Мислам и топлово игра улога...само салата ми се јаде овошје благо ќе се изнајадам и толку ... ајде уште малце остана
Истото сакав да го пишам баш денес го мислев 57 останав до 55 се симнав сега 5 месец и јас сум не мрда вагата од 57 до 58 Бебуш си расне ја прашав докторктата оти не се поправам ми се смее вика нема потреба за грижа,да се грижиме вика ако се поправаш многу сега е ова вика супер. Па не знам и оти но оваа бременост немам апетит но се хранам претржно здраво вајда и тоа не дебелее
Срцка не се секирај и кај мене е исти случај и исто сум 17 нед и башка јас морам да лежам ми рркоја дека ми следува серклаж и анкзиозноста уште повеќе работи ама мора да бидиме силни ради нашите бебуши ,а сакав да те прашам од кај го порача доплерот и колку пари ако не е тајна и јас се думав да земам позз
Сите имаме некоја доза на анксиозност што мислам дека е нормално, но не треба да се дозволи да премине во страв и паника. Бременоста навистина е преубав период и не вреди да си го расипуваме со негативни мисли, баш треба да го уживаме Нормално е секој симптом да го гугламе кога се на интернет ни е достапно, но запамтете дека не секогаш има врска она што ќе го прочитаме, со она што ни се случува. Посебно грижите се поголеми кога еднаш веќе имаш поминато низ некакво премрежје или неубаво искуство од претходно. Едно ќе кажам-навистина не било лесно да станеш мајка! Секоја бременост е своја приказна и секоја жена е различна. Џабе се споредуваме за некои работи. Јас прво се грижев што лошењето и мачнините ми престанаа во 9 недела. После во 16та 17та зошто уште не ми расте стомак. Па во 19та зошто не го имам уште осетено а читам сите веќе после 15та ги осетиле. Во 20та,21ва анксиозност за вториот скрининг, црни мисли што ако се случи ова, она... Сега пак во 26та зошто не ми се растресува стомакот секогаш кога мрда и зошто некои денови многу слабо ја осеќам. И само се вадам од такт дали е се во ред, а за што?... Вчера бев на преглед и бебе напредува супер! Џабе сум се грижела, буквално цел интернет го исчитав, што ли не прочитав до сега. Докторката ми рече да не се замарам, најчесто се осеќа кога сме мирни и легнати, после 30та таму ќе се осеќа појако и мноогу почесто. И плус бебе може си е помирно, на мајка Оди си редовно на прегледи еднаш месечно, слушај си доктор, за мирна глава ако сакаш можеш и еднаш на две три недели да одиш ама нема потреба ако имаш нормална бременост. Еден ден сите ќе се смееме за какви работи сме се грижеле
Јас сум 16та недела, и немам качено ни грам. Среќа што се жештини уште па апетитот е на минимум. Пре би јадела грозје и праски него чоколади и торти. Само така да остане. Останав бремена со прилично голема килажа, 81 па може затоа ми е страв,и не јадам многу за да не одам до 100ка. Кај матичната со 2кг ме крадат, таму 83 ме вадат дека сум среќа па дома на дигитална се мерам и си водам евиденција да не претерувам. После прва бременост многу тешко ми одеше слабеењето, па не би сакала да се мачам толку и сега.
Блазеси ти за благото, јас од човек што можеше по цел месец да не стави во уста коцка чоколадо, во бременоста се направив да не можам ни еден ден без него. Купувам преблаги праски, грозје, овошје, ама џабе не ме заблажуваат, ми бара организмот нешто чоколадно Ах ќе има кавги со малава кога ќе потпорасне и кога ќе бара чоколатце секој ден
Епа едвај ја отарасив кандидата која ми дојде на гости баш ради тие чоколади Не дека и овошјето е помало зло,шеќер си е шеќер, но ја држам под контрола вака. За кризни моменти имам 3-4 милки во фрижидер и неколку пакетчиња гумени бомбони Често ми се тресат рацете и дури не каснам благо не можам да се стабилизирам. Ама тоа ми е опростено.
Мене ми се тресат раце дур не каснам нешто солено, што си го имам увртено у глава. Сега ми е подварок со кисела зелка и некое месо,плус сарми ги мислам веќе недела+. Се мислев да си земам црно чоколадо завчера. Стоев, гледав, гледав...ништо не земав. Овошје ми е ок за сега. Коа ќе ме фати криза ќе купам едно ретче црно чоколадо најлепше жеље...ќе го поделам со други,ја коцка ќе шмукам оно, кутро, повеќе личи на лошо какао помешано со малку шеќер и вода, одошто на некое си црно чоколадо,али не сум пребирлива за благо Се надевам неделава ќе има термин кај матичната.. да одам на преглед, да ги изишкам најцрните сценарија што ми се вртат веќе со денови.
Е ме замисли сега за кандидата. Можно е да ја имам а да немам симптоми? И да ми направи некој проблем така? Од кога почнав со утрогестанот секој ден ми истекува како млечно бел исцедок ама немам ни чешање, а мириса на хемија (што значи сигурно е од апчето) И докторката ми вика дека е од тоа, дека вагинално го ставам, а брисеви во 12та чисти ми беа.
Ако имаш кандида ќе имаш сигурно симптоми...чешање пецкање и мислам беше зеленикав или жолт исцедок. И ја од тоа се плашам пошто со благо претерувам. Како превенција јогурт било убаво да се пие...
Мислам нема шанса да не приметиш дека ја имаш. Кај мене ептен изразена, со чешање,оток,зголемен исцедок кој траеше цели 3 месеци. Кога влегов во 4ти месец земав Канестен 3 ваг. и се оттарасив. Ама памет за друг пат со благото..
Колку е нормален пулсот во бременост. Мене 85 ми стигнува а притисокот низок ми е или нормален. Но пред бременоста пулсот ми бил секогаш до 70 ова некако ми смета го осекам во главата чукање , можеби и од хемоглобинот што е паднат читав дека и од тоа се јавува.
Нормален е покачен пулс во бременост, нема од до некоја граница ама за секој индивидуално, мене цело живот ми е околу 80 сеа во бременост никад под 95, ако ептен ти смета, ако те заморува земи б6
Mamicki koja doza magnezium piete? Jas pijam premama duo, i plus tabletki samo Mg od 250, ama racete mi trnat. Onie magnetrans i slicni takvi ne mozam bas da gi pijam blagi se i gadni.
Денес бев на преглед по 3 недели мирување. Добри сме! Ќе се издржи, уште иста терапија и строго кревет ама нема влошување напротив и покрај сите нервози и стресови синко напредува а јас со сите резултати сум во ред. Постелката остана ниска и ќе крвари тек тука до крај. Битно да си мирувам само така ќе си го износам. Цервиксот ми е 4.7см нема кај да оди а со дисциплина и внимавање ќе си го чувам до крај ако даде господ.
Денеска бев на 2 скрининг генерално се е ок , но ми кажа дека ради положбата неможе баш да го виде срценцето као го гледа но само основното и неможел да виде детално и ми препорача да одам во ремедика или систина ,као немало простор за паника али ради сигурност и сеа сум во дилема незнам што да правам ве молам за предлог кај кого би одела и како се движат цените поз
Срцка го кажуваат Др Драшко од Систина јас сум од Прилеп кај нас идел во викенди и сите кај него одат и наплаќал 1500 е сега Систина сигурно е поскапо и без паники се е во ред али да не ти е во мисла отиди..сепак нека кажа и др женички што го поминале скринингот на срце каде биле позз
Да планирам да отидам да ја тргнам таа мисла од глава само да се распрашам и да ми препорачаат кај кого .. позз