Ако се е супер при прегледи нема зошто да се грижиш.... уживај Јас сум крај на 6ти, баш денес се мерев плус 9кила ме фаќа паника
Уживај си, бебе да си напредува е важно. Супер што не ставаш на тебе на крај секако најмногу се ставаат кг. Јас до 4 месец немав ни грам ама до сега еве 7ми месец ќе влезам сум 6-7кг плус што ми е многу
Јас па +10кг до 7ми ги качив и толку сега веќе само качувам ситно од бебето се засилив сега стагнирам може и ти ќе останеш на тоа
Од 15та недела до 20та +4 кг. Сега ќе видиме во септември за еден месец колку, ама сигурно ќе биде +4 пак. Не се замарам многу јадам што ми се јаде. Има денови ми се јаде многу, некогаш не ми се јаде. Фала боже па мачнините ми завршија моментално се е супер. Само што бебето почнува да ми теже и во спиење исто лево десно, десно лево, само се превртувам. Среда полни 5 месеци влегувам во 6ти.
Ама ти си слабичка а јас со 5кг вишок почнав бременост Сега последниве 2-3 недели некако како нагло да се здебелив и се во нозе и раце ми е отидено А отоци ич немам ко за чудо. Ај се надевам ќе стагнирам и јас, слабо вода пиев периодов можеби и до тоа е.
Па јас овој месец сум искрено само на вода сабајле јадам ручек и толку се дујам од вода пиење и да сум гладна не можам да јадам. Јади си колку ти се јаде..еве јас 8ми мес ќе седнам на ручек жива гладна и едвај јадам, ќе се подујам и лошо ми е..
Ни јас не се замарам со јадење се јадам, но дури и докторот ми рече слаба си мајка јади ко за двајца. И готово и од дома ме напнаа да јадам повеќе.. И со првото 12кг качив само и тоа малиот 4360 се роди. Наутро неможам баш, но ручек и вечера убаво си јадам
Кога прекинува килажата да се покачува нагло? Има слушнато сека последните два месеци само бебето растело... Да не се направам буре до крај.
И мене ми рече не си поправена бе, а вагата покажа 4кг+. Рече се од бебето ти е ова. Ама јас се познавам, градите ми се зголемени, салце имам од страна малку, и колковите. И се жалев на мајка ми, па ми вика, мора да се здебелиш како ќе го родиш слабичка мори
Па ја по мрне гледам во 2 мес качив плус 10 и еве сега во 8ми така многу малку...ама ја ептен јадев сега па не можам толку да јадам. Дека топло само на вода ама кај секој различно е валда
не се оптеретувајте со килжа , од бокс ќе симнете со - 5 до 6 кг инстантно , после полека се ќе си дојде на место , ако доите после пораѓај првите месеци ќе бидеме далеку од диета ( здрава разновидна храна , бебче да може убаво да расте ) а после за 5 кг или 10 кг вишок ќе се симнат без мака , јас пред 18 месеци бев 67 кг , од хормони,од секакви витамини, инекции и секакви чуда ја почнав со 80 кг бременоста едвај се поднесувам себе си ама го ставив овој живот во мене на прво место ,пред физички изглед и пред се , до сега 4 кг и се молам само 95 ка да не надминам до крај на бременост
Исто и јас од хормони качив. Пред нив бев 62 иако за мене и тие се многу цел живот бев 55, со хормони дојдов 68-69кг, сеа сум 72 качена. Тешко дека ќе дојдам до старата килажа ама бар до 65 би била задоволна да се вратам. Иако не ми е приоритет само со бебко се да е како што треба.
јас сум 21 недела имам скоро 8кг качено и ми е многу , а не јадам тролку пред да останам трудна јадев повише но си бев и слабичка и висока сум 172 .. но што е тука е ...
Женски некоја со слично искуство...17+2 сум пред 2 недели бев на контрила се си е ок сега следно сум по 2 недели ама страшно анксиозна сум неможам да дочекам. До сега фала му на бога се си е супер мн благи симптоми, ни мачнини ни ништо,се си тера лесно без проблем ни хормони ни апчиња пијам само витамините. Има некои денови кога ме затега доле докторот ми вика од ширењето на матката е ама јас пак се паничам зошто, има пак други денови кога никаква болка не осеќам полна сум со енергија буквално летам ко ништо да немам. Пак страв зошто се осеќам толку супер нели треба да осеќам нешто. Згора на тоа бебо незз сеуште далу сум го осетила мислам да ама не сум сигурна зошто цревата ми се преактивни. Си нарачав доплер за да го слушам срцето да си ја смирувам анксиозноста ама па страв ми е дека ќе се опседнам со него. И така натака...зошто толку страв имам не разбирам...треба ли секој ден нешто да осеќам или има денови кога стварно се е мирно?
ааа неможеш така опушти се малце .. Имаш супер бременост спрема тоа што опиша, зошто да паничеш кога нема потреба од тоа , па што да кажеме ние кој сме имале ваму таму мали проблемчиња краварења и слично .. нема потреба опушти се и уживај најнормално си е некогаш да немаш енергија , некогаш да осекаш болки грчеви тоа е од ширенње на матката и уште по нормално е некој денови да не осекаш ништо и да си полна со енергија ... Само опуштено и не размислувај на лоши работи позз
од кога се влегува во 6ти месец , и кога почнува нагло да расне стомакот ? Јас сум 21 недела скоро а мислам дека го немам почуствувано простор за грижа има ?
Добро изгледа само јас имам меше во 15 недела а слабичка си бев 53 килца. Како и да е многу му се радувам, само нека расте
@maca050619 јас се водам по оваа табела, така да би рекла дека од 22 недела веќе треба да се почне 6 - тиот месец.. и за стомак мислам дека тогаш почнува бебе повеќе да качува на килажа а со тоа и стомак поинтензивно да расне.. доколку сум грешка нека ме поправи некој од поискусните
Иста сум и јас од кога влегов 8ми стагнирав со килажа, а се утепав благо јадејќи само веќе недела или две како имам некоја одбивност на храна ниту знам дали ми се јаде или не али битно бебе си напредува и точно е дека повеќе сега во нив оди храната али сепак треба да се припазува на храна