Јас пред многу години имам правено, сега брзо не, ако си правела пред бременост мислам дека нема потреба о сега да правиш, јас немам правено пред, и сакам да правам, 18та недела сум веќе, па кога ќе одам на преглед планирам да и кажам за да правам.
Здраво девојки, 16та недела сум. Пред една недела цервиксот ми беше 36мм. Во 7ма недела беше 51мм. Имам болки долу ниското најмногу кога се движам, како да имам некоја голема тежина што влече надолу. Докторката ми рече само утрогестан и ништо повеќе. Дали ми е скратен цервиксот многу или имало и некоја од вас така
Јас не сум ни имала толку голем цервикс, 2,6 па 2,9, па сега 3.2. А сум на почеток на трето тромесечие. Утрогестан секако примам од почеток. Можеш и магнезиум ако веќе не примаш. Ако осеќаш болки притисок тогаш не форсирај со движење, кревање и слично.
Не ми е скратен, јас ставам утрогестан и пијам добростон, превентивно од сам почеток, до сега немсм никаков проблем со ништо, фала богу, ама ќе си прашам сепак.
Јас сум 16та недела и грлото ми е 33мм, меѓутоа имам абдоменален серклаж пред бременост. Пијам дабростон и повеќе одмарам. Се што е над 30мм ми рекоа дека нема простор за загриженост. Утрогестанот ти е добра терапија и одмарај повеќе, не кревај тешко, не се наведнувај и пиј магнезиум
Мислам дека не е ништо страшно. Ама за друго те цитирам - како си? Ептен ми е мило што пиша, те чекав откако напиша дека ти спомнале да се прекине бременоста. Значи сепак испадна во ред. Ти помина повраќањето, претпоставувам од инфузиите? Во секој случај, време е да се опуштиш, следуваат полесни недели.
Пак јас со прашања... Кога се стискам барем малце посилно, не воопшто јако, како јајникот од внатре да ме заболува, и стомакот доле, ама само ако се стиснам, и тоа на лева страна повеќе.. дали е тоа нормално?
Зошто случајно проверував, ме болеше препонот доле, и позади кичмата и демек се масирав, не знам што правев ни јас, будала.. само за да се заплашам.
Убаво е да ја прашаш докторката, ама јас на твое место не би чепкала намерно. Само ќе се плашиш вака беспотребно. Мене секојдневно ме боли стомак, баш она болка, ама не допирам намерно за да предизвикам дополнителна нелагодност.. Баш и спомнав на мојата др, ми рече обавезно редовно Магнезиум пиење, да не си играм вака.. Види и ти дали од магнезиумот ти минува,дали се опушта..
Ти со сила беља бараш, не стискај се жено земи магнезиум и да боли ќе помине, нормално е да боли се шири матката, уживај. Мене толку многу ме чеша стомакот и ми е страв да го чешам полека нежно чешам, па и се плашам да не му правам звуци на бебето, пошо поќе пати кога се чешам реагира и лупа.
Лежев скоро еден месец на ГАК, додека траеа инфузиите ок беше, кога ме пуштија пак по старо. Цел ден крв повраќав. Отидов 5 дена во Ремедика таму за желудник инфузии и ме смирија. Сеа со нолпаза сум за желудникот и зитрон за повраќање. И само супа, палента и тиква јадам, веќе ми е мака. Вака е ок, после нив незнам како ќе биде. Преска бев до матичната абдоминално ехо е ок, брисеви негативни не ми е јасно од кај тие болки. И додека лежам имам болка
Јас пијам по еднаш на ден магнезиум, ме смирува кога како, многу ме болеше позади кај кичмата од лева страна, некој нерв ваљда, и не знам зошто се фатив така и приметив, еве сега ми потпомина, како некоја настинка да имам на јајници, појма немам каква е болкава, ама ме опушти сега, пиев чај од брусница, подобро е сега. Знам дена се шири, се ми е јасно, ама многу дум паничарка, од се ми е страв, што да ме подзаболи ми е страв, не знам што да кажам веќе, аман..
И мене ме чеша стомакот на моменти, се шири кожата, се затегнува. Јас тогаш мачкам крема онака да ми дојде ладничко да престане чешањето и дополнително да ја хидрирам. Не секој ден ама еднаш неделно знае да ме зачеша така јако. Што користиш ти за мачкање? Плус кај мене досега мешето беше како надуени, ама во рок од 3 недели бабачко се направи, и сега си бара хидратација. Среќа и вода многу пијам па и тоа одржува хидратација. Досега немам ниту една стрија се надевам дека така ќе биде до крај.
Ќе биде добро и после терапијата, ќе видиш. Мора да се најде решение. Штом досега издржа со такви маки, ќе се среди организмот. Сите ти пуштаме среќа.
Да и јас многу вода пијам, ама мене ми е на прво и секој ден ме чеша. На почетокот ми беше страв да ставам крема, во второ тромесечие користев уље Го има во Зегин во Македонија. Сега ставам крема, мислам дека е за трудници хаха. Тоа уљето на веледа е многу добро, 1200 денари е (20е). Немам стрии сега за сега, ама можат секој момент да излезат во деветти месец, аман.