Јас имам многу тешка бременост од 5та недела ми почнаа мачнините, гадењето, повраќањето. И до ден денес 16+1 сум, сега немам толку многу големи мачнини, намалени ми се ама не ми е скроз поминато. На сабајле сеуште повраќам жолтила. Ама сѐ се истрпува, јаки сме жените ќе помине и ова.
Иста сум и јас, почнаа 5та, сеа малце се смирени, повраќам на неколку дена ама мачнини имам секој ден Посебно овошје кога ќе каснам
Па немој да јадеш овошје. И мене ми смета овошјето, лубеницата не ама другите ми ствараат киселини. Вчера не можев да им одолеам на балките изедов некој 10 и пред спиење си повратив, после банана се најадов и на спиење. Јас сепак гледам да внесам доволно калории нема врска дали ќе повратам или не, морам поради беба.
Ако не ви пречи и јас да ви се вклучам во разговорот. Јас сум 19 + 5 г.н. и сеуште насабајле повраќам жолтила константно. И од лубеница ми се повраќа ако се прејадам. Така да мораме да издржиме за бебушките. Ќе стискаме заби и тоа е.
Да и јас се помирив со тоа дека можеби ќе повраќам на сабајле до 6ти месец, по можност и до крај. Ама битно не е како првите три месеци малце подобро е сега, ама секако мора да се издржи јаки сме ние.
Вчера девојки откривме америка конечно. За сите исцедоци мешани со крв стара нова уште од 12та недела не била крива постелката (која сеуште си е ниска) и е проблем сам за себе. Крив бил хематомот. Кој конечно се исцеди вчера кога исфрлив цела грутка крв и од такт се извадив. Бев во гак на преглед и се е во ред. Само да продолжам да одмарам. Кога и го пратив извештајот на матичната беше како па да знаев дека е тоа. Е ако знаеше оти не кажа да не трчам пет пати по болници?! Не е битно сега сум на троен утрогестан 3×200 на ден. И повеќе магнезиум.
Точно прошла недела пишував тука дека ме замајува матичната не ми кажува се како што треба и на време. Зарем сакам да го зрачам бебево на ехо толку често. Вчера докторката се заборави со тоа вагиналното ехо унутра. Чиниш долгометражен филм гледа ми падна незгодно како да и речам добро во ред е вади го. Синко исончан ќе излезе.
Здраво, девојки вие што сте бремени по втор пат кога ги почувствувате првите движења на бебето? Зошто викаат дека вториот пат порано може да се почувствуваат движењата.
Здраво, јас сум бремена по втор пат, и онака убаво бебево го осетив 12-13 недела, нежно скокоткање. Знаев дека е бебето пошо нели второ ми е.
И ја сум со втора и читав дека порано се осеќаат движењата на бебето ама јас некако покасно ги осетив после 18 недела ама така скокоткање а убаво од 20 недела. Мислам дека кај секој е различно и има врска постелка на преден или заден ѕид
Zdravo na site bremena sum 20 nedela prva bremenost mi e uste go nemam pocustvuvano bebenceto custvuvam nesto kako krkorenje na crevata samo
Zar e mozno da e bebceto ?jas sum 13 nedela i jas osekam deka mi krkorat crevata ne mi se veruva prva bremenost mi e i tolku rano
Хмм не знам како би опишала...Не се како класични гасови, само чувството личи така. Во 13 недела ако го чувствуваш тоа треба да е ептен долу дека матката уште не е порасната над ниво на карлица.