Ударите беа првично под папок лево и десно, сега се веќе во ниво на папок од двете страни, наизменично е, можно е и во исто време на две страни да ги има, ваљда раче и ноџе, се тегни На заден ѕид е и кај мене постелката.
Мене никој не ми спомнал за мерење притисок Сакав да ве прашам дали може да се мери гестациски дијабетис во Авицена... да не знаете колку чини?
Мене ми мери докторот од 7ма недела. Сама до сег немам мерено, јас имам нормално и низок притисок и не се замарам многу.
Ептен ради ситуацијава со корона тука е многу влошена инаку ќе одев и јас кај матичната да ми мери. А никогаш додуша не сум мерела еднаш само на итна кога ми се слоши ми мереле.. Ќе се најде чаре некое
Јас ништо немам купено за бебето. Да шетав повеќе, немаше да одолеам на некое облекиче. Имам некои работи од првото дете, ама различен пол е второво, ќе треба да купувам, а и од мерак Незнам дали е можно во 21 недела да осеќам кога штуца, денес цел ден ко да штуцка. Одамна осеќам клоцкање, за второ стварно порано се осеќа
Мене никој не ми спомнал за да мерам притисок. Забележав во сон отечени дланки и затоа почнав да мерам и да водам табела. И на апликација ми пишуваше овој период убаво било да мерам, затоа и по неа се водев.
Чудно што кај нас не мерат притисок, тука секое мерење го запишува во лист и сите мерки од бебето, стомакот ми го мери претходниот пат и хоризонтално и вертикално и сѐ запиша на лист. Килажава секоја контрола ми ја мери и ја запишува. Иначе луѓе јас сум 14+4 и не знам дали го осеќам бебето или е нешто друго, ама од време навреме како да имам вибрација од 2 секунди, па не знам како да опишам, пулс од две секунди на одредени места во стомакот. Стварно не знам.
Морам да ги пофалам Prenatal Yoga/Down dog апликацијата. Почнав пред една недела нели бесплатен период и додека разглесував колку би коштало видов дека има опција да им се обратиш во случај да не можам да си приуштам да купам членство. Најнормално пишав ги пофалив и од очигледни причини објаснив зошто не би можела баш овој период да платам. Не очекував ништо за возврат. Ми пишале денес дека имам бесплатно 6 месечно членство и дополнителен попуст на крај од истото. Секоја чест што има некој нас трудниците да не разбере.
здраво идни мамички , ние денес 14 +2 , поллека влеговме во второ тромесечие ... само да ве поздравам сите малку времево ме дотепува и климите околу мене па глава секој втор ден ме боли е сега сум во план да следам притисок во иднина зашто несакајќи затекнав и 135 со 80 пред некој ден па да не го мислам од контрола до контрола ќе го мерам дома .... инаку се на се е ОК ама мислев дека стравот ќе ме дрма до 12 та недела и ќе ми помине ама слабо некако еве уште сум растревожена
Здраво мешиња Од денес сум 14 +4 и еве денес чуствувам мало гребење на грлото пиев доста ладна вода деновиве и ете што си направив Кажете дали можам нешто да се напијам да не се влоши има ли од оние таблети за грло нешто безбедно за трудници ?
За тие незнам, парацетамол можеш мислам ама пробај прво со чајче или млеко со прегорен шеќер помага за грло мене така ми се смирува а често си патам од таа мака
Здраво девојки денес 16+1, и некако почудно се осеќам, мачнини намалени исто и болките во градите намалени дали има место за паника или е нормално?