Земи 1 лажиче сода бикарбона ако имаш дома да те смири...иначе за секојдневна употреба гастрогард користам
И кај мене до 13 недела ми се гадеше после ми престана и еве сега ми е океј само некогаш осеќам како киселини ама брзо ми поминуваат иначе сум 20+6
И мене ми беше така колку мастики изџвакав тоа ме смируваше. До 14 недела ке се намали кај повекето е така
Се пробав ништо ефект од апчиња на крај одбегавам касно јадење и ако ме фатат по 4 зрнца ориз како апче ги пијам и поминува пробај.
@CareTee пробај со едно лажиче сода бикарбона и една чаша вода убаво да се раствори како што ти кажа @Milkiway или неколку зрна жив ориз како што кажа @lana2915 проверено е
@wannababy @Milkiway @lana2915 Ви благодарам девојки, ќе пробам обавезно. Вчера прв пат толку да ми се слоши од нив и да повраќам. Инаку од сам старт ги имам ама се издржуваа. Инаку ова со зрна ориз и мајками ми го кажа. Сигурно функционира. Се надевам само нема до крај вака да биде со киселини.
Еден комшија денес кажа дека е позотивен на корона, живееме во зграда, и сега стварно ме фати страв, сигурно си шетал додека да има симптоми, колку и да сум се пазела, пак врати, кваки, домафон, не знам што... главата не знам кај ми е сега..
Ти помина грлото? Мислам дека ако не си била во контакт со него, се е во ред. Не знам дали корона е пренослива преку предмети, мислам дека не.
Дада ми помина, и грло и температура, ама од кај го знам дали кивнал или се закашлал на рака, па фатил нешто, леле немам појма, ме фаќа страв, ми се иде приватно да одам да се тестирам.. плус е тоа што има трудна жена овој, и со таа сум се видела тука по зграда, и сега планирам да ја прашам како се и се одвива...
Здраво женски, дали некоја од вас имала болки во горниот дел од стомакот? Два дена ги чувствувам, прво како болки во грбот од вкочането, а сега јаки болки во предниот горен дел од стомакот. И пишав на матичната што да правам. Дали некоја од вас имала вакви болки? 22 недела сум
Три дена по ред имам многу грди болки ниско во стомак и половина. Не се ко менструални,поинакви се. Како да сум кревала нешто многу тешко... на моменти едвај се движам, дури кривам Ме фаќа,трае пола саат-саат и се смирува некако само ако полежам. Што ќе да е ова? Вакви болки сум имала кога имав уринарна инфекција во првата бременост, ама немам ништо сега..
Полека без паника,кај мене во влез имаше 6 души позитивни пред месец ипол. Не се паничи. Јас и добар ден,и се разминував со нив па ништо. Само држи си хигиена стандард и не се чепкај по нос,лице општо.
Кај мене свекрва ми имаше, бевме фамилијарно кај нив ден пред да развие симптоми, а јас само што дознав дека сум бремена. Па ете никој ништо немаше. Не се секирај, мислам дека треба ептен близок контакт за да се пренеси.
Да идеш до доктор да те видат и измерат грло? Секогаш кога можеш лежи и кога не те боли.Знам немаш време Се надевам ништо страшно
Дури во петок сум Не знам да лежам. Мислиш светот ќе пропадне ако не сум на нога Ах ми стави на мисла сега, на тоа кревање на ќерка ми богами ..
Одмарај, лежи почесто и не ја дигај малата.Мојата е поголема ама од одма разбра дека не смеам да ја дигам и искрено не бара да ја дигнам, ама кога беше две грбот ми знае како беше само земи ме Затоа те разбирам ,ама мораш да пробаш да и објасниш заради бебето
Од кревање ти е... знам по мене цела бременост со 11 и пол до 12 кг во раце ја минувам. Во трето тромесечие сирото бебе на една страна бега. Ама кога не разбира мали дека неможам да го кревам ке си трпам. Зголеми доза магнезиум
Јас цела бременост на нога бев и со малата во раце. Немав никаков проблем. Ако мислиш дека имаш болки од тоа,воздржисе.Знам дека е тешко,јас едвај чекав неколку дена од царски за повторно поголемата само во раце да ми биде
Женски, што мачкате на сува кожа? Значи многу ми е сува, ми се лупи, итоа на одредени места само, кај стомакот доле, на бутовите напред и назад, и доле под колената, значи после два саати од павловичева веќе ми се барур суви, и скоро како да се лупат, можно е и на тие медта стрии да излезат, не знам што да мачкам друго, кажувајте спас некој..