Ти си за малку понапред од нас, ами сега ќе се собереме таму во трето тромесечие да си ги кажуваме маките и грижите, па тука ќе се соберат други и ние ќе пробаме да им помагаме како демек "поискусни" сега.
Цел ден ме боли еве се вратив од дежурен ме испопрегледаа детално. ЦТГ во ред, ехо супер, цервиксот супер, бебка е супер..а уште ме боли ама едноставно тоа е природен процес, се шири матката и телото поминува низ промени колку и да делува страшно. Ама сепак неможеш да не се плашиш. Ми рекоа само магнезиум да земам и толку.
Магнезиум пиеш редовно или по потреба? Како си сега? Штом ти поминало од магнезиумот не е страшно, ама одмарај си не се преработувај. Нормално е да имаш како мускулни болки во препони, од страните на стомакот, грбот, од промените што се случуваат во телото. Ама со одмор и магнезиум треба да поминуваат.
Почнав редовно да земам магнезиум, сеуште имам како млаки болки ама бев на лекар ме видоа детално се си е во најдобар ред, барем психата си ја смирив. Матката се шири, бебето расте и тоа е. Нормален дел бременоста, ама пусти бубачки
Гледам многу се пожалиле од благи болки во стомакот, еве и јас знае да ме фати така во денот неколку пати, со пиење на многу течности и вода, ми се потсмирува малце, дали на повеќето ни е така од променава на време, не знам, ама битно е дека не сум сама.
13та или 14та недела почнува второ тромесечие? На апликацијава ми пишува 13та,тука некаде прочитав 14та?
Со 13та недела полна т.е. 13+1 си прв ден од 4ти месец.Според една моја апликација е така ,според тоа си гледам
Девојки денес правам тест за скриен шеќер и еве чекам да дојде време за третото мерење па почна малку паника да ме фаќа На гладно шеќерот 5.8 еден саат по гликоза 11.3 и сега ке видиме наредно колку ке биде Вас како ви беа вредностите овие моите како ви се чинат Ако се разбира некој
Моите беа 5, второ 8.9 трето 6.8 .. ми рекоа малце покачено ама дека не е ГД. Почекај да ти ги комлетираат резултатите
јас правев денес , првото ми беше 5.3 , ама за другите не ми кажаа ништо , за два саати резултати рекоа