И јас сум 19 недела. Не го осеќам бејби дека баш удира единствено можеби како бранчиња на стомакот исто како кога ќе ти закркорат цревата. Понекогаш кога ќе легнам на грб зависи како е наместено или левата стрна од стомакот или десната страна на стомакот ми е поддигната а другата сплескана и тогаш знам каде е точно.
Јас прв пат осетив во 16та како бранче, и после дури во 18та-19та почнав поредовно ама не секој ден. Од 25+ веќе поубаво се осеќа, така да без паника и да поминат неколку денови да не го осетиш не е страшно. Тоа си мрда ама колку ќе го осетиш зависи од положбата како е наместено, и кога си во движење може и да не го осеќаш. Тука пишуваа благо, кока кола и лежење на грб за да мрдне, а кај мене ни тоа секогаш не помага Плус читав и дека во тој период 6ти месец спијат по 20 саати и тогаш се мирни. Јас сум 28ма и уште има денови кога е многу мирна бебка, ќе мрдне онака мрзливо неколку пати, а има и денови кога ми го поткрева стомакот. Мм само 2 пати ја има осетено. Има бебиња помирни и бебиња поактивни, со тек на време ќе си го научиш Се е нормално, немаш потреба да паничиш
сакам да прашам дали е нормално одвреме на време жолтеников исцедок заедно со бел , брисеви имам правено се е ок , но сега е малце по жолтеникав и затоа ме секира , нема мирис ни чешање ..
Истото и мене ми се случува и не е ништо загрижувачко, само мењај често памучни гаќи и пеглај ги пред да ги облечеш. Јас по 3 пати на ден мењавам, брисевите ми се чисти ама тоа е во бременост мислам дека сите го имаат тој исцедок
22+6 дали и вас ве буди беба од во сон поради јако тропкање? Има два вечери како јако тропка и ме буди, дали е нормално оваа недела?
Да и кај мене е така уште во 20-21 недела ме будеше, а сега 27 скоро по 2-3 пати во текот на ноќта се будам од удари.
Добро да знам што да очекувам, малку ми е непријатно кога ќе се разбудам, како да турка по 5 секунди на едно место, па ми е страв, ајде ќе се навикнам..
Навики се што поскоро оти како летаат неделите се почесто ќе те буди, уствари не потсетуваат дека се тука .
Бев денес на преглед 14+2 го видовме бебече.Си мрдкаше , дури и дада го виде па вика ми мавта рака Докторката го помава тоа ехото и ај доста.И кажав дека ме боли грбот одговор да вежбамЈас немам сила до веце да идам вика вежбајВелам немам воздух не можам да дишам - па многу ти е оптоватен крвотокот и затоа, сигурно од гадењетоОдговори за чудење и јас тоа го знаев.После прегледот ме мереа и притисок и килжа.Притисокот ме загрижи многу 142 со 78 ама неможев да прашам нели е рано за волкав притисок. Па сега многу сум уплашена .Ми даде едни апчиња за гадење па се надевам да се освежам малку
Вие изглеа ептен слабички сте штом ве буди така 28ма сум и мојава уште како црвче мрда, а кога ќе мавне така појакичко ич не ми е непријатно
Како мене не ми кажеше да вежбам нај радосна на цел свет ќе бев кога лежев првите месеци мислам дека цел свет ми се сруши, а сега веќе на крај па не можеш ни да ме станеш од топлово не ми се ни живее. Иначе притисокот да не ти се качил од движење ете до лекар и од јадење може моментално да ти покаже особено ако е дигитален стално покажува 5-10 повеќе
Преку ден обожавам кога ќе мрдка, па јас ставам рака па го осеќам како се движи. Во сон ми е непријатно оти синоќа туркаше 5 секунди на едно место па бам јако удри и се исплашив, ех душа и него му е тесно во стомачето. Иначе да моето јако удира, не сум многу слаба средна сум, баш се здебелив сега, не сум мерена иначе чекам следна контрола да се мерам па да добијам шок
Иста сум и јас и ако не ми е препорачано да лежам јас ништо не правам само лежам.Сила имам до кревет и веце да идам.За притисокот не сум пешачела многу некој 100-200 метри.Јадење месо не можам да мириснам, што и да апнам престанувам да дишам многу ми е мачно и јадам многу малку.Не сум била возбудена.Бев среќна заради бебето.Не знам и глава цела вечер ме болеше.Сега пак ми спаднал 116 со 68
Па јака е момава моја, баш пред некој ден се присетував на првата бременост со синко и баш ми велев на мм, синко ептен беше нежен ама оваа женскава ме отепа и за него. Па имам пишувано дека 26 +3 г.н само 3 кг имам покачено, стомачето е минијатурно , само бебчето е,а јас сум висока и имав нормална килажа па затоа изгледа и јако удира малку место има.
Здраво девојки. Моментално сум 18та недела. Мислам дека настинав: ме гребе грлото и ме печат очите, можно е и температура да качам. Гинекологот е на одмор енд со ем ај... Доколку сте се нашле во слична ситуација, ве молам споделете искуство, што би можела да се напијам од лекарства?
Само парацетамол ако имаш покачена температура, а за грлото пропомел пастилите за лижење мислам беа безбедни. Земај и витамун Ц обавезно, и повеќе течности. Со помин
мамички некој страници поефтини од нет за новороденчиња се што треба , и за од томи типи шишињата да не знаете каде има комплет ?
Томи типи ми кажаа само Бебе супермаркет ако си од скопје. За облека исто ако си од скопје до сега најевтино и најубаво што сум купила било од Ваикики..не е онлајн ама може ќе те однесе пат
Baby shop Bomida, Tilla kids, моментално на овие ми текнува за облека за онлајн, имаат фб страни и пристапни цени. Ќе ти излезат и други штом ги заследиш овие па види разгледај.