бев вчера на втор скрининг кај Дракулевски во Систина , мене ми беше дилемата дали да правам кај магичната или тука и баш за ваква работа одлучив директно систина да одам , докторот супер пристап има ( иако се знаеме ) 15 мин преглед секој орган е на место се е по мерки до недела , срценце супер и препорака за трет скрининг во 32 ра недела пак кај него , цена 4550 ден и закажано имав во 18 ч чекав 1 час , влегов во 19 кај него
Многу се мислев дали да одам кај матичниот или дирекно во приватните , на крај викам ајде ми ја водат бременоста ке си идам кај него и сеа пак треба да идам дупло пари даваш ,ем се малтретираш 2 пати ...
првиот скриниг беше кај матичен , малку паника ми кренаа , па трчав во два дена да средам скрининг уште еден за да се смирам , а не ми треба сега стресови и затоа реков овој пат не ризикувам пак да ме испаничат , ова не се гледа , оноа не се гледа , не е свртено убаво Вака пообјективно мислење и нема утка
Девојки какп сте ми ! Сакам ваше мислејне денес бев на контрола кај матичната бебуш супер 18 недела ама малце се загрижив цервикс 3 .2см со мал фунелинг и ми рекоја мирувајне и утрогестан ваше мислејне ,а во Плодност не ни кажаја дрка постои фунелинг само ми рекоја дека цервиксов е исто 3 .2 см и за превенција да направиме серклаж ама дури во 20 недела можело да чекаме ..Е сега мене ми е дали да чекам до тогаш или да одам во Плодност и да му кажам шо ми кажа матичнава фала
Јас од 16 та Сега се плашам да не не ми сменат пол, па син да се вози во црвена количка и розеви бодиња
Јас во 18та купив од ќеиф 3 боденца, а од 22 наваму си купувам поактивно. Ич не сум за тоа да се чека последниот месец-два да се купува. Вака од секоја плата секој месец по нешто и финансиски е полесно.
Мајки молам за совет!!!! Неколку денови по ред ме боли стомак како за добивање, а 23+2 сум и многу сум исплашена дали е во ред ова вака!? Бев на 2 скрининг пред една недела и се е во најдобар ред со бебето, но тогаш не осеќав вакви болки, се плашам
И мене ме боли стомак и на некој места боли ко модрици да имам ко ке се пипнам, плус одвреме навреме имам некој воден исцедок ко да сум помочана и сум цела во паника дали да одам на доктор, минатата недела бев на скрининг све беше супер. 23+1 сум.
мене исто вчера и завчера ме болеше , дури ми се стврднуваше како контракции , а рано е за лажниве да почнат да се појавуваат , да се смирам еве сабајле си дојдов на лекар инаку и јас сум тука некаде 21 + 4
Стомакот мене ми се стврднува зависно што јадам. Пошто сум на режим заради контрола на шеќер, па, неколку недели внесував многу малку јаглехидрати скроб ко компир, тестенини, пецива. Стомакот ми спласна и омекна. Последниве три-четири дена внесував повеќе јаглехидрати, вчера дури и сок од вишна пиев ( тетрапак) и еве го, па е издуен и тврд. И мене повремено ме боли кога ќе го допрам или ќе се допрам од нешто..ко да е почувствителен некако и мислам е ради ширењето..оптегнатоста. Али зборете со матичните.
И јас се јавив ама ми рекоа ништо не е, ако ме боли цело време тогаш да одам на преглед На моменти ме заболува, поготово ноќеска ептен ме болеше, инаку пијам се од витамини и mg Јас не осеќам така мене баш константо во етапи ме боли овие дена, а чувството е како пред мензис. Досега така не ми било, а мојот гинеколог загатен и сестрата ми се јави, ништо не ми е одма да ме откачи, може и не е ама сепак мора да прашам, загрижена сум дали да мирувам или не. Јас постојано сум во движење
Ист случај сум Матичната вика од што претежно стојам на работа, другата др.каде бев прошла недела ми рече од тоа што ја кревам ќерка ми која е 13кг.. Мислам секој момент ќе добијам. Баш така боли. Ни магнезиум не помага.
Ми кажаа да мирувам и мг да појачам 3х1 оффф, а се супер бев на преглед во Ремедика потоа почнаа болките, налет..