Колку е “нормално” да мрда бебе околу 20 недела? Некои денови е многу активно од сабајле а некои денови ич го нема. Или јас имам премногу слободно време и мисли.
Второто ќе да е во тие недели еднаш два пати во неделата ќе го осетев, и јас се плашев, се изначитав свашта и докторирав на темава. Мало е уште.
Здраво за 2 дена влегувам во 9ти месец. Утрово забележав кафеав исцедок не обилен но сепак испаничив.. Дали да одам на преглед веднаш или е нормално? Бидејки преглед имам закажано за 3 дена...
На колку време ви ги закажуваат прегледите во второ тромесечие? После првиот скрининг ми закажаа следен преглед за 4 недели.
Мене ми ги закажуваа на 4-5 недели. Пишувам за странство. Еднаш на 4 недели, па следните две контроли на 5 недели.
Мајки искуства и совети за дијареа во тек на бременост, која трае веќе 3 недели со прекини. Конзумација на Пролајв веќе втор ден, гадење и нагони за повраќање. Се работи за 8+-9 недела од бременост. Веќе поминат еден спонтан губиток на плод во првото тримесечие.. Ве молам итно за совети и искуства
Здраво сакам да прашам за 2 дена влегувам во 9ти месец утрово имам крварење не мн обилно ме интересира дали некој знае дали да одам на преглед веднаш или е нормално бидејќи имам закажано преглед за 3 дена а и претходниот месец имав па по грешка на доктор ме пратија на предвремено породување и едвај се објасни дека ми е рано затоа сега не ми се оди веднаш на лекар
Женска консултирај се со матичен гинеколог објасни како стојат работите.... јади двопек бисквити крекери и слично
Дали некогаш ви го измериле цервиксот преку абдоминално ехо? Ми беше полн мочниот меур и го видоа цервиксот. Дали се точни тие димензии. Секој ден си имам болки од папок надолу, стомакот се ствднува и опушта. Рекоа дека цервиксот бил 4,5 и немало шанса да се тоа контракции. 18 недела сум, некогаш како слаби менструални болки, некогаш кичма, незнам што да мислам
Мене од 3 месец ми се стега стомакот немаш место за паника најдобро посети доктор за да бидеш сигурна
Земете сируп Смокван, безбеден е, се дава и на деца. Кесички Effecol 3350 и Psyllium husk. Сите се безбедни за употреба и препорачани од лекар. Особено важно е со се ова да се пие доволно вода за да има ефект. Јас се мачам со внесот на вода но подобро таа мака отколку маката во тоалет.
Девојкии здраво само да си пишам јас хаха Со душа чекам да појдам среда на доктор да го видиме бебушко заради тоа што вака паники ме фаќаат дека немам симптоми повеќе хахаха
Во 17 та, предходно лежев на гак мереа беше 3,6 вагинално тоа беше 15 недела. Сега во ремедика бев на контрола во 17 недела преку абдомен вика супер ти е грлото, а јас болки на секое движење и ми се стега стомакот, ќе се надува па ќе опушти
Јас сум 16+3 и до сега не знам дали ми мереле грло на матка. Само Димчев на првиот скрининг преку стомак мислам дека ми измери, ама може и да сум грешка ако се мери само вагинално. Зборот ми е дека ни еден доктор ми нема спомнато за грло на матка а последниве неколку дена, навечер посебно ме стега стомакот долу придружено со гасови и не знам дали е од матка или органите за варење.
Девојки дали ви се случило или нормално е на едно место на стомакот да биде ладно значи само 1 место е кај папукот а се друго е топло и боди носам и една блуза и дуксерка и труднички хеланки и пак само на тоа место е ладно....дали е од бебето дали не е ако занете да ми кажите
Јас па многу го осеќам, особено навечер, голицкање во стомак цело време на 2-3 саати. Ако е само тоа, не знам. Хахаха.
Здраво мамички како сте Кај мене се покачени леукоцитите ви крвта и во урината имам бело прање дали жариштето е можно што имам бело прање докторката рече морам антибиотик и вагиналетки инаку крвта ми е океј