јас се сметав за влезена во второ од 13+3 затоа што 40 недели / 3 = 13.3333 а инаку по скоро сите апликации официјален почеток е 14та.
Баш те читав последните мислења ама дури сега, пошто повеќе прво тромесечие пратам, 3 недели си понапред од мене мислам, ама истото што ти го пишеш, истото со недели ми се случува и мене. Полесно е кога гледаме дека има и други со исти симптоми, значи нормално е што ни е вака, и редно е да се опуштеме и да поуживаме во бременоста малце. Јас еднаш неделно одев на преглед кај матичната,и се едно исто ме боле,ме боле доле, нешто не е во ред. Вагинално ме гледаше секогаш и се беше во ред. Не и верував неа, ќе одам на второ мислење еј . Кај специјалист бев, Саша ќелавиот од Гак, ме гледаше исто вагинално со сонда, па на крај рака ми збрца да ме прегледал и така, а јас 9 недела само. И брисеви чисти и уринокултура правев два пати - уредна. И што испадна? Паничарка, е тоа. Увин чај и брусница пијам, ако денес пијам увин за 2 3 дена брусница, Пролом вода земав се луксузирав секој ден, ќе уништувам бактерии јас шо не се видливи де. Нормални се болките, веќе не ги регистрирам, чисти ни се сите испитувања, фала богу се е во ред со бебињата, малце да олабавиме треба психички и повеќе течности, тоа најмногу помага за болката и јас приметив.
Јас сум 15та недела, од вчера официјано, и ми се поднамалија болките, секој недела имам различни симптоми, прво повраќав, после главата ме искина и низок притисок, ми се идеше со чекан да си ја мавам, после кичмата и некој нерв ми се фати позади рдвај одев, сега па стомакот доле ниско, се нешто ми е, значи кога не ми е дури се чудиме со ММ дома, и ми се смее, сирот греотка, а тек уште колку има со крај.. сега полна на 2-3 саати да ми се јаде, еден глад што осеќам нема шанси да го трпам поише од 5 мин. Матичната ја отеков, само и пишувам, викам да дојдам сега, па за 3 дена пак да дојдам, само ме смирува и она кутрата не знае више што да ми каже.. вака кога читам и на други дека им е слично, барем се олабавувам психички малце, ако ништо друго.. убаво вака да си пишеме во темава што како ни се случува..
Zdravo na site 15 +4 sum bremena i ne cistvuvam nikakvi bolki samo vo gradite i preku nokj odam cesto vo wc drugi simptomi nemam a do 13ta i povrakjav preku 2dena dali e vo red? Koi simptomi se tipicni vo vtoro tromesecie koi simptomi gi imate ili imavte vie vo ovie nedeli?
Секоја бременост е различна, не се споредувај со други. Во второто тромесечие јас немам никакви симптоми, еднаш или два пати имав малце болка и тоа беше се.
Јас сум 21+2 , почнав 6ти или од следна недела овоа неделите ми се Во врска со повраќање , мачнини некаде кај 13-14 недела се смирив скрос , а повраќав мн по 3-4 пати секоа ден се шо каснам и само 3-4 раб можев без пр да јадам .. Сега 10тина ден пак сум шашава некако по еднаш повраќам и пак некои работи ми се Со првото не бев вака , првп тромесечје имав мачнини се ама упола од ова . Сега незнам како ќе го испиам тоа шербетот за скриен шеќер а да не направам хаос еве се ближе за недела две гарант нема се нормализирам ич неможам благо од старт да јадам . Од позитивна страна и најубава периодов ептен убаво веќе се осеќа бебуш цел стомак го дрма
Јад јадам на секои два часа Ако не јадам, лошо почнува да ми е, вака најдена, полно меше, немам вртоглавици и лошење. Не повраќав ич јас, ама знаеше да ми се слоше и одма тогаш пиев кисела вода со лимон или цеден сок, и благо обавезно апнував и апнувам уште, пошто имам низок притисок и кога ми паѓа притисокот ми паѓа и шеќерот, и за кратко одма сум како нова, му го најдов чарето на тоа. А ослабнав 30 килограми со протеинска храна, за сега да месо не можам да мириснам, само тесто ми се јаде и од тоа не ми се лоше. Господе пази ме и скрати ми од стрвоста и апетитот, бар некогаш викам, може поарно ќе беше да ми се лошеше бар малце повеќе да не јадам волку често и се и сешто што претходно не јадев воопшто Носот ми е затнат цела бременост, болки во матката и јајниците, градите ме болат уште од 4та недела, кога го соблекувам прслукот како да ми ги влече некој надоле , зголемени ми се, набубрени, а и така ми беа големи. Често одам во вц, посебно навечер по 5 пати се случува, и имам гасови. Апетит ненормално многу зголемен, можно ли е да е од премамата, натаму ми оде мене умот, или тропам глупости? Нервозна сум многу, друг немам прочитано дека е, немам нерви луѓе, нели е рано за тоа? Тоа се тие симптоми, иако морам да признаам последните недели уживам во бременоста, освен што имам грижа на совест што јадам многу.
Добро раат да не сум, имам температура 37.2 со 3.. прееска едниот крајник како да ме гребеше, сега веќе не, значи ми е страв од коронава, друго не, аман веќе, ако има нешто како поминуваат бремени со корона вака во 4ти месец, дали е критично да не имаме послаб имунитет? Стварно мо е страв..
И јас кога бев 4ти месец имав температура 37 и ме болеше грлото, па мислев корона е. Земај пиј чај два дена и ќе ти помине, не паничи се.
Јас одма на корона помислувам, и страв ме фати, а се пазам, ама тоа не бира.. пиев Б6 и магнезиум, викам ај уште не сум за парацетамол, ќе направам еден чај, фала ти.. Ти пиеше парацетамол?
Не бе каков парацетамол ако не те боли многу грлото. Чај со мед и лимун за 3 дена ме пушти. Јас паника имав исто мислев корона е после од дома не излегував.
Грлото не ме боли, само прееска десниот крајник почна малце да ме гребе, ама сега еве подобро ми е грлото, а температура не сакам да измерам сега затоа што ми е страв, пиев чај, лимон, витамин Б6, магнезиум, и сега ќе си легнам, па ако има некој проблем во текот на ноќта ќе станам да мерам темп. И така се исплашив ептен, заради корона само, највеќе....
денес бев на контрола цервикс 36мм ја сум 26 нед а бебуско 28-29 недела се му е , имала некоја ваков случај?
Дечки јас ке влезам во 27 ма недела уште малце а тест за скриен шекер не сум правела , мислев на последната контрола ке ми дададе матичниот но не а јас на крај не го ни прашав заборавив , од кога до кога се прави тоа ..