Сол, течности вода повеќе, и клима ако ти е топло дома гледај да бидеш на што посвежо јас клима не гасам
Ја со ваков притисок сум цел ден скоро и така ми се лежи во кревет едвај си напраив ручек што се вика
Сол, чоколадо, кока кола. Биди сигурна дека внесуваш доволно калории и дека се храниш здраво. Пази да не почне да ти се врте. Бебето сака калории не гледајте дали ќе се здебелите или не.
За многу низок притисок не пиете вода во големи количини бидејќи се мокри почесто,а во бременост секако мокриме почесто па додатно опаѓа притисокот. Цеден портокал,кока кола,газирана вода. Јас оваа бременост така така,ама за првата ептен мака видов со нискиот притисок. Тонев во кревет
Јас цел живот сум со притисок 90 со 60 и мака немам, навика. Од денеска и јас ви се придружувам во групава, 14 недели и еден ден.Првото тромесечие и не ми беше баш сјајно, 2 месеци ги поминав во лежење со хематом и константни крварења, со душа чекав да влезам во 4ти. Денеска бев на контрола конечно слушнав добри вести хематомот го нема, камен ми падна од срце и веројатно носам машко , ми се исполни желбата Поздрав женички
Жене прво хеферол ми дадоа апчиња ништо не ми покачи дури се намали. Сега сум на тотхема, секој ден цвекло, аронија, месо телешко јунешко... само со тој режим можеш да покачиш. Ќе видиш што ќе ти предложи доктор
Баш вчера бев на преглед и преку ден бебчето беше многу мирно, еднаш два пати дали клоцна. Обично кога спијам не се будам ама вечерва станував заради малиот ... а во стомак беше журка Не можев после ни да заспијам од што беше активен. Не се грижи имаат некои денови различен биоритам
Ту да не пукнеш исти сме И кај мене две ноќи по ред журка се будам во 3/4 па во 6/7 па конечно во 9/10. Ровари внатре злато бара.
Мамички добро утро сакам да ве прашам тие што имате искуство докторкава ми рече да земам појас за трудници бебушпв ми е ниско а и цервиксов е 2 ,83 аман ,а сум 17 нед и јас го зедов но не ми кажа кога се носи па ако можи да ми кажите дали преку цел ден дали за спијајне навечер се носи или треба да го вадам стварно незнам ако можи да ме информирате фала♥️
Мешиња да ве прашам , денеска бев во суд по документи па поминав низ тој скенер па шубе ми е ми кажаа демек бремена ди зрачи па сега во мисли сум ве молам помош , инсче сум 20+2
осеќав нешто пред една-две недели (како пулсирање/нежно тапкање или како кога мускул ќе ти заигра), но не бев сигурна дали е бебето дека прва бременост ми е. сега сум 17та недела и дефинитивно почнав да осеќам некое мрткање од внатре кога лежам. едвај чекам втор скрининг.
Добар ден женички Како сте? Јас еве на работа некако жешко денеска па климава ја пуштив малце да се изладам. Дланкиве ми се жешки цело време и стапалата. Тоа мислам дека е добро ако ми се топли стапалата значи имам циркулација делуваат инекциите што ги примам. Ајде уште 2 инекции и ќе проверам како сум со Д-димери. Еве како 5 дена немам оток на нозете, дали беше тоа дека времето надвор облачно или тие делуваат не знам ќе кажат резултатите. Да се потсетиме да цвнесуваме повеќе течности на вакво време за да си останеме убавки и лесни како пеперутки После работа ќе одам да купам нешто за бебчо и ќе си се пофалам после со слика. Треба и за кадичка да разгледам немам ништо видено ама ајде има време. Уште малце и во 3то тромесечие се префрлам
Кога некој спомна купување....Јас вчера со мм се сме купиле. Требаше само количка од локо кроко дека на акција....се подзаборавивме. Земавме количка, креветче, душек, постелнина, релаксатор, и корито сет. Имаш убави сетови корито со мрежа анатомска, кофа голема и мала за поливање и сунгерче во форма на за 1690ден. А ако некој го интересира акцијата на количката е од 12000 на 9000 сет транспортер/количка и торба. Беж и сива. Мене многу ми се допадна ја терав жената се да ми покаже како се мести и користи. И не е шуш материјал како оние гала/бебето итн.
ова се е од локо кроко? јас се токмам секој ден да почнам да шетам за количка, креветче и останати погабаритни работи да не не затворат есенва ради корона, па после да мора онлајн да купувам на невидено.
Се срцка. Споредував цени гледав страници онлајн цели 5 месеци. Дури и мм го пратив на пластичарска да види да не се поевтини. Освен локо кроко има едно пики бебе во струмица. План ни беше таму да одиме и вака грото да го земеме. Ама останав на строго мирување дома па се испадна од ск. Не е некоја голема разлика ако го израчунам патот. Задоволна сум имаат пристапни цени. Не се луксузирав.
е фала ти за информацијава. јас веќе месец дена разгледувам на интернет и баш се вадам од памет од цениве на колички и креветчиња. ќе ѕирнам и во сити мол колку да споредам квалитет и тежина на количка и дали вреди да инвестирам 100-150 евра екстра на сметка на тоа. иначе, локо кроко до сега секогаш ни било go-to за бебешки/детски поклони за други, баш ради нормални цени, а солиден квалитет и изглед.
Ај тука ке пишам, побрзо ке добијам одговор. Дали е касно 15та неделаи некој ден да ги направам првите брисеви? Матичната ми е на одмор, а замената не сака да ми земе.
Јас ги правев првите брисеви дури во 16та недела. Никој не ме врати. Претходно неможев заради крварења и страв ми беше. Чекав јас кога ќе можам, и излезе 16та недела