@Nefertiti. во првата бременост бев буквално иста како тебе. Секоја недела одев на преглед, плус кај двајца доктори, за посигурно Опушти се, не мисли на лоши работи, одмарај, нормална е секоја болка доколку е во граници на нормала. Мене вторава бременост ми е малку потешка од првата, и со повеќе болки, ама овој пат сум по опуштена и одам на контрола само еднаш месечно. За нервозата, не си сама. Првата бременост мислам дека не бев олку нервозна, сега се ме нервира. Вријам. Прво тромесечие бев уште полоша, сега се смирив малку. Пијам Б6 по потреба, по препорака на гинеколог. Јас кренав 38, со кашлица, со затнат нос, болки во цело тело. Дури и се тестирав. Среќа негативна испаднав. Период е на настинки, не се секирај, ако ти е полошо консултирај се со матичен.
Парацетамол. Ми кажаа дека може на 4 или 6 саати, ако кревам температура. Плус и антибиотик пиев, алмацин. Не пиј сега ништо, во случај да ти се покачи тогаш земи парацетамол. Напиј се чај, лимонада. Добра си сега?
Грлото не ме боли, само темп. имам истата како вчера, до кај 37 со 5, пијам чај и лимон со цитрон, не сум се напила апче воопшто до сега, ќе пробам вака.. ќе јадам и супа, се надевсм ќе биде подобро..
Од 24та до 28ма се прави, така што имаш време. Јас сама си прашав, т. е кажав дека ќе правам. Денес го правев во 24та, чекам резултати.
Па не, обично со индикации ако си некои. Во Ремедика ми кажаа не мораш, ама ај за секој случај. Малку ми се прислоши од гликозата ама брзо ми помина.
немав ни ја индикации ама таков беше периодот и ми го најавиа уште од почеток дека ќе го правиме па го поминав и тоа , добив само одговор резултатот одличен три саати лежев во ординација најдосаден тест ....
Женски а како сте со исцедоци знам дека сега е нормално да се золеми веке , но пак некогаш ме загрижува .. нема печење нема миризба но секретот секојдневно се повеќе зголемува на секојдневна како бледо жолтеникав .. брисеви имам правено но некаде во 5 месец ..
Здраво девојки, од завчера 13 та недела, па се префрлм во второ тромесече. Сакам да ве прашам до кога ви траеше гадењето? Не повраќам ама имам некој одвратен вкус во устата кој ме тера цело време нешто да џвкам Ај помош, дали и кај вас беше така и до кога? Гушки
Прва бременост до 8ми , сега само првите три недели имав мачнини, од после јадам и што треба и што не треба
Помош за киселини? Уште од почеток ги имам ама се трпеле. Денес ме исцедија од повраќање, 15 недела сум. Ми гори дишникот. Ми се плаче.