Да,безбедни се и на упатството пишува дека се дозволени за бремени. По 2 на ден ако имаш отоци откако ќе спаднат намалуваш на 1 дневно 2-3 дена и после не е потребно. Јас моментално по 2 на ден пијам утро и вечер, не се издржува на жештиниве, во глуждовите на нозе тапан сум направена. Иначе во аптека работам јас, многу бремени ги имаат земено овие и безбедни се на природна база. Мене друго ме мачи да не не делуваат инекциите клексан, читав искуства на нет дека уште толку му се зголемувале Д-димерите на трудниците после терапијава.Отпосле кога почнале со дупла доза 2 пати боцкања во денот им се средило.Мислам тоа кај секој разчично ама пак да не треба да ми продолжат уште една доза од 14 дена. Знаете некоја до која недела се примаат?
хелоу како ви е со спиењето во жештиниве , јас неможам да ги поднесаммм ... де будам навечер и по 3 часа не спијам
23 до 25 декември јас. 19+5 денес, мачнини немам, само промена на расположение. За главоболките пробајте магнезиум и многу вода. Мене доктороката ми рече повеќе од 500гр парацетамол да не пијам, ама јас прво пробувам со магнезиум и да преспијам. На 10ти имам контрола, едвај чекам, беба мрда внатре многу, преубаво чувство. Фала ти господе за овој благослов
ние се гледаме со балеринкава почесто , бев сега и минатата недела не пишав тука останавме на тоа дека е ниско ввсадена постелката и дека се кренала многу малку , ама среќа не е спуште на цервикс и е на преден ѕид па дури прв пат и сметаше неможеше убаво да го гледа бебчето само одозгора го фати некако.... еве сега скрининг за две недели и ја незнам како ќе го прават со ваква постелка која смета инаку си мрдка , почна да се тегне и ја осеќам веќе поубаво само во долен десен дел од стомакот , на лева страна многу ретко ама рече докторкава дека и постелката може да смета за убаво да ја осетам
Систина кај Дракулевски , мислам оваа недела треба да закажам , првиот ми беше кај матичнава и цените им се тука некаде па решив да идам на второ мислење и малку поискусен доктор првиот скрининг супер само со приската ме исповадија од памет и некако не ми се поминува низ нешто слично
Мешиња со близнаци, може не е за тука прашањево но сепак.. Кога прв пат ги осетивте малите да мрдкаат? Јас сум 18н. и 4 ден, знам дека се мали, ама што читам по некои странски форуми некои ги имаат осетено уште во 13-14недела. Тоа што го имам јас осетено е како некое нежно чешкање.. Незнам точно ни како да го опишам...
Jas gi osetiv uste na pocetok na vtoro tromesecie ama toa mnogu slabo i nezno a sega sum 20+4 i koga gi osekam se poznava kako se podiga stomakot samo mene mi e u misla nekako samo na desnata strana gi osekam dali e ednoto ili pak dvete najizmenicno.....ovoj sabale uste gi nema.
мене ми рече рано било таа недела .... сури после 20 ти август да сум закажела , ми беше чудно малку искрено ама ќе ги барам денес пак да видам што ќе ми кажат зашто знам дека за втор скрининг има исто некоја временска рамка од три недели од 20 та ди 23 та ли се правеше ?
фала на одговорот , значи дефинитивно после 20 ти август незнам што би правела без Вашата поддршка претходните две бремености поодамна беа и немав некој со кој можев да направам консултација , да ми даде совет и да споделам мислење , ама еве сега тука сте Вие сите и верувајте вака е многу полесно и многу поедноставно и за мали и за големи промени во бременоста
@naturallmess јас се зачленав на форумов на почетокот на февруари и тогаш останав и бремена, така да од март негде сум секојдневно активна на овие теми посебно. Многу ми дојде добро за време на карантинот, и општо во целата оваа ситуација кога не се гледам многу со луѓе и автоматски не можам со никого да си направам муабет и да разменам искуства. Сите што се поредовни тука и со кои си разменувам искуства ко другарки ги осеќам зошто со реалните не се гледам А и искрено никој веќе (барем не во моето опкружување) не зборува отворено за своите проблеми и си мислиш единствен нс светот си што му се случува тоа што му се случува. Кога бев со крварења на почетокот да не беше форумов немаше да знам дека на секоја втора и се случило/случува истото, па мислам дека до некаде ми помогна да останам позитивна
Се извинувам што ќе ви се убацам у муабет само исто и јас како фарм.техничар ќе мора да исправам во врска со таблетиве на упатството не пишува дека се дозволени за трудници туку напротив не се дозволени ...
Исто и јас како тебе. Кај мојве немам се уште стапнато од март Другарки па ич а они шетачки се и ни на 2м надвор баш не ми се гледа со нив. Па тука ептен ми се погоди со вас А и за тоа дека секој крие проблеми во право си, јас ќе прашам другарка што била трудна те болело ли лево стомак горе и одма добивам: Аууу не мене ништо ама баш ништо не ме болело јас супер бременост. И почнаа да ме нервираат пошто само те вадат од такт. Тука бар ќе споредиш ќе видиш дека е нормално и тераш ден..
Луѓе оваа недела мислам дека стомакот не ми порасна како другите недели. Малку сум во паника, ја осетив беба денес ама чудно ми е затоа што наеднаш почна стомакот да ми расте секоја недела, а сега како да стопира..