Може така ти се чини...се мериш нешто или? Не сум обрнувала никогаш внимание на стомак. А и може си пиела/јадела помалце од вообичаено па не ти се дуе... не знам дали е тоа некаков си симптом
секое тело е различно , јас пред две недели кога не ми беше добро дури и ми се намали стомачето , ама пак е сеуште рано и не е тоа некое мерило , гасови подуеност , различна храна , повеќе течности се влијае врз обемот . Некоја недела ќе стагнира некоја недела ќе изгледа дека е пораснато ама мислам дека не е за паника , ако уште те подзамислува состојбата од утре исконсултирај се со гинекологот , јас искрено последниве недели како да не сум порасната воопшто во мешето а веќе сум 19 + 2 ми рипна околу 15 та недела ептен и сега стагнира
Ехее јас секоја недела така си мислам ама кога ќе видам разлика сега и пред 3 недели има многу Секој ден се гледаш сигурно и ти изгледа исто. Плус има разлика јадена/нејадена, па дали си била во вц во денот или не... Кај мене и кај сите верувам на дневна основа има разлика во големината на стомакот. Без гајле
Мислам дека нема врдкс зависи и од јадење а малце повеќе и паника , а стомакот и не е баш мерило колку е здраво бебенцето и дали е се во ред , јас знам мои другарки во 6ти месец нени им се познаваше дека се бремени дури гиникологот кога се префрлија им вика сериозно 6ти си хаха , не се секирај јас пак сум 19 недела бебушка не го чуствувам уживај ако кажува докторот се е во ред спиј си мирно СО ЛЕСНО
Дозволени се. Пред да пишиш дека не се информирај се и прочитај го целосниот состав на лекот,ете подолу го сликнав и составот сето тоа се билки кои позитивно влијаат врз организмот. И плус мене ми се препишани од доктор гинеколог јас ги пијам и не се сомневам во нејзината препорака.
Матичниот ми закажал втор скрининг во Гак, првиот ми беше во систина и овој пат ми рече дека нема потреба дека супер се докторите и на државно.. Не знам како ке биде овој пат има некој отидено во скоро време на државно да сподели искуство
И мене ми закажа матичниот за втор скрининг за минатата недела и бев сигурна дека ќе идам. Ама се попишманив во последен момент, две другарки чекале и по два саати, друга веднаш завршила работа ама многу кус прегледот околу 10 минути. Не ми се рузикуваше да чекам по горештините и со ситуацијава да се мешам. Си отидов на приватно кај Мајсторова, пре пре задоволна, час и 10 минути бев кај к неа, 50 мин детален преглед уште 20мин муабет, одлично.
Здраво мешковци како сте ми денес? Веќе неколку денови имам болки во меѓуножјето кога седам не чувствувам ништо но кога одам имам некое непријатно чувство како да ме сече нешто имам и зголемен малце погуст исцедок (налик слајм..) некој со вакво или слично искуство
treba i jas da odam na skrining pa mi dadoja upat za na 22 , ama na drzavno ne mi se odi bas kolku cini privatno a kolku drzavno ?
Сега дури гледам дека сум означена Во тој период околу 21ва, знам сите таа недела се пожаливме. Период ли беше, што ли беше, незнам. Помалку ги осеќавме. Па благо, кока коли, сладолед, чоколадо, сите зимавме. И сите се радувавме кога се будеа Нормално е некогаш да се попасивни, некогаш поактивни
Зависи кој скрининг. За прв ако правиш со приска заедно е околу 8000 денари (ехото 4000 плус приската 4000). Втор скрининг исто околу 4000-4500 зависи во која болница. Трет го наплаќаат како обичен преглед.
Кај матичен лекар 3000 ден ти рекла за ехо? Они не тррба воопшто да наплаќаат секако и ја платив ама некои 900 ден немој на матичен 3000ки да плаќаш не се нормални значи
не не , поликлиника ложанковски за втор скрининг 3000 ден ако сакам кај нив , првиот го правев таму 1200ден , ама вториов ќе одам систина на 17 ти
Еве сум и јас 21ва во паника од вчера, многу послабо го чувствувам, и да удри многу е нежен. А таман си реков штом почнав да го осеќам ќе се олабавам, ама не било така, мисли милион низ глава Иако не поднесувам благо ќе морам деновиве да каснувам по нешто за да бидам мирна...
Не се паничете, и јас исто мислев дека кога ќе почниш ќе го осеќаш се повеќе и почесто ќе биде ама не. Сега можам да кажам дека ударите се малку поизразени од претходно ама пак некогаш се ептен нежни. И се случува само еднаш два пати во денот да осетам некои денови, и кога не и се мрда ни благо ни кока кола ништо не ја размрдува. Се движат секако и кога не обрнуваме внимание не ги осеќаме. Мислам дека нормално е, после 7ми месец таму ќе е друга приказна кога ќе тежи повеќе од 1,5 кг. Сега во 6ти нагло растат.