Богами страшно е надвор. Денес живнав малку подобро е од вчера, вчера мислев готово пред умирачка дека сум, толку ми беше лошо.
Добредојде Те читам и се смеам. Скорз истите симпоми ги имав и јас 14гн +6 сум по циклус, 4-5 дена поназад според големина на плодот. Мешето кај мене е мало и се познава. Не сум навикната да се гледам со меше, а само 1кг сум поправена. Некогаш е помало, некогаш поголемо. Имам периоди кога повеќе ми се јаде, а некогаш нормално како што си јадев до сега. Сепак и тој 1 кг што го имам качено мислам дека најмногу се должи на мојата неактивност (иако до пред бременоста трчав на кеј редовно и вежбав јога 2 пати неделно). Сега некако таква мрза ме има фатено, попладневните дремки си ги имам некои денови, a некогаш имам прилично многу енергија и немам потреба од одмор. Во принцип, се е доста променливо Со лесно на сите
И јас сум иста еве. Наутро кога станам гладна мислам немам стомак, ама затоа навечер кога се видам на огледало ми се познава И јас никогаш не сум имала стомак, бев и јас претходно активна, 5 дена во неделата вежбав и пешачев, а сега освен што пешачам ништо друго Но сепак исти сме и јас некогаш си јадам како и секогаш, а некогаш ела запри ме. Цел сендвич можам да изедам што никогаш ми се нема случено Али нека се бебушки живи, здрави па друго и не е битно
Пијам повеќе од претходно, ама претходно не пиев ич така да и ова сега не знам дали е многу. Може негде околу 2 литри дневно ми се собираат, не повеќе. Може и ќе се поднамали, еве денес како малку поретко да мокрам.
Мила и јас исто си одам да мокрам често исто како прво тромесечие и навечер ми се случува и по неколку пати да станам,да си пијам течности ама направив и урина и уринокултура што значи дека си е нормално,не се сеќирај секој организам си е различен туку срно викаш во трето тромесечие здравје не знам што ќе правиме хахаах
Девојки што мислите за фарбање на коса? Првите три месеци од бременоста не се фарбав, но сега сакам да почнам барем со фарба без амонијак ама сепак малку ми е како страв.
Ич да не се секираш,да си де фарбаш и да се чуствуваш убаво.Мене само малку ме буни ковидов и ми е страв да одам иако знам дека мојата фризерка ептен внимава ама мислам кај да е ќе одам со трчање оти не можам да се гледам во огледало
Е кај мене добро е што сама се фарбам хаха. Е сега понатаму ако неможам сама ќе помага свекрвица Искрено и јас неможам да се гледам во огледало и затоа сакам. Не дека имам бели влакна, но се навикнав на фарбаната и сега со мојава природна кога се гледам чудна си сум.
Јас се исфрбав прво тромесечие и еве ме. Сега не сум фарбана зш омбре ми е и уба е. Ја скратив исто косата, сверква побудале “му го кратиш векот на бебето” Ај после викам нека е не ја кратам поќе нека поминит бременосва. А ми стои и долга коса убаво ама понапорно е да се одржува.
Јас стрижење сега после пораѓај здравје секако и два пати годишно ја стрижам, поубава ми е долга а и мене барем полесна за одржување незнам. Еднаш само ја скратив премногу и неможев да издржам, секој ден морав да ја пеглам и повеќе нема да ми текни.