Имав јас и сеуште понекогаш имам. Испаничена завршив на дежурен пошто викенд беше ме испрегледаа детално и ЦТГ и се се си беше во ред. Ми рекоа од што расте бебче. Сега се навикнав гледам да не се паничам многу. Ако ти е мисла јави се кај докторот или бабицата чисто за мир.
Кај мене порано почна, 17та недела сум а веќе имам таков проблем, навечер се будам и не можам да спијам по 2-3 саати
и јас некогаш си велам fuck it и се местам да поспијам на грб ама не можам да се опуштам затоа што знам дека не е препорачливо. спијам со перница меѓу нозе плус трудничка перница уште од трети месец. не гледам друго чаре да ми се намалат болкиве освен со суплементи или да си пројдат сами од себе ако сум во некоја фаза на интензивно ширење на карлицата моментално.
Јас искрено додека не престана да ми тежи стомакот спиев и на грб и на десна страна неможев само на лево
Фала Богу ми се смири малку од магнезиумот .Ќе пијам неколку дена дупла доза па се надевам ќе се смири
Јас сум 24н ама и мене ме фаќа така на моменти , лежам мирувам и јас магнезиум директ земам плус , колку беше макс дозволено гр у една ден , оти јас пијам од оние по 375мг кесичките и плус нели и во пренаталните има магнезиум , да не се преклукам А навечер обавезно мора да земам ме подсмирува оти трпки многу ме фаќаат и нозе ме вртат раце , само лупам у кревет
Не знам колку е дозволена максимум, ама кога немав уште дете, имав една болка кај ребрата.Работев тогаш физичка работа и бев на доктор.Нормално германците ништо не даваат, се мора да е природно и ми кажа докторот можам да пијам 800мг Mg максимум 2 недели. Знам само дека не можеш да се предозираш можеш само пролив да добиешЈас ќе пијам неколку дена по 800 грама па ќе видам. Како во магла ми е дека и првата бременост имав во овој период болки
од првата бременост ништо не памтам , мислиш пред 10г била Како ново ми е се , а бетер пр имав тогаш , и се си трчав на док и без потреба коа ме фатиа тие денови болки во срамна коска и кичма на плачка а удрив од паника е до толку сум сега со умот овие денови па само кичмата ме наболува и никако неможам да фатам позиција за спање , наеднаш и мешко порасна поеќе , па овоа со трпките и пак си почнав со магнезиум насабајле навечер , па коа ќе видиш толку фаќа 800мг со се пренаталните што ги иам , ама еве денеска се неам напиено , гарант вечер ќе зеам , како дрога ми е криза ме фаќа а легнам
Во која недела се прават важните скрининзи во второто тромесечие од бремеността? Што се испитува во второто тромесечие? Онаа испитување за скриен шеќер кога се прави?
Какви ви се искуствата со притисокот? Од почеток до сега (18+5) притисокот ми е низок, најмногу 110/60. Има ли простор за паника или е нормално?
Нормален ти е притисокот уживај. На почеток е секогаш понизок, после 20 и некоја недела почнува малку да се качува како прогресира бременоста. Јас од 110/70 сега сум со 120/70 или 120/80.
Јас правев пред да бидам бременка т.е кога бев во процедура за ивф.и потоа кога бев,некаде пред првиот скрининг и фала му на Бога беше се во ред и првиот и вториот пат.Сега сум 24та недела ,мислам дека нема потреба повторно што знам !?
Јас не сум прашала, 18та недела сум, ама не ми ни спомнала матичната, како тоа знаат дека нема потреба, не разбирам? Има нешто по што се приметува дали треба да се прави? Појма немам искрено.
Па да, тоа мислев, ако ми каже немам идникации, а повеќето од тие бактерии, се без симптоми, не знам што да кажам, јас сакам да го направам, ама којзнае што ќе каже др. не знам како тоа на своја рака, дека немало идникации, ако ми каже така јас пак ќе си го мислам.
Јас правев торч пред да останам бремена затоа што имав спонтан. А никој не ми кажал дека за време на бременост се прави торч
Во 17та го правев, ама не ме брзаше докторката баш ми кажа упатот дека ми важи цел месец па кога сакам да појдам.