Девојки, има ли некоја со болки во препонските коски? Јас сум 21+3, и последните неколку дена чувствувам чести болки, посебно после подолго одење. Знам дека почнува ширење на карличните коски од тежината на плодот ама мислев дека дури во 3 триместар ќе почне ова. Имате некои искуства?
Вагинално пошо знам и реков не сум средена сеа за преглед,ми рече ај скринингот кога ќе го правиме...
Друг пат те молам не се секирај дали си "средена" за преглед. Важното е да се види дали е во ред, а влакна не значат дека си несредена. Секако си чиста. Гинеколог ама ич не обрнува внимание на тоа, јас не знам зошто толку се замараме ние самите. Плус, како се испраксирани, на слепо гаѓаат со тоа сондата без воопшто да ѕирнат.
Devojki vo 16nedela sum i od denes pocnaa bolki vo dolniot del pod stomakot nikako da se smirat od sto e toa i sto da zemam za da se ublazat
Да и мене ми е на преден ѕид и многу нежно ја чуствувам.Како меури ја осеќамСо првото цело време си мрдаше на едно место, со ова мрда на сите страни.Изгледа оти е карлично свртено Инаку сум 24 недела, дури и покасно ја осетив накај 16 -17недела.
И јас имам такви болки, од време на време, колку тебе сум бремена исто, докторката ме гледаше и на ехо кај јајниците, вика нема ништо, те притиска бебето, и сега сите органи се стеснуваат и прават место за бебето, затоа осеќаш болка, да не се плашам ми кажа, дека било нормално, секако додека се издржливи болки, и да си пијам магнезиум и Б6. Иначе, за цервиксот, мене прв пат ми мереа сега на последен преглед (20та недела), вагинално, ми потенцираше др. дека ќе ми мери секој преглед, итоа вагинално, кај мене е супер грлото, баш си е како што треба, и тоа баш ме израдува, зошто го мислев. Ми рече дека и сега на втор скрининг кога ќе одам во Систина, можно е да ми мери др. пак цервикс.
Баш сме близу со термините Ќе мора да ги издржиме и ваквите болки, ама некогаш стварно имам голема болка и кога станувам и кога одам, и тоа засега само десната страна. Ќе треба да појачаме приемот на калциумот исто мислам. За 2 недели имам втор скриниг па ќе видам што ќе ми кажат.
Каснам изгледа јас на темава. Од утре почнувам 20 недела. До сега фала му на Бога се е во ред. За 3 недели сум на втор скрининг во ГАК. Со оглед на првите три месеци кога ослабев 10 кила од повраќање, сега сум одлично. После 14 недела се преродив мислам. Стварно второ тромесечие било најубаво. Коса, нокти, кожа никад подобри не ми биле. Енергија фул, шетам, се движам, уживам. Дали пиете дополнително витамини освен фолна? Мене гинекологов ми вика пиј си само фолна, немаш потреба ништо друго. И вие што сте околу 20 недела, дали ви се познава стомакот многу? Мене пред една недела почна да ми се познава, уствари јас си гледам доста промени и најблиските. На друг кога ќе кажам дека сум веќе 5ти месец, никој не ми верува. Дали да се радува човек или да се загрижува. Инаку од 18 недела веќе секоја вечер го осеќам како мрда. Мене чувството ми е како со пердувче некој да ми поминува од внатре на стомакот.
@Daydream Мене ми се познава од сам старт, а околу мене никој не го глеа Јес да сум пуничка од секогаш и си имав меше и пред, ама за 4 дена почнувам 7ми месец, и некои луѓе се чудат кога ќе им кажам дека сум бремена не па уште и 7ми месец. Пред некој ден една не толку блиска братучеда на мм се породи и и честитам, па “фала фала ајде поскоро едно машко кај вас”, викам “мома е и второво” ваква остана
Мене ми се познава и тоа баш убаво, се чувствувам како 7ми месец, ама јас уште од почеток почнав да качувам тежина, немав мачнини и се си јадев. Инаку од витамини пијам ПремамаДуо
А дали со скринингот е морално и мерење цервикс? Мене никој не ми спомнал такво нешто, во вторник сум на скрининг меѓутоа не знаев дека и вагинално ке ме прегледуваат
Зависи од докторот..некои не мерат воопшто, некои мерат само по индикација ако имаш болки некакви, мене ми измерија онака, не дека имаше потреба.
Здраво девојкиии Вчера мислам дека го осетив малце бебенцето како чешкање неколку секонди десно измеѓу јајник и папук а сместено е под папукот одма па си викам дека беше тоа заради тоа што имав гасови и незнаев дали е бебе или од гасовите а вчера немав па затоа мислам така.... 14+3 вчера ... со душа чекам среда да си го видам
Да не е малку рано мила, 14+3 да е бебе? Нека кажат еве некои поискусни мајкички,мада верувам дека кај сите е различно.Кај и да е ќе го осетиш ептен убаво понатака,што ќе нема промашај што е
Имаше две членки баш пред некој ден пишано едната 14 недела како пеперутки и скокоткање а другата на 15 дека го осетила.... може и да не беше бебе само малце поинаку беше затоа помислив дека можеби е тоа како и да е ќе почне кај и да е само здраво право да биде па кога ќе почне тогаш