Ниското во матката имам од време на време како придвижување, не е болно но е како секундарно претиснување на исто место. Се повторува кога лежам 2-3 пати, потоа нема ништо, по некои час два повторно исто. Дали е можно кога мрда бебето цело време да ме допира на исто место. Некој да сподели искуство? Инаку утре правам 18 полни недели.
Фала ти, ми олесна. Мислам дека и на најглуп филм ќе се скинам од плачење, а за нервозите како ми идат да не зборам , се плашам да не му наштетам на бебче што тешко си ги контролирам емоциите ама полесно ми е кога знам дека не сум сама во ова
И јас од денес ве дружам тукаааа 14 та недела Завршив скрининг и приска, се е во ред За 3 недели сум на преглед да го видиме полот на бебето Едвај чекам
Јас ти гарантирам дека е нормално. Ако претходно можев да се воздржувам на глупи коментари и да не реагирам, сега не можам. Комшика, мама, маж, другарка, вработена во аптека - небитно, од такт ситни работи ме вадат, и нема ќутење, устата ми е пребрза и сите си добиват што претходно може ќе преќутев и ќе се воздржев да не искоментирам. Мама ми вика и нервозна и дрска си, ама да си жива и здрава ќе ти помине, а претходно бев тешка флегма, не се замарав и ретко се нервирав. И преемотивна во исто време сум, одма после знае да ми е жал, да ми е криво и да плачам а во животот многу ретко сум плачела. И мене ми лупа срцето, насабајле и навечер пијам б6. Хормоните дивеат.
Што се однесува за емоции и расположение, луѓе јас сум флегма, не мислам физички, туку психички. Ама баш ништо не ме нервира, баш ништо не може да ме расплаче, ништо не ме дирнува, не знам што ми е. Како дрво сум. А не бев таква, не дека сум се замарала многу со небитни работи, напротив, ама ова сега е претеризам. Нит па се потресувам со бременоста нешто многу, каже ли доктор дека се е ок, ништо не ме дира понатака, нит па читам по интернет. Пред циклус сум била бегај од мене 2 метра. По 10 пати во ден менував расположение. Секогаш му викав на маж, тешко тебе кога ќе сум трудна. Ама ова скрос спротивно од тоа што очекував. Повеќе вака си се сакам, мислам и мм повеќе вака ме сака. Него сакав друго да прашам, осеќате топлина на градите? Не сум прочитала до сега ваков симптом во темава. До пред неколку недели, подуени, ме болеа, сега во последно време кога ќе се допрам, топлина осеќам. Ќе го прашам матичниот следна недела. Инаку 25 недела сум.
И јас бев порано толерантна, не се замарав за ништо и сега одеднаш како вулкан сум Но тоа е бременоста не менува и сите дешавки со коронава сигурно влијаат потсвесно. Ќе издржиме и луѓето мора да не толерираат пошто и ние не сакаме да сме такви али има нешто посилно во нас
Јас осеќам топлина понекогаш и мислам дека е нормално пошто се случуваат промени во градите. Мене и многу ми се пораснати, тек сум 14+2, маж ми ме зеза, вика ќе ти избегаат. 2-3 кила имам качено и мислам дека се е во нив отидено, што им е планот стварно не знам.
Од кога го осетивте мрдање на бебето? Знам кај сите е различно, но јас денес сум 17+1, а немам уште ништо осетено. За неколку дена сум на контрола се надевам дека се ќе е во ред, инаку на претходната контрола ми кажа дека е машко ќе видиме дали со сигурност е машко на следнава. Поздрав до сите
Па каде и да е за брзо ке почнеш да осејќаш и јас исто некаде кун 18 та недела почнав да го осејќам Со лесно мајка бременоста
Ајде и јас да се пријавам, веќе 1 недела сум во ова тромесечие. Правев прв скрининг и приска 1,резултатите се супер, микробиолошки брисеви и уринокултура, одлични. Расположение менувам и јас, некогаш и сама си коментирам, хаха, си плачам чат пат, се смеам, си викам најчесто на мм, ама тоа е ќе ме трпи,... На 2 3 пари кивев крв од носот, имам главоболки.. Пијам вода со лимон, кафе и парацетемол.. И поминува. Често мокрам. Многу ми е жешко, се сум на кратки ракави, посебно ноќта ми е тешка, имам секлет на нозете, не можам да спијам, дежурам хаха, кај ми е крајот.. Инаку онака сум ок. Фала богу немам многу мачнини.. Чат пат киселини. А фемибион 2 ќе почнам да пијам од утре, се надевам не е проблем бидејќи имав уште неколку таблети од фемибион 1. Имам понекогаш менструални болки, се укочува на седнување, станување. Пијам витамин ц од 1000 и магнезиум директ прашокот со б и ц. ПС.ПОЗДРАВЧЕ МАМИЧКИ И БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ, МИСЛЕТЕ ДОБРО, УБАВО, НЕ ПАНИЧЕТЕ МНОГУ. ЌЕ БИДЕ СЕ ДОБРО. НОРМАЛНО Е ДА ИМАМЕ ПРОМЕНИ И ВО РАСПОЛОЖЕНИЕ И СО НАШИТЕ ТЕЛА. САМО ГОСПОД ДА НЕ ЧУВА ОД СЕ. ГУШКИ МАМИЧКИ.
Јас од 13 +6 почнав да осекам како пеперутки во стомакот, а од вчера 17+6 осеќам повремено како нешто да ме удира (ама не боли) но сеуште не можам да разликувам дали е тоа од бебето или не.
Срцка зависи од постелка дали на преден или заден ѕид ти е ако е на заден побрзо ако е на преден покасно ама како и да е плус минус околу 20-22 ќе осетиш...Јас рано почнав да ја осеќам постелката на заден ѕид ми е ..
можеби мене така ми рекоа и тука така прочитав и дека ако ти е прва бременост покасно ако е втора проано.... Сепак се си е индивидуално