Денес 20+2 бебе си е активно само тато уште ја нема осетено а ја стави раката се смирува и не мрднува инает на мајка е хахахах. Се надевам дека нема до крај ваква да биде тој цел среќен сака да ја осети та си се смирува али тоа е тоа мама важно ја осеќа убаво.Понеделник на 2 скрининг.... ај да прашам поискусни што поточно е CBL ? Ми правеа испитување на крв е сега дали ова е детална крвна слика леукоцити тромбоцити или сепак нешто друго? Иначе испитуваја Шеќер,Хепатит Б. Хив и уште неколку работи и една е CBL
Здраво друшки,од вчера сум 14 полни недели па да си се пријавам тука во второ тромесечие.Повраќање имам уште неколку пати на ден а мислам ќе си терам вака до крај,мачнини цел ден, во прво тромесечие бев позитивна на ковид,кафен исцедок неколку пати,направив нифти се е супер и малку со олеснување ви се придружувам во второ тромесечие да се дружиме
Девојки колку е нормамно веќе овие остри бодежи лево, повеќе некаде десно кај препонот, нагоре, надолу накај вагина и анус. Па на сред стомак сечење. Стомак си се стврднува. 25 недела. Брисеви и уринокултура чисти. Во неделата бев на гак по совет од докторот што ме следи да барам да останам таму, барем 7 месец да го поминам таму на следење. Но ме вратија со изговор оди почесто кај матичен и ако има влошување тогаш ќе дојдеш
Девојки здраво. Ајде и јас да се пријавам у второ тромесечие. Денес бев за брисеви да ми земат. Бебуш пораснал, 14 недели и 3 дена. Све си е у ред. Не ми се верува колку брзо ми летна времето до сега. Од симптоми немам скоро ич, не ми се лоши не повраќам. Од ништо не ми се гади. Се надевам до крај ќе си оди вака лесно
Цтг ти прават на ГАК? Такви болки во лев, па во десен препон, јајник, или што и да е, имам и јас, наизменично, кога како, некој ден имам и менструални болки, ама кратки ептен, такво стврднување како ти, немам. И кај мене се чисти и брисевите и уинокултурата, сите ми викаат дека бебето притиска, и затоа болат лигаментите, да си пијам магнезиум и да си одмарам. Друго се е во ред? Што вика матичната? Со цервикс, плодова вода, плацента..?
Јас имав такви сечења на среде стомак поточно околу папок и испадна дека ми се од промена на витамини, односно почнав да внесувам железо и имав мака со дуење на стомак што наликуваше на стврднување но со пробиотик ми се среди. Незнам дали може да е нешто слично кај тебе но и јас си мислев на најлошото и џабе стрес си правев Се надевам ќе се среди и кај тебе @thelittle17
Јас пијам железо, веќе втор месец, може да е и од тоа, не пијам пробиотик, ама немам стврднувања такви како контракции, може само желудникот некогаш да ме стегне. Повеќе кај препоните и јајниците ме наболува мене, ама после сите испитувања ми викаат дека нема ништо, и дека се лигаментите во прашање, се шири се, се поместувале органи, и плус од тежината на бебето. Кое железо го пиеш ти, и кој пробиотик? Дали осеќаш замор и поспаност, од ниското железо? Јас ги пијам на Синерџи-Ferrofect.
Земи си линекс форте дозволено е 3 пати на ден Јас не пијам додатно железо, мака имав кога преминав од фемибион1 на прегнакер, има железо во составот, ама не ги сменив џошто на крвна слика ми ја држат високо вредноста а пред бременост секогаш ми била на долна граница. Тогаш осеќав замор сега не.
Па не знам стварно, ми кажаа да пијам повеќе течности само, и чај од брусница, со магнезиум и утрогестан секако, според др. не се контракции, па не знам ствано, стомак не ми се стврднува. Тебе ти се стврднува? Какви болки имаш?
Здраво девојки. Од денес го почнувам второ тромесечие, па да ви се придружам. Првото го поминав одлично, не ми се гадеше, не повраќав, уживав во тие 14 недели. Се надевам дека и понатаму ќе ми биде вака. Со лесно на сите.
Здраво и од мене девојки Од денес јас го почнувам второто тромесечие. Да си го поминеме сите лесно и без грижи
Синоќа бев на дежурен во ремедика на ехо е ок се. Цервикс ок. Стварно не ни е јасно од каде се болките. Сабајле ме фатија цел саат менструални болки, ете сега пак се стврнува стомак и ме сече. На цтг не ме ставија
Па нормални се такви лажни болки, се подготвува телото, ама чим имаш болка не знам, и јас имам болка привремена, кога како, секој ден не. Чим се е добро, лежи и одмарај дома, пиј си тоа што ти дале, и не се секирај.
Здраво мешиња, 25+2 и нешто ново што приметив вчера и денес се како некои стврднувања на стомакот претежно околу папокот. Трае кратко неколку минутки, два три пати во денот и нема болка никаква. Баш поради тоа што немам болки не се секирам многу но сепак сакам да слушнам и ваше мислење од што е така
Тоа ти се лажни контракции, чим немаш болки уште поубаво. После 6ти месец почнуваат да се појавуваат, и се додека траат кратко, и немаш болка, немаш гајле. Пиј си магнезиум, и одмарај си.
Девојки дали во второво тромесечие ви се случило да имате нагли промени на расположение. Овие две недели неможам да се препознаам, одеднаш може нешто да ме изнервира и да почне да ми лупа срцето. Почнаа некои работи што не ме нервираа порано да ме нервираат баш овој период. Дали е нормално вака да се реагира