Се придружувам со вас. Легнам накај 1ч поспијам докај 3ч и после овци бројааамм се мачам до ниедна доба..шетам со мозокот насекаде.сабајле некое време заспијам ,па се станам ама мутавка што би се рекло. Првите три месци повеќе нанав и јас.Изгледа толку ќе е спиење Ќе треба да направеме ноќна смена за трудници од фемина
Јас ни прво не го спиев, сега подобро е малку од кај 12 до кај 5, 6 спијам, па се будам два саати три дремам и после знам уште саат време да поспијам. Викам ако е вакво и бебето како мене во спиење тешко нас.
Јас не кажувам за несоноца зошто и онака си патам од истата. Се пореметив од прва бременост. Ама сега навечер пијам магнезиум со б комплекс и тоа колку толку ме опушта и подобро спијам.Ама пак знам во 2ч да станам и да сум ококорена до 5 ч.А кога треба да станам за на работа во 6:30ч сум кома
Искрено среќна сум кога ќе заспијам пред 1ипол. Превртување, мисли, преиспитување чуства, стравови...се ми се случува кога ќе ставам глава на перница. Синоќа почнав со чај ВАлеријана па барем една недела ќе го пијам, до 1да заспивам таман ќе ми е
Несоници а Еве ме 2 недели сум со нив Како гроги сум станата , спиам цврсто до кај 1-2 па иде будење и си блеам у таванот едно 2-3ч фиксно сите ќошеви , сиалици ги изанализирав тв пуштам ама уште поеќе ме скрева a има денови е тие специал ми се ќе се разбудам накај 5 и до 7 будна и таман задремам , малата се буди и у поход одма е А бебуш па активен на максимум е после 12 , игра фудбал или брејк денс у стомак најверојатно А тек 23 недела ( Валеријана смеиме ли у бременост , мислев појака е и треба се избегава @dromka )
Не ти тврдам дека смее, консултирај си гинеколог. МЕне не ми успеваше никако да заспијам, трета недела веќе, па си реков ќе си пробам со чајот. 21г.недела сум, кај ми е крајот со неспиење до 40та?
Иста сум, ако сум 8ми месец. И во 6ти ми се дешаваше ама сега повеќе. 2 дена спијам убаво, 2 дена само по 3 саати...
Пробајте со чајче од камилица и мед пред спиење. Јас избегнувам да вечерам после 6/7, шетам барем пола саат дневно, и навечер си пуштам има на јутјуб за бремени музика 5/10 мин и немам проблеми со спиењето, барем 7/8 часа одспијам 24 г.н. сум.
Јас па уште спијам како во првото тромесечие, од 8-9 навечер не можам да седам повеќе до 7-8 сабајле спијам. Единствено дури чекав резултати од пренаталниот сон не ме фаќаше по цели ноќи се превтував инаку сум добра со спиењето
Јас кога како некогаш рано ми се приспива некогаш не ми се спие ко вампир... Имам една игра Еписоде на тел. и таа со читкање ме успива. Кај мене проблемот е со многу лоши сонови. Сите стравови, се што не ми успеало во животов, го преживувам дури се препотувам,не ми е квалитетно спиењето и пак гроги..
Читнав на 3 места, за апчиња од валеријана пишува дека е дозволена, со контолирани дози од лекар. Најубаво секоја што мисли да проба да си консултира лекар.
Девојки кои испитувања и прегледи ги правевте во второ тромесечие? Јас сум 17та недела па ме интересираат ваши мислења
Во 21ва скрининг, сеа во 24та треба да правам проверка на скриен шеќер, и контролите кај матичната што се месечните.
Кога сме кај плачките, еве сум пак јас денес, добра бев неколку дена (замисли), и сега го прочитав текстов на Ана Бунтеска, и плачам пола саат веќе, па се решив и тука да си пишам. "За дете не поминува и боли а не знаеш зошто ама боли од мигот на зачнување дур во себе го носиш со рацете на стомакот како да го штитиш да го покриваш во себе и ќе го износиш цел универзум од себе ќе извадиш кој тежи едвај неколку килограми и потем цел живот така ќе плачеш со него дур сестрата вакцини става та ќе ти иди да ја плеснеш по рака и да ја отераш во мајчината сосе шприцот ќе лелекаш на првото запче одраното коленце со бакнежи ќе го покриваш и дур спие ќе проверуваш дал дише на секоја температура ноќи ќе бдееш и душата ќе те боли а ко ќе порасне не дека нешто ќе се смени ете ќе сакаш од луѓето да го штитиш а знаеш дека не можеш дека по својот пат ќе врви ама ќе те боли секоја солза и секој трепет како твој да е та ќе проколнуваш оти не можеш да го покриеш со раце да го заштитиш како во стомакот дур ти спиело таа болка таа никогаш не минува само други облици добива чекање на прозорец дур се врати од некаде тахикардија дур се јави повторно од некаде не поминува никогаш не минува и не слабее стравот а како врват годините стануваш ко баба ти па се молиш иако во Господ не веруваш и си велиш “само со ред да е, со ред да биди” оти за дете, за дете не поминува."
Девојки виe што ставате клелсани или фрахсапарини дали ги ставате и во нога оти јас до сега ги ставав во раце ама готово сeта грутки сум модрици ме бола цели раце и незнам кај да ставам зато сакам да ми кажите ..
Јас 26та недела сум, од почеток до сега во стомак (овие 2 недели во делот повеќе накај кичма од страв да не боцнеме кај што не треба). Кај и да е во раце ќе почнам. Во нозе не можам немам мевце баш хаха, а знам дека се боцкаат и таму.
Во стомак мене па ми рекоја до кај 4 можи и се бочкав стомак и цело време после враце да знаев ама тоа е и мн враце се прават мдрици и грутки ајде ќе видам можи некој ќе кажи за внога оти мене во Плодност сестрата ми муцна ко и реков за внога демек бавно се ресорбирале а 25 сум недела
јас се боцкам во нога, на бутините. Една недела ме боцка дечкото во рака, една недела се боцкам на нозе. Од 30тина клексани во нога само два пати ми се има направено модрица. ГЛедај да не е на квадрицепсот, полево, подесно...