Мене ми е постелката на заден зид, осеќам како пеперутки чат пат, како да ми мрдка нешто, како да ми крчат црева, чат пат како ми чука, некогаш како кога ти игра ама мислам дека се нерви, рано е за бебе, 14+2 сум.
И јас осеќам така како некои бранови и како чувство на пеперутки во стомакот. Мене ми е постелката на преден ѕид, но за убаво да го осетиме мислам дека треба да поминат уште месец дена
Ќе ги осетите уште малку убаво... Јас сега ја осеќам како некое мини слонче да имам во мене,што ли прави внатре незнам...
Јас почнав од 16та недела дури може и порано некои чудни ептен чудни нежни бранчиња, струења. Одма знаев дека е беба и баш и кажав на гин.ми рече она можно е пошто ми е на заден ѕид постелката. А убаво почнав од 18та недела да ја осеќам, посебно кога си лежев на грб вечерта, со некои грицки и благо додека се гледа филм, и ете ја, стнадард, ноќна птица како мајка и , после 21 часот и сега 22 недела, навечер е најактивна, само што сега ја осеќам многу убаво и преку ден неколку пати. Од 21ва недела веќе почна да се гледа и на стомак убаво бранчиња, движења поубаво чувство амин. Кај секој е различно, нема што да се споредувате или да паничите, битно каде и да е ќе осетите и ќе почните да си комуницирате. Ако сакате да ги провоцирате да мрднат, освен со благо и електрик, пробајте и гласна музика, луѓе журка одма.
Јас многу рано почнав да ги чуствувам и во прва и во вторава бременост. Во првата ми беше на заден, сега на преден ѕид. Сега сум 21 +2 и веќе чуствувам убави ударчиња. Инаку јас втор скрининг ќе правам 21 +4.
Другарки,наназад видов дискусија околу д-димерите и скриениот шеќер,мој совет е редовно да си проверувате димери и хемостаза не секогаш има индикации ако има проблем таму,не е ни мода ни слично,не би сега да објаснувсм што може да донесат покачени димери како гром од ведро небо. Исто една членка пиша дека кога испитувала скриен шеќер и кажале да си оди дома и да се врати за 2 часа за наредно боцкање?! WTF? Треба 0 активности да имаш меѓу двете боцкања после оптеретувањето со шеќер,апсолутно мирување треба... не можам да поверувам какво незнаење и непрофесионалост од една лабараторија... Така да друшки со лесно на сите и испитувајте си се,нема зијан од тоа,напротив.
Мене замисли и " рецептот" за гликозата ми го кажаа во лабараторија за да си го направам дома. Непрофесионалност голема, а знаат да си наплатат за се. Кај мене ниски беа вредностите, на гладно 4, по оптеретување 5 па после 2 часа ми беше 3, така да мислам и покрај тоа што цел тест му беше безвеза, ако имав проблем ќе покажеше повисоки вредности.
Јас испитувам димери од почеток пошто сум со клексани а за скриен шеќер незнам кога е најдобро да се направи. Јас сум 14+3 па ако е ок јас и сега би испитала али некаде читав покасно се правело ова испитување
Дали некоја од вас е 0- група ? Јас сум и треба да примам инекција само не сум сигурна која недела беше точно 27 или 28
Здраво , 25 недела сум и имам болки кај половината, ама овие болки ги имам од почетокот на бременоста само незнам точно од која недела е сега како што сум поголема така и болките во половината дали е нормално и дали има некој друг искуство, матичниот кога го прашав на почеток не рече ништо кал демек нормално сега веќе немам прашано ќе прашам на следна контрола с до тогаш ако знае некој нека каже затоа што јас сега како што влегувам во овие недели така и повеќе се плашам
Јас имам такви болки, магнезиум 3 x 250мг, повеќе одмарам, понекогаш врзувам и шал на половината и по потреба пијам и no-spa
Нормално е од сам стомак што расте и му тежи на кичмата затоа имаш болки . И јас повремено имам такви болки и пијам магнезиум еднаш на неколку дена
Кога сме кај болката, да си се пожалам и јас. Пределот на желудникот и околу желудникот кон ребрата ми е како потечено, тврдо и болно. Не можам да се истегнам од болка, ако сум свиткана ме боли уште повеќе. Дури и тежина во дишењето ми прави. Бебе не е, бидејќи е уште ниско, дали се органите, дали дијафрагмата не знам, ама се понеподнослива е болката. Ме боли и кожата на допир и внатрешна болка чувствувам и на желудникот и на ребрата. Чаре има или ќе си терам до крај. Ме плаши, тек 20та недела сум, ако до крај е вака..
Да во Ремедика ми ги дадоа откако отидов на контрола при таква болка, од 40мг се, пијам по потреба кога ме боли