Мене ме пецка во бешиката и како бодежи да имав. А кога уринирам се е нормално, само што често мокрев. Ама на резултатот не пишува дека имам бактерија. За една недела дали би се променило нешто? Ај ќе видам денес ако не ми се смире од чајот л од брусница, утре ќе морам да правам преглед. Не знам зошто матичната ми рече пиј само чај и немој да се плашиш, да се сомневаше во нешто сигурно ќе ми речеше прави испитувања. Не знам искрено што да правам.
Дали резултативе ти ги виде матичната? Сепак она што пишува матна урина укажува дека не е како што треба. Ако е во ред треба да пишува бистра и жолта. А и друго кај хемиски преглед најдени се леукоцити а ти пишува референтни вредности треба да е Негативно што укажува пак на инфекција. Следно кај микроскопски преглед најдени се 80 леукоцити а р.в. е 5 значи пак отстапување и знак на инфекција. И кај бактерии кај тебе пишува маса а р.в е ретко. Така да јас од резултативе неможам да кажам дека баш се е во ред. Сепак имаш знаци на инфекција читајќи ги резултатите.
Ви право си, да ги виде, не знам искрено. Мислам дека ќе одам кај општ матичен да видам што е работата.
Хигиената нема врска со уринарната инфекција, барем така мислам... Јас поим немам како ама имам некоја уринарна инфекција и ми прави страшна нервоза. Како со нож да ме боде некој фолр. Добро е додека седам кога ќе станам неможам чекор да направам Ми даде терапија па се надевам ќе се среди. Инаку амоксиклав ми препиша. Сте пиеле некогаш ?
Е па бев кај матичниот, истото ми го кажува како гинекологот. Ако леукоцитите во крвта биле нормални, немало потреба од никакви антибиотици, не било страшно сум можела со чај од брусница и камилица да поминам. Нормално било во крај на 6ти месец кај трудниците ова. Тоа е. Ќе морам да пијам доста чаеви.
Кај мене во урина кај Леукоцити стоеше покачени и +. Ја напрајв уринокултура ништо немаше. Сега последнава пак исто матичнава исто ништо не ми кажа..брисеви чисти
И јас имам чисти брисеви, а еве стомакот ли ме боли јајници ли, не знам ни јас, резултати од уринокултура тек за два дена, а си мислев приватно ќе се побрзи, само чај од брусница смеам да пијам, и тоа не повеќе од 3- 4 шољи во денот, друго не, сега за сега.
Кај правеше? Ја во синлаб ако е негативна добивам истиот ден резултати. Оставам сабајле 7-8 кај 2-3 ми праќаат. Бар периодов е така и ја се чудев дека се брзи
Јас Авицена, ми рекоа тек за 2 дена, ама јас знам дека имам некоја инфекција, матна беше мокрачата, плус вака и претходно ме болело, ќе видиме.. ти важно ништо не си имала.
26 г.н денес, последна во второ тромесечие. Бебе не мрда многу како претходните пати, и ако мрдне како длабоко некако слабо го осеќам. Се надевам се е во ред.
Јас пак да прашам да не утнам со неделиве, кога се испитуваше скриен шеќер? Кога се пиеше гликозата,шербетот ?
Немам никакви индикации, ама сепак ќе испитам за секој случај. Да не случајно има скриен шеќер/гестациски дијабет.
Мене ми спомна док дека треба да биде во периодот 24-28 гн, јас не можев да издржам покасно наравив во 25 гн. Малку бев напната (какви ќе се рез), 3 пати те боцкаат, но помина се ок.
Женски, денес ми стигна резултатот од уринокултура, во Авицена правев, и пишува дека според резултатот нема никакви уринокултуролошки бактерии, а пред некој ден имав болки, тогаш од што може да е болката, не разбирам, со чај од брусница вчера и денес што пиев, еве се ми се смири, на ехо беше добро, и сега не ја сфаќам таа болка од што може да е...