Можно е, јас првото во 14та го осетив. Ова второво доста послабо го осеќам. 18та недела, дури вчера почнав да го осеќам подобро.
Здраво девојки. Веќе 3та недела како имам мачнини,како да немам рамнотежа,како да ми е низок притисокот...како да во секој момент ќе паднам... 115 / 60 ( и обично е толку само без мачнина) ,само ми се леже,спијам по 12часа и само ми се спие... сакав да прашам дали е можно и веќе во 24 недела да ми се гади па дури и да ми се повраќа ...
Да си пишам само Утре сум на гинеколог конечно да го видиме бебуш-плаво или розе хехехе иначе и јас 3 дена имам мачнини и повраќам ама тука и потопло е 25 степени па мене ми прави проблем толпото време со господ напред утре се да помини како што треба да нормално е има некои и до крај што повраќаат
@KittyCat:) исто и јас утре сум на контрола и многу сум љубопитна само незнам дали ке се гледа полот Мајки вас во која недела точно ви кажаја пол ?
Мене со првото ми кажа 12/13та недела на скринингот и докторот беше прилично сигурен. Сега со второво на скринингот прво ми рече дека е машко, ама после рече дека заличува и на женско, така да за сигурно ќе почекаме. Инаку и двете бремености на скрининг одам кај Димчев.
Јас денеска бев на втор скрининг, кај Димчев, и поминав одлично, пре задоволна сум, докторот се убаво ми објасни, секој орган го гледаше, и ми кажуваше што е и како е, се е супер, фала богу, се виде по 100 пат дека е момче секако, си го криеше фацулето со рачето, и едвај некоја сликичка излезе, ама баш се гледа убаво, јас сум многу задоволна, еден од најдобрите доктори кај што сум била до сега.
Јас сум 18 недела со второ па уште не сум сигурна дали е бебето или не...прерано е за 14 мислам ,а може и грешам ♀️
Бев на доктор бебе супер си мрда со ножината рачината по мерки до ден точно 14+6 пол не се гледа не се дава така лесно хахахха па на 7 дек на преглед на болница на 14 дек скрининг и дури јануари кај матичен гинеколог за полот охоо хахах како и да е најважно здраво и право со сите нишани па какво сака нека биди
И јас бев ми направи микробиолошки тестови и брис, ми направи ехо по нејзина мерка сум 15 та недела. Бебе во ред си мрда рачиња ноџиња, срценцето му чука и околу 100 грама е ми личи како машко ми рече ама не сум сигурна може да е и папочната врвца Како и да е битно да е здраво право Тек наредна контрола ке ми каже сигурно Почеток на декември ке одам Мн лесно ја терам бременостава, истото и докторката ми рече колку можиш чувај се зошто супер бременост имаш Со лесно на сите да ви е бременоста мамички