Девојки како сте со лажни контракции и по колку пати дневно чувствувате. 21 недела сум, некаде од 17та осеќам стегање на стомакот или само од едната страна ќе се надува малку и стега или под папокот од двете страни и болка која си ја имам почесто,тогаш и кажав на докторката за стегањето спомна да не се контракции па ми измери грлото на матката беше 4,5 вика не е можно контракции на оваа должина, е сега од вчера повеќе си осеќам и како слаби менструални болки некогаш кичма. И некни ми кажаа дека постелката полека се спуштала, многу мирување ми рекоа, а јас и лежам повеќето време од бременоста, не се движам мн
Јас имам слаби менструални болки точно кога треба да добивам менструација, а оние вистинските контракции секако ке ги знајш кога ке се вистински , мн поразлични се од лажните Ти изгледа го осекаш бебето како се тегни во стомак и расте
19+5 сум втора бременост се уредно. Многу слабо го осеќам бебуш ,може во денот и ниеднаш. Дали е тоа зошто цел ден се нешто сум активна со синчево има 2год. и бара многу внимание. Кога вие почнавте убаво да го осеќате бебе?
Јас сум +22 недела, прва бременост, кога сум активна во денот дали од што немам време може и ич да не ја осетам. Ама па постелкава ми е на преден зид и секогаш кога ја осеќам е долу ниско ептен и се од десната страна. И многу е пасивна за сега неколку пати на ден и толку и нежна хаха. Си се тешам дека е поради поставеноста на постелката. Баш следен преглед ќе прашам. Тебе како ти е постелката? Мислам немаш простор за грижа, мали се уште можеби немаат сеуште сила. Секоја бременост е различна.
Исто постелка напред ,не ми текна дека можеби е до тоа. Не се плашам ,во среда сум кај Димчев ќе видам што ќе рече тој. А може и мирни бебуши имаме. Првото исто ми беше нежно како твоето додека беше во меше,и до ден денес е таков само се гушка,се гали . Фала ти на одговор,имај лесна бременост и секое добро
Не ми е местото за тука ама случајно го видов името, т.е. никот и сакам да те прашам од каде тоа име? Ќерка ми се вика така, затоа ми падна во очи, ништо друго
И јас сум со постелката напред, до пред некој ден од време на време го чуствував бебуш, овие 3 дена откако сум со симптоми на ковид ич го немам почуствувано, предпоставувам тоа е затоа што сум тотално омалаксана, а и цело време сум со малата в раце, плаче по мене ако ја оставам. Предходно читав као деца и трудници имале минимални симптоми, а ние по дома сме катастрофа.. Малата цело време е со температура, омалаксана, легнува по земја и на маса од што нема сила.. Јас исто, сите симптоми ги имам освен мирис и вкус сеуште што имам. Нека помине побрзо, неможам да ја гледам малата ваква и многу ми е жал што го мачам и бебушов в меше.. Дури и не си го приметувам стомаков, му велам на мм како да ми спласна стомаков, немам никакво чувство дека сум бремена. Се гледам во огледало, меше машала
@mamaJana Офф мила, само да ти дадам поддршка и што побрзо да ви помине вирусот! Ова само покажува дека воопшто не е за занемарување вирусов! Чувајте се
И мене ми се случи истото во 19+4 се извадив од памет..ми се згрчи цел стомак мислев дека ке почнам да се пораѓам зашто такви болки имав кога се пораѓав со второто,кај мене болката почна од десната страна позади најверојатно од кај бубрегот и продолжи во стомакот,бев на ургентен и се беше ок и ми препорачаа повеќе одмарање .
Девојки само што мерев притисок дали од тоа што бев во движење со обврски по дома и од кафето или да се јавувам кај доктор 113 со 81 срце 115 иначе имам ептен низок притисок до 70 ако ми качи максимум а срцето ми е вака некако 100 90 максимум 126 17 недела?
За мене нормален притисок е висок притисок зато прашувам дали 113 со 81 е загрижувачки или повиосок е загрижувачки? Иначе од низок и јас немам проблем само спијам хахах Ама готово го мерев сега на 72 е паднат изгледа од мн движење и кафе ми се има качено
Mislam deka visok e problem za bremenost ama se zavisi od toa koj e za tebe bazicen. Nizok mislam deka ne e problem ama prasaj si. Mene base mi e 90/60 znaci nizok ako iam 120/80 toa e veke visok za mene i e alarm ako e za poveketo normalen.
Не е за паничење воопшто притисокот добар ти е висок е од 90 па нагоре( на пример 140/90) така да уживај напи се магнезиумче и одмарај си и не се паничи многу олабави се малку и уживај во бременоста
Да низок ми кажаа дека не е проблем јас и пред бременост имав низок а нормалниот присок за мене е висок и одма се сеќавам дека не сум како што треба.Сега ми е во ред можеби од многу движење и кафе ми се покачи. Ви благодарам на сите
Воопшто не ти е загрижувачки притисокот, мене постојано ми е толку и срцето од 100 до 110 откуцаи ми има. Ако ти е висок не е добро, а низок притисок не е никаков проблем освен што си омалаксан и без енергија. Јади солено, ајран мене најбрзо ми го крева притисокот, кафе, газирано и благо. Или едноставно лежи одмарај и пушти серија, уживај во нискиот притисок.