Ај да си пишам јас хахха 19+2 јухуууу време нека минува самоо Бебуш вчера малце ме исплаши имав таква болка во лев јајник да неможам да си дојдам на себеси до плачење стасав тоа да ти се преместувало и тегнело веќе сеќавам кога се истегнува незнам како е можно ама со оглед дека рано почнав да го чуствувам..... Некни и сношти само што легнав по 30 мин почна да клоца и тоа убаво на рака можеше да се сети... Мама проблем со вц како и секогаш секој ден морам да експериментирам што би помогнало денес заради тоа што се ми делува само еден ден ...маки моии..... Ве гушкаме сите јас само да си пишам да не ме заборавите хаххаха
Исто и јас го осеќам ама како тегнење во стомаков и некако интересно стомаков изгледа во положба бебе да е седнато на столче
Мене на скрининг во 22ра недела ми измерија 2.9, докторката во Ремедика ми даде само утрогестан да ставам по едно навечер, и да пијам магнезиум цитрат. Во консултација со матичниот ги земав утрогестанот а магнезиум стандард продолжив директ од 400. Исто ми рече да не шетам многу, да не кревам...По две недели бев кај матичниот ме измери иста беше ситуацијата, ми рече да не го продолжувам утрогестанот, само да не се движам многу ми рече, иако тоа малку тешко ми оди
Јас од кревет станувам само за јадење и wc но сепак се плашам дали ќе биде во ред бидејќи контрола ми рекоа дури за три недели
Јас продолжив и на работа да одам... ете по 2 недели иста ситуација беше, сега сум на контрола по 3 недели па ќе видиме дали ќе го измери матичниот воопшто...
Денес на бришење пак кафеаво парче мало, само тогаш, не се повтори. Трет пат по ред, недела две нема ништо, па ќе се појави. 20 + 3 сум, еден месец сум на утрогестан, пијам насабајле и навечер, магнезиум 900мг и Премама. Матичната и во Чаир ме гледаа, се е во ред според нив, но не можам да не се запрашам зошто се случува ова...немир голем ми ствара, б6 почнав да пијам. Во вторник или среда одам на втор скрининг кај матичната ќе и кажам, и се мислам дали наместо во Чаир, да одам приватно негде да ме прегледаат Систина или Ремедика, немам памет веќе. Некоја има ли некое искуство вака или да слушнала за друга? Јас на нет читав дека може да се работе за предвремено породување или за плацента превиа, проблем со постелката. А последните денови осеќам болка тргнење околу папок, бебчето се осеќа веќе 2 недели и повеќе. А до сега на сите прегледи се е во ред...
Имав и јас така како кафеав исцедок некаде малку пред 20та недела најверојатно, докторот буквално ми рече дека нема поим од што може да биде, дека се е во ред со бебуш и останав недела дена на боледување, од тогаш е се во ред, така да, најверојатно не е ништо, ама сепак мора лекар да те види. Инаку овде каде што сум, само витамини даваат на трудници, буквално никакви таблети, инекции и сл, не даваат, освен ако нема потреба за тоа, што значимене ми прекина крварењето само од себе, како што си почна, без воопшто да ми препишат нешто и фала Богу се си е во ред. Така да, без паника, ама сепак, консултација со лекар задолжително.
Здраво девојки, од утре 24 недела, бебушко го осеќам активно ептен, но некогаш долу ептен ниско кај вагина напред. Имам болки од препони па накај вагина како сечење се до анусот ама издржливи. И напред кај што стои ластикот од долниот веш осеќам слабо сечење. Некогаш слаба менструална болка и болка во кичмата. На движење ми се стврднува секогаш стомакот, а при лежење некогаш поретко некога често. Пијам магнезиум 3х250 и утрогестан двапати ставам. Мината недела бев до систина ме ставија на цтг ама ништо немаше. Нели е рано да покаже контракции и кај да барам за емг на матката
Од лева страна ме боли и мене, и да знаеш дека може да е тенкото црево, затоа што не можеш да одиш во тоалет редовно. Мене ме заболува така од лева страна, ми се подува стомакот, и имам гасови, штом отидам до тоалет, ми поминува. Иначе ти кажаа пол тебе?
Е можно е да е тоа неможам да одам во вц.... не сеуште на 14 на втор скрининг се надевам ќе кажат хахахха Твоето е машко така?
Викендов толку мачно ми помина, секој ден главоболка а вечерва имам и грчеви околу пупакот, се мислам од храната дали ми е или не. Во глобала послбо ми се вари и ми се дуе стомакот често. Да се напијам ли магнезиум? 15+ сум и земам само кога ќе осетам некаква мака. Во петок сум кај матичната претпоставувам ќе ми даде редовно да ги земам
Кога прв пат го почувствувавте вашето бебе да мрда? Јас можеби си замислувам, ама на неполни 13 недели осеќам некои клоцкања ситни. Близнаци се, а го чувствувам само едното што е погоре. Понекогаш кога мирно седам и туку само како со иглички да мрдка внатре го чувствувам. Имам едно бебе родено, ама не се сеќавам кога прв пат го почувствував.
14ta nedela, dosega nemav nikakvi simptomi, pa vo vtoro tromesechie nema ni da ochekuvam.. No shto e so " na vtora bremenost, stomakot pobrzo se poznava" ? Ni S od stomak, ima nekoja trudnica vaka ?
Со првото не ми се познаваше стомак со полни 4 месеци. Сега на 13 недели ми се познава и тоа бајаги. Ама и сега сум 10 кг + отколку тогаш