и јас сум 16+2 истото што го имаш пишано и мене ми е така, во петок сум на преглед па ќе видиме што ќе каже матичната. Инаку од 17та недела сме 5ти месец, така!?
Со полна 17та значи од 18+1 сме 5ти Јас утре сум на контрола едвај чекам, некако тешко ми паѓаат последните денови пред контрола и све нешто си мислам
Не се оптоварувај, мислам дека се е нормално. Утре најдобро ќе ти кажат, мене ми е прва бременост и немам искуство а имам 1 милион прашања за матичната осеќам ќе ја напнам во петок
Јас од 13та недела немам веќе никакви болки во гради, а претходно ме болеа при најмал допир. Мачнините нормално е да се повлечат во тој период.
Вчера си дојдов во Македонија и сакам да направам контроли и тука, 15+1 сум, какви контроли можам да очекувам оваа недела?
Сега ехо преглед може да ти направат да земат мерки како се развива и крв урина да испиташ. Друго нема од 21ва се оди на втор скрининг од 24та до 28 шеќер може да те пратат да правиш и д димери тоа ќе ти каже лекар дали треба или не.
Е само ехо, срцето големината и тоа беше тоа. Битно добив 3д слика, срце мое Иначе рече на машко изгледа, па ми рече брисеви за 3 недели ќе ми направи.
А претходно брисеви имаш правено? Обично тука и тие ги прават 12та недела со скринингот не знам зошто за 3 недели ти рекла валда си знаат они Супер кај мене се виде уште во 12та дека е машко па во 15та потврдивме
Немам правено и кажав ама ете за 3 недели ми рече. Па и јас сум 15+1 ама не сакаат да потврдуваат без врска мислам. Само викаат изгледа ко машко вака така. Сигурно за 3 недели ќе повтрдат. Нема врска, нека е здраво и живо само.
Женски добро утро, Вчера на преглед 16+1 докторот ми кажа деке постелката ми е ниско. Чаре-мирувај повеќе. Рече дека до 7 месец постелката варира и нема место за секирање ама да си пазам. Инаку бебето е нешто понапредно и тежи 156грама. Гледам да не се замарам ама пак црвот ме јаде. Во принцип 70%од денот го лежам, еден ручек правам, два пати во неделата да испазарам и еднаш неделно подзачистувам. Некој искуства... Совети плс
Јас би те советувала ништо да не правиш освен лежење и вц. Јади дури и во кревет дур се крене. Нешто за пиење или вагиналетки не ти даде? Обично даваат поддршка некоја да имаш, ама одморот е најбитен. Ќе биде добро, со лесно
За пиење или вагиналетки не ми даде, не ни спомна такво нешто. Само повеќе мирување и се гледаме за 4 недели за скрининг. Толку.
Женски, 16+ се осејќам многу чудно, има моменти кога стомакот ми де стврднува и имам дали се гасови, надуеност ни јас самата незнам веќе, тогаш дури до вц неможам по скали да се симнам. И на моменти кога ке се накашлам, насмеам ме сече како нешто моментално. На лекар сум следна недела. Дали некоја од вас има такви симптоми?
Мене на почетокот ми беше ниско не целосно но делумно. Искрено не одмарав си продолжив нормално докторот ми рече дека сеуште е рано и има можност да се крене. Кога бев на преглед 22 недела негде веќе беше крената така да не се плаши можно е да се смени