И јас имам стегање на долниот дел од стомакот и болки знае да ме стегне наеднаш, баш на ехо ме гледаа пред два дена докторот вика болки може да се ако бебето притиска на бишиката или ако сум настината или имам некое слабо воспаление на бишика, затоа ми рече се препорачува секој ден да се пие чај од брусница или увин, и тоа по 3 4 шолји. Инаку мерење на цервикс мене ми спомна матичната после 16та недела, а друг специјалист од Чаир ми рече 20та недела со втор скрининг најдобро ќе се знае за постелката и цервиксот. Јас за една недела имам преглед кај матичната баш ќе ја прашам за цервиксот, ми рече она вагинален ќе е тој преглед.
Земам порталак сируп за запек, дали од него се можни тие Исто и јас сум со гасови и запек, ама ова на движење ептен се зголемува болкта, а додека лежам си имам болка цело време. А за грлото мене ми мереа во 7 недела и после во 15 вагинално
Мене во Ремедика ми кажаа дека после 20недела се мери цервикс редовно,мада јас уште од почеток му кажувам да ми мери,да сум во тек.
Исто и мене Димитар Георгиев од Чаир ми рече, ќе дојдиш 20та недела точно кога ќе си за 2 скрининг и за цервикс ќе се знае најточно да се измере тогаш, јас некња сакав да ме измере 15та недела сум, рече не е дефинирано уште нема потреба, постелката уште се доразвива. Срцка е, штета што не праве скрининг он.
И мене во Чаир ми рекоа на втор скрининг ќе ми мерат вагинално рече докторката. За постелката минатата недела рече дека е добро. И јас кај докторкава што бев не прави скрининг.А баш убаво си го видов бебето прв пат и убаво ми објасни се. Што направи со таа твојата матична за боледување???
И однесив извештај баш вчера, бев во понеделникот за Чаир, и сега чекам да прате документи денес или утре рече на комисија, па да видиме колку ќе одобрат. Ништо не ми може сега, со извештаи од Чаир ќе и одам.
Леле, како може да е таква матичнава твоја? У сред пандемија да ја молиш за боледување, мене сама ми викаше дека одма ќе ми пише боледување, и ќе го прати на ГАК, само ако не ми дозволат мерки од работа, страшна работа се некои доктори.
Здраво, во која недела правевте втор скрининг? Зашто мене докторката ми даде многу касно по менструација ке бидам 25 а по нејзино ехо 24 и нешто? Гледав порано дека го правевте ама по нејзино од 20 до 24 можело да се прави. Незнам дали да се прејавам да препрашам или да одам кога ми е терминот. Иначе странство сум
Овде го прават од 18 до 22-3. Ама штом веќе ти рекла дека може до 24та, џабе ќе се прејавуваш да ја прашаш, истото ќе ти го каже. Веројатно може и тогаш, секаде по различни правила се водат.
Незнам како може така, сите се чудеа, и во Чаир исто ми рекоа, чудно што не ти предложила до сега боледување и што само една недела ми даде а не две. Како и да е, од нервози веќе преку глава, се среди се, сега само чекам да ми се јаве сестрата да ми каже колку ми одобрила комисијата. Ти имаш среќа што фирмата ти признала мерки, и кажи ми 100 посто ли плата ти пуштат? Тешко приватните фирми да дозволуват мерки, не се обврзани скрос, уживај штом ти признаваат. Мене и специјалист и матичната ми рекоа втор скрининг во 20та недела било најдобро, а во 23 недела трет скрининг само за срцето ќе бил тој. Јави се и прашај си убаво.
Не знам што да кажам за твојава матична, иначе да 100% цела плата, еве веќе цел октомри седам дома, тоа викам, да не се подрекувам, па да ме викнат на работа, хаха. Јас ќе правам следната недела, 21ва и некој ден ќе бидам. До 24та најкасно се прави да, ама веќе и касно ти закажала, нека каже некоја ако има искуство за толку доцна. Иначе, сакав кај Котларова во Ремедика, да правам 2 скрининг, ама нема место цел ноември, и си закажав кај Димчев во Систина, па ќе видиме како ќе поминам, нема да ме откачи за 5 мин ваљда.
Леле неможам да се соземам од сонот.... сум била на гинеколог и ми кажал дека сум го изгубила бебето по втор пат фала му на бога што е само сон
Кошмари и јас имам премногу, само сонвам, една ноќ немам преспиено нормално, веќе неподносливо ми стана ова
Ох леле ако е вака второ ќе има плачки хахаах 14 недела од денеска ајде со господ напред само сон да остани
Ех јас сонував, како рацете му излегуваат надвор од стомак, еднаш дури сонував како ми излезе цел водењак со бебе, па ајде назад да сме го враќале рано било, срцето ми чукаше ненормално, ама станував пиев вода, палев светло и се земав себеси. Сонови се тоа претежно од подсвесен страв.
Знам дека од тоа што мислиш потсвесно или најголемиот страв што ти е тоа го сонуваш то е то хахах само пак ќе речам сето само сон да си остани