Какви витамини пиете во второ тромесечие? Овој пат крвта и железото ми е на границата за слабо. Почнав со спирулината и природни сокови.
Јас пијам магнезиум и ми се случува еднаш неделно обавезно да повратам жолто претежно петок или сабота. Едвај го пијам малку по малку и ми е гадно. Кажи ми дали Ливсане се некоја замена за магнезиум?
Незнам дали смее спирулина во бременост Јас пијам фемибион 2, метилфолат, вит Ц од 1000, алгае оил капсули и магнезиум 2х1. Хемоглобинот ми беше малку над долна граница ама не ми дадоа ништо за тоа, железото беше во нормала.
Земи капсули магнезиум, би требало подобро да ги поднесеш. Само консултирај се за дозата. Капсулите се по 250мг , мене Др ми рече или 2 пати дневно од капсулите, или еднаш на ден прашок магнезиум директ.
Тие се шумливи таблети и не се засладени скоро и да нема никаков вкус исто магнезиум е само што е во шумлива таблета
Јас пијам од сабајле аспирин па после витамини и минерали премама тие што се и две сидерал форте во комбинација со витамин це после ручекот а пред спиење магнезиум
тие директ прашоците содржат и непотребни шеќери. дефинитвно подобра варијанта се апчиња, јас пијам 2х1 на natural wealth 250мг (едно после доручек, друго после вечера), во зегин ги има. витамин ц од 1000мг на calivita (повремено, последниов период често се затнувам од клими и топло-ладно ). и прегназон complete после вечера.
фемибион 2 ка , магнезиум директ , и бедоксин ради главоболки што имав порано крвта ми е слаба и железо почнав со флорадикс сируп и витамин ц си земам на своја рака , пијам и приодни сокови коктелите ( рибизли капина боровинка малина ) и по една лажичка мед мих од јадкасти плодови ..
Да од таму, има фб страна Беровски Еколошки - Домашно произведени производи КОКТЕЛ СИРУП АРОНИЈА+РИБИЗЛА+БОРОВИНКА+КАПИНА Помага при зајакнување на #имунитетот (посебно кај бремени жени, онколошки случаеви и деца) !!! Цена: 350 ден=1л (со шеќер) 400 ден=1л (без шеќер)
Ти помага за крвта или сега прв пат конзумираш? Земав баш пред една недела ама со шеќер може се зезнав, па е видам дали ќе ми крене крв.
Го имам конзумирано и порано и има ефект но треба да се пие малце подолго , последниот пат го купив дирекно од берово, жената што продаваше ми го препорача баш овој коктел за слаба крв, и мојот е со шекер мислам дека нема веза тоа ..
Денес си ги зедов резултатите од крвта, брисовите и тироидната. Сѐ беше во ред, немам никаква бактерија, ехо не правев ми закажа на 10ти. Килажата ми е покачена 18+5= 3кг+ се надевам не е многу. Колку вие покачивте средина на 4ти месец.?