Јас имам околу 900 мг земано при големи болки.Обично 500 зимам.Мене матичната ми рече не можам да се предозирам само пролив може да ме фати.Не сум имала со 900 проблем
Имам капсули од џемисон од по 250мг. И во премамата има околу 50тина мг. Можам да земам два пати по 250мг плус премамата 50тина? Околу 550мг вкупно. Не би требало да е проблем, ама некаде имав читано дека вишок на магнезиум може да направи аритмија и срцев застој.
Јас земав магнезиум 400мг на ден толку имаше во кесата, но кога имав бодежи долу матичната ми рече по 2 кеси на ден, едно на сабајле едно на вечер. Кога ми прекинаа бодежите, продолжив пак по 400мг. Не би земала искрено повеќе од 800мг/900мг.
За аритмија и срцев застој првпат слушам.Магнезиум препорачуваат и за возрасни лица за срце.Го релаксира срцевиот мускул. Јас земам по 400мг Мg и плус во витамините имам околу 100мг.Вака земав и со првото. Ако земаш поголема количина гледај да не е подолго од 2 недели.Еднаш кога не бев трудна матичниот ми препиша 800мг Мg за болка под градите ама ми рече не подолго од 2 недели. Јас овие 900 ги пиев 2-3дена па пауза па пак ако осетам ќе земам.Не цело време.Тоа е тој период од 17 недела до 24 г.н кога се шири матката и се осеќаат интензивни болки и сечење во лева и десна страна,кои се нормални.А јас многу се плашев оти со првото ги немав
Во дози до 350мг го релаксираат срцевиот мускул, а колку високи можат да наштетат не знам. Ама штом повеќето го земате, ќе земам и јас по ~550мг. Од почетокот земав по 400, па престанав да го земам, бидејќи не чувствував потреба. Матичната ме искара и ми рече дека потребно е магнезиум да се пие во бременоста. И пак си зедов. Пијам по 1 капсула од 250мг и тоа во премамата, ама последниве 2 дена имам грчеви и гасови и морам да зголемам доза. Ви благодарам многу! ❤️
Мене матичната ми има кажано дека до 1гр. е дозволено ако имаш болки јас некој денови пијам две од 400мг.
Чекам повеќе од саат, државно во мал град, две пред мене примија што се за пораѓај, од докторот абер нема. Минатиот пат кога дојдов вака со болки чекав повеќе од два часа.
Не се секирај, ќе те боцнат со прогестерон, ќе одмараш и ќе се среди. Бабчињата ни се веќе развиени, немој да се плашиш
Девојки фала на сите што пробавте да ме смирите и на грижата Јас сабајле одма влегов да се средам и се изнаплакав додека се туширав и спремав за на доктор. До пред малце дремев, цел ден од што плачев и нервози, се напив б6 и сум заспала. Добро е се одма да ви кажам прво, фала му на бога. Таму додека чекав за преглед имаше за пораѓај една со болки, неа ја анализирав, само офкаше и шеташе, ни сестра ни доктор пола саат, па дојде сестра а зема, и јас прашав каде е докторот дека ем жената пред пораѓај ем јас со секакви црни мисли во глава едвај издржав час и нешто чекав. Имало некоја за пораѓај незнам што, па ајде ете ти го докторот леле го видов, истиот од претходниот пат кога бев Саша Јовчевски, што ме прегледа со рака уште во 8ма недела.... Добро е бебето битно, кафеаво немаше нигде внатре вагинално, ни до грлото на матката, а знам оти пак ми збрца рака, он таков принцип на преглед си имал, леле како што не сум имала секс од јули, мислам доле позатворена и посува не можев да сум, овој пат подолго ме прегледа, вртеше со раката рече грлото е добро затворено, нема сукрвица вика внатре еве види и ми ја покажува шаката со ракавица, јас веќе овената на столот, му викам а ехо бебето како е да видиме, и уклучи ехо, добро е вика се. Ми препиша утрогестан по 2 на ден, ми зголеми магнезиум, ми рече брисеви да ми земе матичната се сомневал на инфекција, вика може тоа проблем да ти праве или направе, и да сум мирувала повеќе. Ама добро бре кој уште прегледува со рака у пм, ич не ми е гајле колку го фалат сите, да ми беше Ск поблиску бар приватно да одев, втор пат вака ме прегледува со рака. Можно ли е што вчера испешачив скоро 8 км да ми се јави ова? Ова утрогестанот многу скап е, 450 денари?! Во вторник одам во Чаир за извештај за боледување, баш ќе видиме и таму што ќе кажат на прегледот.
По трет пат сум бремена и прв пат читам контрола со рака да прави доктор Кога одев на пороѓај тогаш ме провервеа колку сум отворена со рака, на друго не се сеќавам Сигурно и прегледот бил незгоден Ај било како битно бебе е во ред без грижи
поради ризик од предвремен пораѓај мене ме гледаат со рака од 20 та недела навака , искрено има од доктор до доктор и различно е кај сите само треба да се опуштиш многу и нема да осеќаш толку болка , а инаку друг начин да ја опипа состојбата на грлото на матката нема ..... меко или не , скратено или не , водењак цел или не , отворена или не само со вагинален преглед , со вагинално ехо може само да измери должина на цервикс ... докторот на ургентно ме унакази , значи после прегледот мислам дека неможев да седнам , а матичната и докторката на ГАК понежни се и ќе се опуштам па не чуствувам болка воопшто , значи зависи од докторот ( некако убедена сум дека машките гинеколози и доктори се погруби , мое искуство во тој преглед )
Да, толку е утрогестанот, јас 4 кутии месечно користам од почеток на бременост, ама сум некако помирна дека имаат влијание. 8км мислам дека се многу, да.
Пишав еднаш во Германија прегледуваат од 27 недела редовно со рака.Дури и при пап ако не си трудна прават контрола со рака .Јас па се лутев дека оваа др до сега не ме гледала со рака , а претходната како од 2 скрининг да ме гледаше За мене тој преглед не е болен малку нелагоден и треба што межеш да си поопуштена.Јас посигурна се чуствувам со тој преглед изгледа сум старомодна
Zdravo devoki, 20 nedela sum I imam bolki vo zeludnikot. Nekolku pati mi se ima sluceno da imam silni bolki vo stomakot, pod gradite I vo grbot. Na bolnica mi vikaat deka e do zeludnikot I ne mi davaat nikakvi lekarstva. Primav infuzii I bev podobra ama eve sega pak. Dali ima nekoja so vakov problem?
23+2 сум, и од синоќа осеќам доле како боцкање некое. Бев на скрининг во петокот се' беше супер, ама грло не ми измерија и никогаш не ми мереле пред 7-ми месец. Се уфилмав дека ми се скратило грлото, а најверојатно нема благе везе ама ептен сум паничар. Какво е чувството ако некоја од вас има скратено грло на матката, се осеќа?