мерен ми е цервикс од 9 та недела навака на секој преглед , само последниот преглед ми рече дека многу малку бил скратен ама не било страшно и ме замисли
Ок е не е лошо во 17-18 недела мене сега ми беше 3.3 па во 20 недела 2.9 и сум на терапија 2х1 дабростон 1х1 навечер утрогестан и повеќе одмор консултирај си се глава помалку да те боли сега на контрола кога ќе одиш.
Јас сум 21+1 и јас го имам истото чувство, ми се чини раче ќе видам кога сум во вц (ама сум језива) . Абе на се си мислиме, се убивме психички, имам и бодежи и јас овие недели, менструални на лик болки, тоа е поради што се шири матката. Јас земам магнезиум само и подобро ми е.
ох леле пуста паничарка што сум станала , болки немам , не ни имав оваа бременост ,еве два дена заборавам на магнезиумот не сум се напила ама не ме боли ништо само ниската постелка и сега тоа ми се уврте во глава , а уште одам на работа и таму многу не мислам имам разонода немам време за паника , ама после дома триста глупости во низ глава и страв ми е да не ме тера на патолошка ако се подотворам малку , ќе полудам после дома
Мешиња да ве прашам нешто Дали можам со сигурност да купувам за бебето за кое ми кажаа женско со сигурност во 16 недела. Го прашав Личоски значи личи на женско? Рече Не личи со сигурност е девојче. Значи можам да верувам на тоа? До крај на месецов ќе патувам за Истанбул и сакам се од таму да си донесам. Или да идам на уште една контрола кај матичнава? Незнам за вас, но јас вака возбудена ни за првото не сум била
Не е сигурно тоа ама сигурно е со пренатален тест ако праиш од тие поскапите и онака ти се ближи времето за втор скрининг...
забележав повеке членки во 20 -21 недела пишуваат за такви симптоми , ајде сиугрно е нормално а ако не испаничиме малце па како
Мој совет почекај си до следна контрола или скрининг. Мене во 15 недела ми кажаа женско ама со резерва. Толку многу ми дојде смешно кога ми кажа 51% женско,а 49% машко. Нормално 50/50 или машко или женско трето нема.
Мене во 13 и во 16 ми кажаа девојче сега ќе видиме утре што ќе каже докторот иако малку се плашам бидејќи имав периоди кога се заборавав со спиењето и се будев заспана на стомакот или пак на грб што мислите вие дали имам причина за грижи?
30та недела за некој ден ке влезам па уште се местам да спијам пола на стомак. И тоа свесно. На страна повејќе на стомак сум нема шанса само на колк да спијам. И ништо не му е
Да и ја осеќам дека мрда мислам цело време е активна фала богу прееска идам у кам да пазарам нешто зеленчук ми се јадеше коа ме клоцна мислам ме издиши а од друга страна викам рано е за да клоца толку силно тек од утре сум 21 недела
И јас спијам на грб, или на страна ама мислам дека повеќе сум на стомак аххах се надевам ништо не му ена бебко, мм по цела ноќ ме пази како спијам и ме буди да се свртам хахаха
И јас исто тие недели, а и сега во 26та спијам на пола стомак. Еднаш во 15та 16та мислам беше сум се свртила баш ептен на стомак и се притисна цел стомак па се разбудив. Ништо не е страшно, самото тело ќе си се навикне зс спиење во друга положба. Земи стави перница меѓу нозе, мене тоа ми помага.
Баш сакав да ве прашам околу спиењето, ееновиве откако влегов во 6ти дали и стомак нагло ми порасна, навечер кога се вртам во спиење чувствувам болка долу ниско дури и во ва*ина. Дали е нормално?
удира удира и ја за два дена 21 полна сега лежам пола саат активна мрда , се врти и шутира јако дури во бешика кога ме мава некогаш си мислам нема да стигнам до тоалет
Спиј на страна и стави си перница помеѓу нозе да ти биде удобно само што ќе се вртиш почесто колковите ќе те болат и ќе ти трнат додека се навикнат ако болката не е костантна тоа е веќе од бебето што почнува да натежнува али ако трае нон стоп консултирај се со лекар и кога ќе одиш на преглед чисто спомни му на гинекологот за да провери цервикс колку е