Здраво девојки,дали ви се случило да чувствувате болка и како жешко под десната града над стомакот при одредени движења?Се јавив на лекар денес ама уште не ми се имаат прејавено,се надевам не е нешто загрижувачко
јас се плашам нешто да не му е на бебенцето ама немам нигде само на препони меѓу нозе и позади на гз внатре како да кажам и немам чешање ништо се мислам дека од бекутанот пудрата ми е
и кај мене беше 26 , не јадам месо ич ми се лоши од месо ама пијам какао наместо кафе од почеток на бременост , јадам насабајле обавезно овесни снегулки и да гравче и леќа многу јадам , од тоа е
Мене секогаш ми било ниско железото едвај максимум до 10 да стигнало и тоа поред месо и се што јадев од кога останав бремена магично ми се качи на 22 и до месеци така ми беше освен сега последниов
Здраво женски колку пати во текот на денот го осеќате бебето и дали на некој му имаат кажано од 28г.н треба да брои дали има барем 10 удари од бебе.
Ако е некое понежно бебе некои удари нема ни да ги осетиш како ќе ги броиш некои денови се и поспани па по алце мрдаат и удираат некои денови толку активни што си викаш дај нека намали малце Јас цел ден го немав осетено бебето да ме шутне во 31ва среќа дента бев на цтг и супер се беше
Уфф јас уживам во овесни снегулки. Сите ми викаат дома како можеш да ги јадеш. Јас си ги кувам со млеко, лажица путер од кикиритки, пола банана пире. Па ги декорирам со јатки и сушено грозје. Убајни
Тоа е тоа женски, без паника, нормално е Истооо, и маж ми го навлеков. Јас па ги јадам многу со овчо кисело, или јогурт плус црвено овошје, што имам дома. У 3 сабајле јадам, сите благо ја овес. Негооо, жени ја си имам мака. Деснава нога, поточно колкот и дел од кичмата многу ме болат, како шилци, на моменти неможам да стапнам Сабота е неможам да вртам на гинеколог. Ви се случило ли вакво нешто?
Да , мене ми се случи колкот да ме боли ама тоа траеше отпирлика една недела и само ми помина. Магнезиум пиев редовно по 1 кесичка на ден без прескокнување, да ми се ослободи мускулатурата. Па фала богу еве сега немам гајле ништо. Само ќе си помине , уживај!!
Фала на одговорот фајр Веројатно од самата тежина, ма да мислам дека немам многу качено, 5ти месец 6 кила. Бебе да притиска не верувам, малецко е уште. Тоа е ќе се трпи, слатки маки.
Која недела си? До 28ма ретко го осеќав и многу нежно. Знам имаше денови кога нигде го немаше и многу се загрижував. Се прејадував благо и некогаш беше џабе. 30та сум сега и уште е нежно, го осеќам секој ден и често ама само како протегнување, нежни клоци, икање. Ниеднаш не ме има клоцнато толку јако да ме здоболи, а јас мислев така треба. Веројатно си е такво мирно, помрзливо и нормално е. Докторите ми рекоа после 28ма, 30та ако ич не го осеќам во текот на 24 часа тогаш ќе ми даделе да бројам.
Јас ја полнам 20та, и не да клоцааа, растура по цел ден Абе 300 грама си пердуфче ни едно, од каде таа сила за такво клоцање по цел ден..
И јас да се пријавам за клоцањето мојот дечко поприлично активен е особено насабајле кога ке го испратиме тато на работа како да знае аха сега нема никој па јас ке си беснеаам а кога е маж ми дома за чудо помирен е кога ке се врати одма се смирува и мм уште го нема осетено на рака да мрда а 25 +3сум ама ако нека клоца нека мрда така ми е мирна душата знам дека е добар ❤❤❤
И јас сум 22 и мн малце и ретко го чуствувам и ме фаќa паника а дeнес бев на контрола и во ред беше ,а моја другарка исто колку мене и е и скрос и се познава дури стомако цел и се мрда и се чудсм а кај мене мн малку ,валда секое бебче е разлилно нека кажат поголемиве мамички како е правилно и дали има простор за паника
Не е за паничење, не се грижи. Имаше по 3 дена по ред во тој период кај што не го осеќав. Се си беше во ред, не се споредувај со никој. Секое бебе е различно
тука некаде сме ние 25 полна , некој ден е мирно ептен, а некој ден е многу пргаво и додека седам и додека стојам мрда ама строго доле со ноџињата , под папок многу ретко се врти со глава надоле и тоа по 10 мин само и пак ќе се врати обратно , неможам благо да јадам и се по ретко кока кола ама кога ќе се напијам се раздвижува ептен .... кога ика ја осеќам скроз доле скоро кај срамната коска ништо погоре незнам кај Вас како е