И мене истото ми се случи пред неколку дена се напив магнезиум и одморив и за ден два ми помина Исто и јас вчера бев на контрола ние тежиме 400грама и јас некој ден ја осеќам повеќе некој помалце
Фала шо ми врати ме смири стварно некогаш си викам оти не мрда ама па си викам сите се различни ,ајде валда па кај 24 повеќе ке го сеќавам
Да да се случува и мене почна да ме боли нога и колкот ме пресекува дури некој пат, од тежината е ми рече докторот
За овесните да кажам јас како си ги правам. Ги варам мноогу кратко со ред црно чоколадо. Пудинг ги ставам во чинија и додавам сецкан поррокал, банана, аронија, боровинки, малинки, јаготки, капинки, суво грозје, сува брусница, семки од тиква и сончоглед. Превкусно нешто пробајте
12та ми кажаа дека можеби ќе е машко и 15та ми потврдија. Ако е женско и можеби нема да ти кажат толку рано, покасно кажувале на женско. Да не се појави случајно пипиии и да биде машко
И јас си мислам така, ама па на колешка и утнаа, кажаа дека е машко, после неколку недели за сигурно и потврдија девојче. И така, не знам што да си мислам.
Таман ти е 16та мислам, убаво се гледа. Мене во 13та ми рекоа машко,па во 17та ми преправија девојче дека е за сигурно,и матичната и докторот во систина.
Што ме најде бе, од 4 се будам до 5 - 5:30 едвај заспивам назад. Не знам дали е од хормоните... Многу се фрустрирам, па каде уште од сега, чекај има време ко ќе дојде бебе да не спиеме по цела ноќ...
те тренира од сега можда па кога ќе се роди ќе те остави да си поспиваш јас сум од 4, 4:30, 5 будна секој ден. Ама мене ми е нормално ова пошто ко вампир сим цел живот. По помалку спијам. За разлика од претходно ама, сега ко кокошка заспивам порано од вообичаено, некад и преку ден морам да дремнам бар пола саат
И јас така секоја втора вечер веќе цело лето, од 4-5 сум будна. Тогаш станувам за во вц и неможам да заспијам после, се расонувам
Само ја сум спанка изгледа. Кузнај колку гроги ќе бидам со бебето. Легнувам 21-21:30 и станувам во 08 сабајле (ќе спијам и поише ама работам) Со неколку станувања за во вц ама немам ич проблем да презаспијам. А сите викаат во 9ти не се спие ја па баш се изнаспивам
Исто се бидам накај 4 за вц, и преспивање јок некад 6 некад 7 ме фаќа, и во 8 аларм за боцкање и толку од спиење ова се тренираме за кога ќе се породиме со бебињата
Ти имаш супер лесна бременост, секоја ти чест, баш сум љубоморна. Јас прво тромесечие 24/7 гадење, па второво несоници, кошмари, повраќање на сабајле, па уште кога ќе ме фукнат хормониве и ќе ми го променат расположениево можам живи пилиња да јадам. Ајд бебе напредува ама се надевам нема да излезе нервозно од сите мои нервози
Оф така изгледа. И јас 1во бев со повраќање среќа бар кратко траеше. После цело 2ро со црни мисли и соништа ми помина. Па хормони и расправии секојдневни со мм. Можам да кажам дека сега веќе 34-35та недела дури стана помирно и се опуштив. Иако немав некој проблем како многу овде пак бев под непотребен стрес и паники... Жив паничар