Мене ме изненади килажата на бебе 104гр во 14+6 хахах буцко може да биди ... господ нека ги чува и нас и нив
Не мора да значи, првото тромесечие, бебињата растат дупло секпја недела, после тоа не е баш така, по неколку грама, зависи секако, мене др ми кажа после 7ми месец, се мери килажата најубаво и тогаш до некаде може да се одреди како би било понатака, сега за сега ништо не можам да кажам, ова моето е 500 грама тек, а сум само 22 недела.
Мислам дека е женско, ама супер се е во ред мило ми е, самп и ти психички малку да се релаксираш ќе биде супер.
И јас мислам женско дека е .... мислам дека од сега ќе дишам поубаво искрено ми најде само некоја бактерија во мокрачата и ми даде терапија само 1 ден и тоа е тоа ептен сум среќна сега рајат хаха
Супер ти се резлутатите нормално е во бременост да ти се покачени лекуцитите и мене ми беа сега исто покачени на последната крвна слика што ја правев
Супер ти е крвнава слика. Леукоцитите кај трудници најчесто се повисоки но тебе не ти се над горна граница, така да супер си е. Железото ти е исто добро, хемоглобинот малку намален но не е страшно. Исто како тебе кога ми беше не пиев ни терапија. Можеш превентивно да си јадеш аронија, спанаќ, брокули, какао.. храна што ги зголемува железото и хемоглобинот, за да не се намалува дополнително.
Фала ви женски, ми даде докторката да пијам железо, дека ми било слабо, а и минатиот пат ми беше исто слабо, а за храна, секој ден внесувам овошје, и зеленчук, обавезно, манџи јадам се, ќе се подобри нареден месец сигурно.
Денеска сум 15 недела пред неколку недели (околу 13 недела)осеќав како чешање/скокоткање на стомакот и сеуште понекогаш ми се случува тоа.Дали може бебето да биде?.. Мене ми на крај памет не ми падна дека може да е бебето ама сега тука прочитав,а не сум баш сигурна мислев дека е нормално не би требало толкуу рано. Инаку малку повеќе ми е палаво бебчето
I jas isto se prasuvav od jadenje li e gasovi li se bebe li e, 17nedela sum. Doktorkata sto mi pravese skrining mi rece prvo dete okolu 20 nedela ke osetis ke go baraj pred toa ne se panici za dzabe
Јас тек 19, 20та недела го осетив така поубаво, може и претходно имало нешто, ама не сум знаела дека е бебко, како голицкање и треперење, така го осеќам јас.
Мене и за првото и сега во 12та недела ми кажаа пол. Првото го почуствував во 17та недела, а сега исто денес влегов во 17та а последниве неколку дена го чуствувам
Здраво девојкиии денес полни 19 недели и некако убаво си се осеќам, цел ден си перам си пеглам, што убав ручек си зготвив леќа манџа и салата мераци вчера бев малку засекирана кога ги добив резултатите од скриен шекер, подледниот параметар ми беше малку покачен па денес појдов кај матичната ми кажа да исфрлам благо па за еден месец пак проверка и тоа, со спиењево си немам проблеми, кома сум поздрав срцки
Девојки, Сакав да прашам дали некоја од вас се соочила со крварење во второ тримесечие? Не е обилно крварење, туку исцедок кој се појавува како дамка на долниот веш, како и при бришење или мокрење и тоа еднаш во неделата и набргу престанува. После секој исцедок одам кај доктор и сo бебуш се е во ред. Не знам што е...денес пак ми се појави Пред 2 недели имав кандида и ја лекував, но бидејќи пак се појави исцедок значи не е од тоа..... Дали знаете нешто слично кај некој за ова? П.С. Немам болки, а сум 25 недела Фала за секој одговор
Да не сте имале односи? Обично после тоа се случува и е нормално, од повреден крвен сад. Штом гинекологот ти вели дека е во ред, не би требало да е проблем. Оди пак за секој случај штом се повторило, нема штета да те види.
Имавме интимен момент, но не и однос, а тоа беше пред еден месец. И секоја недела потоа се појавува крвав исцедок :/ Само на раат да не е човек. Само да не нешто лошо, Се друго поминува и се издржува...
Вчера и денес, ужасно се чувствувам, мнофу лоши денови, само плачам, нешто тешко се осеќам, не знам што ми е, нешто емптивно сум катастрофа, многу лоши денови, се надевам утре ќе е по позитивен.
Ех сите си имаме такви денови, ќе помине знаеш дека се хормони во прашање. Направи си чајче пушти си филм и уживај во второво тромесечие пошто после потешко ке ни е
Девојки 15 + 2 сум дали е нормален исцедок како вода течен исто така понекогаш имам волки во јајниците како да ме сече