Да, си мрдаше и кај мене, ама чудни беа болките 2 дена, и отидов на ехо за да ме видат. И јас си помислив настинка, ама од самото ширење на матката се случува ова, и од таму болки/грчеви. Земи магнезиум citrate на Now, softgels се, 1 сабајле 2 навечер.
Некое грдо чуство денес мислам ке ми испадне бебето одоздоле ко притисок да осекам ? Ви се случило ли болка немам ништо но премногу сум загрижена. 25 недела сум на ехо бев вчера се беше во ред.
Луѓе 25+6 сум, нешто во бешиката ме боцкат и ме пржит, урината не ми мириса и има иста боја. Ако не ми помине до утре, дали да одам на преглед?
14+ сум и веќе 2-3 часа имам тапи болки доле во стомакот, кај јајниците, или не знам како да опишам, мали болки се, ама веќе се долго време и ме фаќа страв, и пишав на матичната, бидејќи не работи па чекам да ми врати.
Јас сум цела во паника еве и звонам ма матичната не ми крева. До 8 работи, после 8 може ќе одам на хитно ако не ми помине.
Ех ми се јави матичната па ми рече чај брусница да пијам и да не се плашам, нормално било кај трудници. Уф бе не знам што да речам..
Јас не знам, ме фати страв, ја нема уште матичнава, се мислам да одам на дежурен, не се јаки болките ама ми е страв..
Доколку не ти се силни болките, тоа е нормално се случува промрна на телото, се шири матката. Опушти се и уживај си во бременоста. Не знам во Македонија како е ама мене докторката ми даде да си пијам магнезиум секој ден, така да можеш да си се напиеш и тоа.
Пијам јас секако магнезиум секој ден, сега се напив уште еден и плус Б6, и отидов и до дежурен, ме прегледаа се си било во ред, немам вака ни крварење, ништо, дури и ехото е добро, е сега можно е да е уринарна инфекција, не се знае, ама јас пак си имам така тапи болки, дали дека бев на работа, не знам..
Течности е супер,ама утре однеси прва урина на испитување,да си на раат.Да ,полно трудници добиваат инфекција па затоа испитај си.
Од што се добива инфекција? Хигиената ми е на ниво.. До сега не сум имала ништо, сите брисеви чисти. Да не е прелада, мајка ми ми викаше ладно сум пиела денес многу да намалам со ладното.
Инфекција е бактерија,ама не мора да значи дека имаш.Ако имаш и домашни ленти за урина(не знам дали ги има во мк) можеш да се тестираш и со нив.Може и да те пецка ако помалку течности си пила деновиве.За ладно искрено не знам што да ти кажам.Некој го поднесува некој не. Пиј си од собна тт и нема да имаш проблем . Самата браменост е дисбаланс на хормони.Настанува промена на pH на урина, вагина и затоа трудните се подложни на инфекции.Не дека не одржуваш хигиен, некогаш и од многу хигиена настануваат проблеми, со измивањето на позитивните бактерии кои не штитат од негативни бактерии За содата и киселините видов си пишала во трет семестар.Мене само сода ми помагаше ,никое др апче во првата бременост и цел втори и трети семестар бев на сода.Фала Богу ќерка ми е здраво ,право дете.Не знам дали смеев ама ја пиев оти не можев да легнам како змеј се чуствував ,како оган да испуштав од уста.Ама ќерче се роди со коса прцка да и врзиш
Бактерија можеш да добиеш од прехлада или држење на урината не доволно внесување течности ако не работат бубрезите ако нема филтрација добра големи се шансите за бактерија,а ако би ја држела урината можеш и воспаление да направиш на бубрези и мочни канали верувај воспалението боли премногу
Јас правев испитување ма 7ми овој месец, се беше во ред. Не знам колку може од тогаш до сега да се промени? За течности премногу пијам и вода, еве денес доста ладно пиев. Ќе направам пак испитување не е проблем еве цело време ме пецка, не знам дали е прелада или инфекција.
И мене ми рекоа да правам уринокултура, се сомневаат во некоја бактеријс или инфркција, и сега еве од 6ч сум станата и чекам Авицена да отвори, јас немам пецкање и чешање, само како некој притисок и болка..
Прехлада, колку што знам, се манифестира со.често мокрење. Пецкање, чешање дур мокриш е бактерија,инфекција можеби, а можеби и везе нема Подложни сме дур сме бремени. Кога ми зимаше брис матичната,и увек кога ме гледаше, се' беше ок. Никакви знаци на инфекции и сл. Од брисот испадна уреоплазма. Па сумамед пиев, па ај и кандида се појави. Нит чешање имав, нит пецкање, нит боцкање...директ во мокрачата излегуваше.. бели парченца. Прв пат у 37 години. Правете уринокултура. Не се држете само до преглед со голо око или совет на невидено. Јас секој месец правам. Некогаш по два пати ако сумљам нешто не е ок. Се' било ок до сега и, сепак нешто испадна.
Само да се надоврзам на тебе...еден доктор ми кажа многу е битно и како се дава примерокот за уринокултура ( ја не знаев до тогаш) Стануваш, се миеш, пушташ еден краток млаз па со вториот полниш во стерилната чашка и тој примерок го носиш. Ја па отсекогаш мислев дека одма прв млаз мокриш и носиш...
@Milkiway во Македонија и јас како сите практикував првиот млаз, овде докторката ми кажа истото што го кажа ти само што најубаво било било до 40 минути да биде однесено. Почнав да темпирам време да биде пред 40 мин @BabyD0ll гледам пишува матна, жолта. Не се разбирам многу ама од искуство кога ми било така се работело за ешерихија коли.