1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    Мешиња јас се вратив од втор скрининг денес. Бев во ГАК. Гужва и страв осетив само на влез од мажи без осет. Внатре е празно, чисто и под контрола. Прегледот беше краток ама сладок. Ми дозволија да прашам што ме копкаше и воглавно имам позитивни и охрабрувачки резултати. Постелката е уште ниска ама ми рече ич да не обрнувам внимание до 25 недела ќе се крене. Нормално претпазливо секој како се осеќа и колку може. Бебе нема очигледни аномалии и одговара на неделата. Нареден преглед кај матичната за 4 недели. Продолжувам со терапијата си ја слушам снагата и го слушам црвчево мало што почна да претка а на ехо ни се крие и ни врти грб. Мислам лице ќе му видам дури на пораѓај. Хахаха. Господ сите да не чува и нека ни дава вакви радости.
     
    На Monik@, kukla21, wannababy и 15 други им се допаѓа ова.
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Јас вчера бев кај матичната, се е во ред, бебка одговара на недели, јас немам мака, си уживам убаво ми е, само стомакот ми расте :rofl: и жешко ми е многу се потам :whew:
    Име немаме уште одлучено
    Немам одлучено кај ќе е порагам (waiting)
    Немам ништо купено од алишта, планирам да почнам да купувам веќе :wasntme:
    Реков за второ ќе го темпирам за зимско да не ги трпам жештиниве пак ама не испадна така
    Тоа е ќе издржиме
    Убав викенд :sun:
     
    На azelea, Monella, Broki5 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    798
    Здраво мамички и идни мамички јас вчера бев на контрола и фала богу се е како што треба да биде, бебенцето е една недела плус напредно издолжено ги направив сите испитувања досега што треба ккс одлична само железото ми е абнормално над просечно мнг јако незнам зошто секој месец испитувам и цело време е со истите вредности 32.9. Јас добро се чувствувам генерално само глава почна да ме боли зачестено заборавив да прашам за тоа дали нешто смеам да се напијам за глава!???
     
    На sun995 и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  4. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    Мериш притисок кога те боли глава? Јас според тоа се орентирам ако е висок повеќе течности ако е низок кафенце. Досега апчиња не сум пиела. Можеш парацетамол. Само прво пробај да си помогнеш природно. И од жешко и дехидрација боли глава. Прв лек секој пат нека ти биде чаша вода, чуда прави хехех. Ти завидувам на железото ;)
     
    На IJAE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    798
    Tsukinory фала на брзиот одговор вчера ми мереа притисок 90 со 60 низок ми е одсекогаш ама ништо не ми кажаа за тоа, сега откако ми пиша за вода во моментот земав и пијамКафе сабајле едно и после 5 уште едно по 2 на ден мислам доста е. А за железото пред бременост не сум испитувала често ккс, здравје да се породам ако отпосле остане исто ќе донирам ❤️
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Дали е можно да ги осеќате вашите бебиња како се вртат во стомакот?
    Мислам дека ја го осеќам одвреме на време како се врти
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Да можно е, вртење, тегнење, на две места во исто време мрда раче и ноџе. Се е тоа нормално
     
    На @rollercoaster@, Izzy_0504 и sun995 им се допаѓа ова.
  8. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    И јас осеќам дека се врти од време на време.
     
  10. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    Девојки повторно ми се појави мукузен исцедок со кремасто/кафеава боја на бришење. Не ми е јасно покриена сум со терапија. Само инекции веќе не примам. 90% од времето сум легната. Цервиксот е добар. Тогаш од кај искача крв мешана со мукус? Може да е кај мене некоја нормална појава? Дека првпат бремена па како се шири така прокрварува? Незнам веќе што да мислам. Имам на моменти пресекувања по страните ама не траат цел ден само се поднаместувам и се смирува. Што мислите што да правам? Да си го прифатам и да молчам или да кревам уште паники? Не сакам не дај боже да се случи нешто и после да ми биде криво што не сум реагирала на време.
     
  11. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Која недела си? Јас за се што ми беше чудно и необично и пишував на докторката на вибер.
     
  12. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    20+ сум. Имав првпат на 12та па на 18та баш со болки. Сега половина го игнорирам ако се појави. Ама баш го немаше скоро две недели и сега пак. Се изнервирав.
     
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Никако молчење на глава качи се на доктор...може не е ништо страшно ама твое е да пријавиш/кажеш зошто да се мислиш
     
  14. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    На кој начин го мерат цервикс мене ми е страв
     
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Женски
    Оди си или јави се на доктор, може ќе треба пак да примаш инјекции. Не оставај така. Те читав скоро дека беше на скрининг, што те советува Др во врска со терапијата? Пиеш магнезиум?
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Со вагинална сонда.
     
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Женски
    Која недела си?
    Јас сум 21 од денес, уште само како нежни тупкања од внатре чувствувам. И тоа не по цел ден туку кога ќе легнам во хоризонтала. Пукнав од желба више некоја појака клоца да добијам да речам еее ова е бебе, не се гасови :rofl:
     
  18. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    Тројца доктори ми велат да не обрнувам внимание на ниската постелка дека ќе се крене и не е проблем до 25та недела. Истото го рече и специјалистот во ГАК на скрининг. Бебето е добро. Цервиксот е 4 цм. Само во ремедика ми кажаа дека имало некој мал хематом ама одма го сврти муабетот. Као безначајно да не го мислам, не е до него. Пијам магнезиум 2 пати на ден по 250, Утрогестан 2 пати, Д3, пре мама, метилирана фолна и по потреба бедоксин. Не ми се сега болките како првите два пати што изреагирав. Претпоставувам тоа малку што беше потоа се дочистував. Сега пак кога се појави стварно ми се смачи. Знам ќе се смирам ако отидам и го видам, ама мислам пак исто ќе биде ништо нема да најдат а за џабе ќе зрачам бебушот толку често. Ќе и звонам утре на докторката за инекции. Незнам стварно можеби претерувам. Прошлата бременост што заврши со спонтан докторот не беше отворен со мене за сериозноста. Се беше ноншалантно. Имам чуство и дека сега ме замајуваат.
     
    На Lovebug01 и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Уште малку 16та
     
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Не е убаво така многу ме нервираат и ја се осеќам некогаш дека се лабави за некои раб и затоа одам веќе напоредно на 2 места и пак слушам едно од матична друго од ремедика ама па викам бар нека гледаат 2ца доктори пошто само со 1 не ја биваше. Верувам и јас дека ти е дочистување следи како ќе биде секако за дежурни имаш во секое време да отидеш ако не издржиш до сабајле
     
    На K7M10J и Tsukinory им се допаѓа ова.