Девојки имам едно прашање .... Скоро ич не одам во вц можеби и затоа што не пијам мн течности ама и претходно не пијав а одев во вц има место за паника или не?
Pocni go denot so ovosje ili smuti, jabolka krusa nelupena stavaj. Sekoe sabajle po edno smuti, rucek so salata obavezno i ke nemas maka
Фала женска ..... ова е за ај да не се изразам не убаво запек имам секако .... за пи пи не одам многу често-или е нормално веќе во второ тромесечие
Вода пиј, па овошје, зеленчук што содржи целулоза, пектински влакна. Ќе немаш мака. Компот од сливи. И сл.
Фала ви на двете ова ќе го пробам заради запек а и погоре пишав за пи пи е нормално помалце да се оди или не во второ?
Јас одев многу во вц прво тромесечие, некогаш кога бев преладена и до 6 7 пати се случуваше, а сега во второ од 2 до 3 пати одам, што е дупло помалце, значи да, и што си читам по апликацииве пише дека сега ќе одмараме од честото одење во вц. А за во вц да одиш, течности мораш, јас одам до 3 пати дневно, ама станувам пијам одма цеден сок и кафе. Појадувам па ужина овошје, ручек салата, вечера, па пак некое овошје и чаеви пијам многу. Јади сливи за појадок со кафе, чај, цеден сок, и држи си ист ритам секојдневно, штом станеш, цеден сок кафе појадок, како тебе ти одговара по ред, и нонстоп ужина овошје зеленчук и течности измеѓу. Со лесно.
Фала ти многу за одговоров ..... епа и мене така дупло ми се намали одењето.... кафенце си пијам имам и низок притисок и баш убаво ми иди ќе си напрам рутина секој ден појадок сок цеден-баш ми е супер тука сите овошја ги има цела година хаха и на крај кафенце оти ако се напијам кафе после доручек нема... секако заладува чаеви обавезно фала ти многу многууу да ти е до крај со лесно и тебе
Девојки да ве прашам ја прекинав фолната сега сум 15 недела ,дали да земам фемибион 2 на своја рака? Бидејќи гинекологот не ми даде ништо од витамини да пијам а гледам се препорачани од многу вас и други трудници кои ги пијат. Малку ми е страв на своја рака да земам да пијам
И јас исто како тебе преминав во второ тромесечје а имав време до следниот преглед, па на своја рака земав да пијам Фемибион 2, а на следна контрола матичната ми потврди дека можам да ги пијам, т.е. дека не е грешка што сум почнала да ги пијам
И мене така ми кажа докторката сега на втор скрининг, после 20та недела ќе ми мери цервикс, но не ми спомна како, вагинално ли само се мери? Јас па мислев веќе ќе нема вагинални прегледи до крај....
Тие се витамини, јас мислам дека нема потреба да ти е шубе од витамини, скоро сите трудници пијат витамини но од различни производители, секој си избира сам или по препорака.....Еве јас пример и во 2те бремености земам Фемибион.
Девојки 14 недела сум од вчера почнав да го осекам бебето како пеперутки скокоткање така нешто нели е рано за 14 недела?
И мене ми е прва бременост јас очекував по касно дека ке го осетам околу 18 недела ама чивството е прекрасно не можам да опишам
Јас со првата бременост го осетив 15+ недела како пеперутки. Сега сум 14та недела ама постелката ми е на преден ѕид. Значи ли тоа дека помалку ќе го чуствувам?
Осетив како да ме скокотка нешто јас не знаев дека е тоа јатрвата има родено 3 деца таа ми кажа бебето дека е