Ако ти е исцедок зеленикава боја мислам беше или жолта со чешање свраб црвенила упатува на кандида. Можеш сама да си помогнеш со измивање со камилица да намалиш на благо да видиш дали има ефект. Ама чим вагинално те провериле не би требало да имаш нешто...
Мајки да ве прашам крај на 5ти сум за некој ден во 6ти месец ќе влезам. Досега немав стомак сосем малку ми се познаваше. Овие 2 дена како нагло да ми рипна дури не ми се верува, премногу брзо е тоа како е можно??? Само да напоменам дека немам отидено во тоалет 6 дена никако неможам. А јадам умерено без да претерам
Какви витамини и додатоци пиете во второто тромесечие? Во првото, до сега, само метилирана фолна пиев и ц витамин. Последниве недели плус 2х250 магнезиум.
секој ден и ја ги пијам сите на гладно и наеднаш ( не сум прашала дали е тоа проблем ) -пре мама дуо -аспирин 100 - витамин д3 од 2000 единици -магнезиум директ 375мг
Пре мама дуо се пијат пред ручек дури мислам и внатре пишува. Ќе си направиш проблем со желудник вака ако ги пиеш сите таблети. А за магнезиум мене ми кажале навечер пред спиење дека се пијат пак ти консултирај го докторот
си имам мака со таблети и нај најискрено многу ги заборавам , немарна сум , а вака еве колку месеци не сум пропуштила ни еден ден ни една таблета , се плашам ако почнам една порано друга покасно нема ич да бидат испиени , ама ќе прашам , фала
Некој аларм на телефон и нема да заборавиш мене така ми ѕвони еден за тотхема други за витамини трет за вит Ц иначе нема шанси и ја заборавам. А и да над лабаво во кујна имам лист ставено со потсетник: Тотхема Премама Вит Ц ќе најдеш начин
А и јас како тебе ги пијам сите, ама пред доручек ги пијам и одма јадам а можеш и така да правиш зашто искрено и јас сум немарна за тоа
Витамините подобро е да се пијат после оброк за подобра апсорпција на некои липофилни витамини што се во нивниот состав (како на пример витамините од Б групата, фолната киселина, потоа омега 3 масните киселини). На сабајле одма кога ќе станам прво доручкувам па ги пијам сите витамини. Плус едно магнезиум пред да си легнам. Вака досега не сум имала проблем со желудник.
Јас премама дуо ги пијам на два пати.едното насабајле после јадење ,а другото навечер...дали е грешка поима нема,ваљда може и така...што знам