Kolku cesto go.osekate bebeto..mene dva tri pati vo denot me klocnuva samo a 20ta nedela sum..vcera bev na pregled doktorot rece se e vo red..mene malce me faka panika
Мене челото ми e лом, ситни една до друга, бар не се гнојнички се тешам. И на образите исто знае по некоја, џабе е, тоа е, нема спас. Туку мене и многу суво ми е... Павловичева земав да го мачкам, ништо не ми помага.
Откако сум бремена воопшто кожава на цело тело ми е сува,ми шкрипи одвратно. Пробав еднаш два пати да се намачкам со нешто ама повраќам од мириси,ни тоа не можам.
Јас само со активен кислород се прскам незнам друго што би можеле, то што користев претходно не се препорачва во бременост ако знај некоја нешто нека кажи
Да на мене, со многу ситни бубулици по цело чело , брадата и вратот, и одвреме на време некоја гнојница на брадата. Внуката,којашто е мала ми вика:" тета, алергија да не имаш, што си јадела, целата си се нафрлила со брунчиња" Така бев и во првата бременост, целата нафрлена со ситни брунчиња
Мене па чудно, кожата многу ми се подобри. Можеби од хормоните, не знам... од витамините не верувам да е затоа што со години земам пренатални за секој случај. Во секој случај, кожата ми е многу понежна и почиста сега. Пу-пу.
Во првата бременост лицето партал ми беше, во оваа е подобро, но ми се појавуваат на вратот и на рамената многу
Народски кажано "штом жената се разубавува во текот на бремеността, и сјае кожата и косата, носи машко бебе" Во секој случај хормони, кај секој различно, еве јас покрај нафрлано лице, изгубив и сјај на косата, некако заникаде ми е, а од витамини пијам Фемибион
Девојки денес многу ме боли стомакот, целиот од горе страните... Не е доле кај јајниците болката баш низ цел стомак...Претпоставувам од нешто што сум јадела имав и мека столица сабајле.... Прашање дали има простор за паника да звонам на матичнава и што може да ми помогне чај од нане? Издржливи се болките ама пак боли....
Еве мене двете машки ми се па во првата бременост бев лом во лицето, во оваа ми е ок лицето, а косата си продолжи да си паѓа и во двете бремености не видов подобрување, што значи бабини деветини
Хахаха, така е, една од многуте бабини деветини поврзани со бремеността (како она штом имаш киселини бебто ќе има многу коса )
Точно и за тоа има објаснување, се олабавуваат мускулите на дното на хранопроводот под влијание на хормоните во бременоста. Ај ќе се искоренат ваљда кај да е тие бабини деветини со оглед дека за се научно објаснување можеме да најдеме на нет во ова време
А да ве прашам, зошто толку многу гласно ми кркорат цревата? Сега бидејќи повеќе лежам, луѓе ги осеќам дури да потскокнуват, многу чудно чувство, гласно ептен се испуштаат звуци.
Се слушнав со докторката многу ме исплаши болката. Ми даде активен јаглен и овие два дена три да бидам на полесна исхрана. Најверојатно нешто цревата ги имам изритирано. Еве денес а и вчера откако повратив ми е многу подобро.
Здраво девојки јас сум 13+4 уште малце и 14 недела конечно хехе Е сега од симптоми-мачнини на минимум сведени ептен некогаш да ми се слоши,одење во вц се намали градите болат-нормално апетит имам убаво хахах на 4ти на контрола сме со господ напред се да е во ред и да видиме какви алишта да купуваме-сини или розеви..... Меше се познава и пред некое време ми беше леле мешето не ми расти само малце е пораснато не расти како што треба и сл.... си зедов да си мерам наутро на гладно ни вода ни нипшто напиена и пораснато ми е спрема некни и се израдував.... со терапија сум од почеток дупастон-прогестерон аспирин и фолна киселина плус ц-витамин 500мг и магнезиум 150мг.... Треапијата после прв скининг ми ја прекинаа ама заради болки ми беше повторно вратена заради тоа што во март имав миссед.... знам дека сум покриена со терапија и чувај боже ме заштитува и тоа ме смирува искрено Се дружиме сега со вас поздрав