Ајде може и ти без стрии ќе поминеш како и јас првата бременост. Не очекував искрено ама ете успеав. Така да и сега се надевам дека се сочувам. Хехехе.
Уште малку ми остана до трето тромесечие. Двеве последни недели ми беа пекол. Ко низ егзорцизам да минував беше. Секоја вечер, кога и да задремев, се будев со страшни болки од што годе. Де воспалено уво, де киселини ко никогаш до сега, де грчеви, де притисок до небеса (последно), вртоглавици, повраќање... Жими синоќа и предсиноќа шо станав само за да мочам по сто пати, али без ништо да ми е. Невесте дури,а ме осети станувам и ѕирка шо ќе правам..дали че одам маратонски низ соба и ќе мафтам со раце, мрдам прсти и такви ствари,или ќе трчам на шолја па и гомцево изгледа се има издолжено, па у исто време ми мрда на две спротивни страни од стомакот. Легни на лева..мрда,клоца. Легни на десна клоца. Легни на стомак, ми се трти,лепи на папак..мислиш спремен е да излезе.
Можно е, ете имало шанси. Мешето ми е мазно како путер, ај да не се фалам да не почне од утре да ми пука. Ништо ќе продолжиме со течности и креми. Ти што користиш?
@BabyD0ll кокосово масло,Павловичева крема розевата оригинал,и лосион за тело. Еден ден со едно,Др ден со друго. Оваа комбинација за мене беше топ во првата бременост. Така да и верувам и сега.
Сакав да те тагирам утрово да прашам како си, ама гледам дека се мачиш.Сигурно бебчето ќе има многу коса штом имаш толку киселини.Јас така со првото, па толкукоса имаше што прцле можев да и врзам Издржи не се давај помалку остана, повеќе помина Моето вчера цел ден беше мирно го немаше и кога легнав да спие се јави.Исто мрда на двете страни па го замислувам како жаба со раширени раце и нозе Вчера беше многу интересно сама си легнав и тоа ме клоца на левата страна, нежно.Јас да не сум покусо му тропкав, пак се јави ,така едно 10 пати После се умори изгледаСакав да го викнам мм ама ако презборев ќе престанеше,а не сакав Уште моите не го осетиле, престанува ако ги викнам Денес на работа исто само горе на десната страна, ме заклуваше Ама јас помалку го галкав не можев да му тропкам Мене денес долу во матката ме сече стомакот , едвај се движев, па се напив магнезиум 250гр па ќе видам како да се подсмири.Многу се плашам од овие болки волку остри не сум имала во првото.Ама па во првото не работев и по цел ден си лежевСега нема
Женски има ли некоја искуство или знае нешто повеќе за вакцина против грип во бременост. Гинекологот ме советува да се вакцинирам не било штетно пошто почнува сезона на грипови. Иначе сум 27 недела.
И мене ме советуваа да ја ставам, живеам во Америка ама сеуште се мислам, викаат дека е многу пожелно но може да бидеш како замаен ден два
ќути се тешам дека е само фаза и ќе мине. Ќе видиме што коса ќе извади на крај. Види ако треба и поголема доза магнезиум и уживај у клоцкањата. Мене ми е најубавото деновиве.
Јас почнувам со втор семестар, 15та недела сум. Го поминав првиот скрининг со многу стресови со како и што ќе биде, ама помина и тоа се во најдобар ред. Сега во второ што се испитува? Бев кај матичната минатата недела, ме виде на ехо и ми даде упат за крвна слика, ми мереа тежина и притисок, пијам Фемибион 2 и тоа е сега за сега. Контрола не ми закажа следно и незнам што треба следно да се испитува А заборавив, и брисеви ми зема.
Дали ТОРЧ тест е всушност задолжителните микробиолошки брисеви што се земаат после 12та недела? Јас во 12та недела правев ПАП тест и ми земаа брисеви за микробиологија мислам беа 4, па дали е тоа всушност тоа? Исто непосредно пред да останам бремена ги правев истите испитувања.
Не е задолжително,а ТОРЧ се испитување преку крв.Најдобро е пред да се остане бремена да се направи,или тука околу..12..13 та недела.
Девојки бремена сум 20та недела ..сабајлево на гаките имав малку крв една капка ..поручек ќе одам кај матичен..од што може да биде мн се плашам
Од која недела прегледите почнуват да се прават со ехо на стомах. Утре ми е прв преглед од второ тромесечие па незнам дали пак со вагинално ехо ке ме гледа докторката...
Драги мои верувале или не кога некој ќе ми речеше второ тромесечие е најубавиот период во бременоста и дека времето посебно во второ тромесечие брзо ќе летне и да го уживам секој момент од ова тромесечие не верував.. дознавањето на полот , купувањето на првите труднички панталони, првите движења на мојата немирка долгите прошетки на убавото време со мојот сопруг, попладневното гушкање (и зборување на стомачето) како само ние тројца да сме на светот и мноогу други работи... priceless сега му кажуваме бај бај и Ве оставаме во добро здравје, галете мешковци и уживајте бидејќи времето е бесценето!!!
Ме интересира дали на некоја од вас и се исфрла лицето? Јас како сега на 31 година пак да влегувам во пубертет. Ме нервира вака што се исфрлам.