Не е касно убаво е 12та за ако има нешто да почнеш терапија ама ако немаш избор и 15та е ок...таа па зашто не сака да ти земе брисеви замена е бог да чува. Глеј ако не ти се чека подзапни ја замената кажи имам проблем мора на приватно ми е скапо и ајт..ова матичниве
Што е со замениве? Вчера и мојава замена нејќеше да го прими мм за еден документ да даде па се малтретиравме 3 саати скенирај/печати/праќај па не тој емаил друг глупости за две минути работа. Па мене преку телефон ме прашува за шифри а што има па јас да знам немедицинско лице. Излеговме на крај ама бламажа на ниво и на работа не знаев да објаснам за боледувањето. Сто пати им сменив. Направи ги приватно. Закажи си негде. Битно е да си знаеш на што си додека се развива бебуш.
Ние денес поминавме втор скриниг 22+1, бев кај Димчев, ептен сум задоволна, бебко расте 500гр е Све се гледаше ептен сум радосна... Беше склупчен ко топче На враќање димери и хемостаза во синлаб испитав сеа чекам резултати да видам дали уште ќе се боцкам со фраксипарин Се на се убав ден ❤️
Незнам ни јас зошто се толку неуслужливи, ионака ке одам во петок да ми продолжи боледување ништо не ја кошта да ми земе и брисеви. Тотално сум разочарана и од матичната, сега и од замената колку беше незаинтересирана. За приска кога се јавив кај матичната да ми закаже, ми вика ако можеш да најдеш врски добро, неможам да ти закажам, сите пациентки ни ги враќаат. Ај добро приска статистика ама да беше за нешто поозбилно шо праиме. Ништо ке си причекам, матичнава се враќа на 19ти, па ке ги направам,една недела е во прашање.
Едноставно не сакаат да се замараат работава не си мој пациент па што те вртам...а матични како матични од господ утепани пари им капат и не се замараат со ништо. Јас кога правев брисеви прво нешто што ме праша беше дали имаш некој што ќе ти ги однесе таму на испитување не си за ти таму да одиш демек ради коронава...Приватно ти се 3000 денари да ти земат и испитаат зашто да ги даваш тие пари кога она треба без пари да ти ги земе не ги сваќам како пари да им бараш на заем
@Brpbrp Ма ионака цело време си одам у систина, од тоа нивно незамарање, матичнава ми е само за боледување. И приската ке ја правев таму, среќа имам разумен доктор па ме премисли. А чекај сакаш да кажеш она само ми зима брисеви, а јас треба да си ги носам во пролече?
Јас сама си ги носев и сите што одат кај нејзе во ординација сами си ги носат верувам дека и со сите е така
Јас сама одам цела бременост, мм се плаши да доаѓа хахха Но имаше жени што беа со мм Ако сакаш да го носиш мислам дека ќе го пуштат
Заедно се пијат двете таблетки. Mаснотијата од Омега 3 им треба на другите витамини за да се растворат и апсорбираат.
И јас како членката ги пијам два пати на ден утро и вечер. Така ми кажаа во амбуланта, кога прашав зошто рекоа за да не се исфрлаат преку мокрачата 2те таблети заедно наеднаш, поредуцирано да е исфрлањето преку мокрача, вака би се исфрлиле 2те заедно.. Мислам не е грешка и заедно и одделно.
Има логика и тоа. Важно витамините обавезно со масен оброк. Да има риба, авокадо, путер, нешто такво заедно со витаминчето.
баш и јас ја гледав оваа на нет , лесна ли е за возење и склопување ,, и креветчето е убаво со здравје да си го користи бебушот , јас сеуште се мислам мегу дрвено и пластично креветче