Да исто и мене ме боли, јас сум бремена со близнаци и ја прашав дпкторката ми рече дека е нормално, ти која недела си?
Јас се осеќав како да ми тежи доле дури и помала недела од тебе бев и викав на докторката дека се осеќам како да ќе ми падне нешто меѓу нозе безвезно чуство некое ме гледаше и со прсти,вагинално вика гајле немаш се е затворено ова 2-3 пати ми се случи и тоа почесто во движење ако дента малце повеќе сум движела
Штом не е костантна болка не е ништо мене сите болки ми престанаа накај 8ми месец до 8ми се ме болеше и вагина,грчеви,болки чудни и тоа се вака како што викаш ти 2-3 дена и ќе пројдат штом не е константно немаш паника
И мене ми се случува истото. Или после подолго лежење или после подолго пешачење или работа. 13та недела сум. Се заборавив да му спомнам на матичниот. Магнезиум каков земате?
здраво мамички јас сум 24+5 па бебушко денеска премногу е акривен цел ден клоца па сум малку загрижена ...
Се разбудив во 4 и 30 сабајле, имав болки во стомакот како за добивање издржливи, мислев ќе поминат ама не и ме фати паника па се напив добростон и после некое време ми се намалија и сега сум добро, се осеќам топла мерам тем 37 се напив парацитамол и вит С. Дали имала некоја слично искуство??? Инаку да напоменам 26+3 сум
А магнезиум не пиеш? Ми се дешавало да ме фатат најчесто зошто спијам со промаја и откриена. Темп 37 не е ништо страшно не си требала да пиеш парацитамол ...следи ја денес секако ако дојде 38 тогаш земи парацитамол. Прво пробај со туширање да ја симнуваш
Пијам mg 1x1 може треба да појачам!?? Пиев пред 10 дена 3х1 намалив мислејќки дека нема потреба толку. А за температурава и покрај тоа што се напив парацитамол уште имам 37, многу долго време сум немала тем, се секирам од каде сега качив. Ќе се истуширам сега, цела сум топла
Не се секирај 37 не е температура може ти е жешко само или некоја така прелада од клима од било што. За магнезиум ја пијам од тој директ во кесички 1 пред спиење Чуј се со матичниот види колку точно смееш. Јас бар пијам во 21ч, ако не се напијам се ме боли
Женички дали имам простор за паника , на излегувањр од вц се удрив со квака странично во стомак не ме боли сега , малце во моментот но се секирам мн да не го повредив бебето , после 5 6 мин од ударот го осетив како мрда
Магнезиум пијам цитрат, од кесичките ми се лоши пробав не ми прија. А за температурава ќе почекам уште малку, ако не ми падне ќе ѕвонам на матичната, мада што ќе ми каже само да се витаминизирам и течности и парацитамол, друго не би пиела освен ако качам повеќе
Не е страшно заштитено е со обвивкатаЈас со првото нон стоп во нешто се ударав исто и сега ако не ми е голем стомакот